Култура и туризам

За празниците во Велес

– А кога на сабајле рано?

Сабајле.

– Околу колку?

Седумте после се одеше…

А палевте огин?

Палевме оѓин, Коледе обавезно. Ќ’ одиме уше од есен ќ’ одиме ќе береме валовец, ќе збираме, тоа је, валовец, вид трева и ногу гори сува и нија со чичко Ацо Зигов арабаџијата имаа и нива и одеевме со колата ќе ја натовариме колата и кај ним у дворот ќе ја онадиме и после па… Палеевме Коледе. А ногу пати па и на раци со ортома ќе го врземе и го влечеме, па ќе не сретнат некој друзи, поголеми од друго маало, па ќе ни го земат, па и ние сме земале и така… Сме правеле… Почнавме и да се тепаме маало со маало… И за празнициве да продолжиме… На Коледе вечерта е Бадник. На Бадник се меси зелниче, кравајче лепче и унатре париче… И кој ќе го најде паричето тој ќе бил среќен… И татко ми, мајка ми ќе дадат париче, нели, пари ќе ни дадат. Една година се падна кај сестра ми. Мене ми беше некако недраго оти кај мене да не се падне и ја… Ни стој ни чекај… А Магде сега ти ќе умреш! И ваа коа зина да плаче, мајка ми ја теши, ја онадуе: Мори те лаже! Вака онака… Она не, плаче ли плаче… Сабајлината, другиот ден Божиќ, на седми јануар, се одеше в црква. Од црква се оди кај постари. Првиот ден кај постари се оди, а вториот ден на левата страна од Вардар се одеше, а на третиот ден – од десната страна. На третиот ден Божиќ је Свети Стефан ден на лебарите, занаатот. Занаетчиите одеа в црква и таму Петолебие се креваше, владика ќе дојде, пееше сето тоа… И јадење, пиење нормално, сето тоа од лебарите. После идеше Василица. Четрнајсти јануар, Нова Година, по старо шо а викаме ние. Исто Сурово го викаме ние „Суровица – богровица“, песни пеевме. Исто и тогај, колачиња, коштанчиња, оравчиња, мигдалчиња… Тие работи ни даваа. Некаде па и по некој динар нешто ќе дадат и… Домаќинките обавезно у сито, орасите коштаните, сите тие работи у сито си ги чуваа и со ситото ќ’ испадне и ќе ни дава.

Како е песнава „Суровица – богровица“? Како е натаму?

Удри баба по тртица, да си пушти киселица, о,о,о Сурово… И вечерта на Нова Година на четиринајсти јануар уствари на тринајсти од-вечер се чекаше Нова Година. Татко ми со Перо Тунов ќе се собереа и… Ја чекаа Нова Година, обавезно со карти се играше, песни до сабајле, со мешници, со гајди. Имаше и постари луѓе шо се збираа, нели…

(Јордан Таќев, 1934)

Подготви: Марко Китевски

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

To top