Култура и туризам

Беше си била- приказна за везена кошула

prikazna-za-vezena-kosula-240

prikazna-za-vezena-kosula-240

АнгелинаМаркус

Македонија не е позната само по царевите и светоста на земјата преку градот на храмови и крстилници од најстаро време. Попознати се нејзините ракотворби од народот во ткаењето, во везењето и плетењето. Камче по камче – мозаик, слики по земја како килими се правеле. Сновалка по сновалка, килимче се ткаело, со мотиви по душа како со стилизиран човек, птица, цвет. Бод по бод со игла, вез во платно се везел. Монисте по монисте, ќустег се плетел, во сите бои шарена змија во рацете на ороводец. Камен по камен, куќа Божја се градела. Удар по удар во дрво, олтар во црква се резбарел. Мотивите кои се везени, плетени, ткаени, сликани, дрворезани, исти се од рацете на луѓе од Македонија создавани. Содржината, боите, осмисленоста, ни го одликуваат животот на народот.

Уметничкото творештво најрано го сретнуваме во неолитот како фигури на жена со накит накитена, со ѓердани, прстени, белегзии украсена. Потоа човекот скулптура, икона, слика во теракота од земја обликуван и грнците, садовите, плочките со порака, со писмо вдлабено биле.

Мозаиците по царските палати, театри, крстилници, ни покажуваат настани од животот на Македонците. Во тие мозаици исти билки, цветови, животни и разни ликови врамувани по рабовите со познатиот македонски преплет. Тоа се знаците на сонцето на подножјето на кратерите со космичко значење.

И работ на кошулите, килимите, маските со истиот преплет од Галичкиот вез е македонски потпис на сите артефакти во музеите по светот. Наши се, си ги знаеме.

Се кренале мозаици од подовите и се искачиле како фрески по ѕидовите на храмовите со Божји ликови, лица од народот, маченици и ангели облечени во кошули и наметки ги овековечуваат македонските ракотворби. Рубата на Константин и царицата мајка Елена, Теодора, Евросима, Ана Комнен и другите фрески, опточени се со бисери, мониста, пулејќи на везовите и круните да блескаат под светлото на свеќите. Тоа се вредните раце на македонските уметници што создаваат непроценливо богатство.

Македонското оро рамо до рамо како котолци, како камчиња во мозаик, како оптоци со бисерни мониста, како преплет на кошулите извезени, ни ја покажуваат смислата на Тешкото, оро што го играат сите, арно ама никој не го тропнува чекорот како Македонци кога играат, со визија поврзана во севкупност на македонско културно наследство.

Во Париз, во музејот на човекот, облека е претставена со Галичка носија. Македонската кошула со галичкиот вез често пати е експонат и во приватни колекции кај луѓе кои воопшто не ги познаваат везените симболи на генерациско носење пораки.

Во галичкиот вез кошулата е покриена со црвено црн вез. Украсите се со рески филигрански копчиња, Сајата ги ослободува ракавите на кои врв од игла не се протнува во густината на везот. Футата ги покрива колената препокриена со чапраци и пафти. За оро и да нема музика се создаваат ритми од златото и среброто на гради и на чело. Тропкаат и при дишење и при движење. Галичката везена носија сама раскажува како си бил надарен народот во Македонија да создава трајни човечки вредности. Девојките цел живот го везат чеизот за да се покажат со полни касели пред свекорот и свекрвата. Тоа е само дел од ракотворењето пренесувано од колено на колено како традиција на фолклорот во Македонија.

“Си била кошула ненавезена” – К.Рацин од песната за Ленка.

prikazna-za-vezena-kosula

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Најнови вести

To top