Култура и туризам

Свети Гаврил Лесновски 28/15.I.

gavril-lesnovski

Светецот од Осечко поле

gavril-lesnovskiСвети Гаврил Лесновски живеел кон крајот на XI и почетокот на XII век. Потекнувал од Осечко Поле. Неговите родители биле богати но долго време немале деца па времето го минувале во плач и молитви упатени кон Бога да ги дарува со пород. Потоа Господ ги дарувал со машка рожба. Сакале детето да им биде образовано поради што кога пораснало го дале да се школува. Во неговото житие се вели дека „и откако помина малку време, ги изучи сите книги, и не еден јазик – туку повеќе, а Евангелието не го испушташе од рацете ни еден час”.

Кога пораснал родителите сакале да го оженат, му нашле девојка од добар и царски род, но тој повеќе сакал да се посвети на Бога. Се случило токму на свадбата починала невестата, а Гаврил побарал одобрение од родителите да го напушти родниот дом. И откако тоа се случило на сон му се јавил ангелот Господов и му рекол да оди во Осечко Поле и да изгради црква посветена на пресвета Богородица. Гаврил се вратил кај родителите им го раскажал сонот, а тие му дале богатство по што тој ја изградил црквата и ја живописал.
Потоа пак се вратил во Лесновскиот манастир од каде што со соглсност на игуменот отишол во една шума во близината на Злетово и тука времето го минувал во пост и молитви. Тука многу луѓе кои доаѓаа кај светиот се излекуваа од разните болести, а многу се спасија и од бесовите. Многу луѓе доаѓаа кај него да се лекуваат”. Житието натаму раскажува дека Гаврил по напуштањето на овој скит отишол во местото Луково во некоја мала шума за која никој не знаел и тука минал извесно време. Се случило еднаш тука да дојде еден овчар и да ги види неговите молитви упатени кон Бога. Овчарот го замолил да му помогне на стадото кози кое било болно поради неговите гревови. Гаврил нашол вода во една дупка од камен, ја прекрстил и му ја дал на овчарот да ги попрска козите. Тие веднаш оздравеле, а овчарот многу му бил благодарен.

Оттука Гаврил заминал во некоја далечна и тешко достапна планина и се сместил во некоја пештера во местото наречено Облов Врв, тука минал 30 години и тука починал. Никој не знаел каде починал поради што мислеле дека се преселил на друго место.
По извесно време светецот му се јавил на сон на некој Русин по име Јосиф кој живеел во градот Средец и му заповедал да појде на местото наречено Облов Врв, да ги земе моштите и да ги пренесе во Лесновскиот манастир. Така според житието моштите на Свети Гаврил стигнале во Лесновскиот манастир за подоцна пред налетот на исламот да бидат пренесени Трново во црквата   Светите Апостоли на Трапезец.  Подоцна манастирот што тој го основал и што го носи неговото име станал важен книжевен центар.
Ликот на Свети Гаврил Лесновски е многу присутен во живописот на црквите од североисточна Македонија, а за проучувањето на неговите портрети важно е откривањето на живописот во лесновската црква од времето на нејзината обнова по 1341 година.
Од книгата „Македонски празници“ од Марко Китевски, Скопје 2001.

Манастир „Свети Гаврил Лесновски“

Манастир „Свети Архангел Михаил и св. Гаврило Лесновски.“

Во селото Лесново, Злетовско, во 1341 година од страна на деспот Оливер врз темелите на постара црква била подигната црква посветена на Св. Архангел Михаил. Црквата го носела и името на Св. Гаврил Лесновски. Во пролошкото житие на Св. Гаврил Лесновски од 1330 година пишува дека црквата ја подигнал Гаврил посветувајќи му ја на Св. Архангел Михаил. По смртта на Гаврил и чудата што се случувале над неговиот гроб, пред се исцелувањето болни, манастирот станал познат по името на светителот-пустиножител па добил две имиња и на архангел Михаил и на  пустиножител Гаврил.  Подоцна овој манастир станал центар на словенската писменост познат како Лесновски книжевен центар. Живописот на црквата е завршен во 1347-48 година во времето кога Јован Оливер ја добил титулата деспот. Од фреските во црквата оставаат впечаток ликовите на Св. Гаврил Лесновски, Св. Јоаким Осоговски, Св. Прохор Пчињски, композицијата Успение Богородичино”, ретките сцени инспирирани од Псалмите Давидови итн. Резбаниот иконостас изработен од 1811-1814 година е дело на резбарската тајфа на Петре Филипович Гарката….

(Подготви Марко Китевски)

Најново од: Култура и туризам

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

To top