Култура и туризам

Свадба во Зубовце, понеделник- носење на невестата на вода

svadba-zubovce-3_copy

svadba-zubovce-3_copy

Понеделникот, од традиционалната стара зубовска свадба, започнува со носењето на невестата на вода на една од маалските чешми во селото. Ја заводува машко детенце, водарче. Него невестата го дарува со плетени волнени калчинчиња.

Со невестата на вода одат и најблиските роднини на џамутрата (младоженецот), а и виѓиарите, најблиските роднини на девојката.

Кога  ќе дојде на чешмата, невестата полни едно букаре (стомна) со вода и, најнапред, го здравува свекорот (го гушнува и му целкува – бакнува рака) и му тура вода да се измие. Свекорот ги мие рацете и ја дарува невестата со злато или со златен накит.

Потоа невестата ги poздравува – бакнува рака и им тура да се измијат на: свекрвата, кумот и кумата, старосватот и старосватицата, бајрактарот и бајрактарицата, деверите и месариите, а тие ја даруваат со злато, со златен накит или со пари.

Невестата ги poздравува – бакнува рака и им тура да се измијат и на виѓиарите. Најнапред го poздравува татка си и му бакнува рака, потоа мајка си, па стриковците и стрините, вујковците и вујните, браќата и сестрите и сите по ред што дошле на виѓија. А тие ја даруваат со злато, со златен накит или со пари.

Откако ќе заврши овој древен обичај, невестата полни две букариња – стомни со вода и ги носи во својот нов дом. И при одењето на вода и при враќањето на невестата шеговито и пеат:

Кроцкум оди убаа неесто,

дан нагазиш ноги јунакои…

Невестата ја предупредуваат како да гази и како да ги носи стомните, а таа божем случајно го стапнува момчето за тоа да ја слуша и да го почитува нејзиниот збор.

Специјално за виѓиарите, во домот на младоженецот е подготвена богата софра со мезиња, со пијалоци и со јадења. Со овој обред завршуваат свадбарските обичаи, карактеристични за старата селска зубовска свадба.

Точно една недела по свадбата, се извршува и адетот наречен првичари.

Одкнигата– ЗубовцеодГалеФиданоски, Зубовце 2008 г.

Подготви: Марко Китевски

Најново од: Култура и туризам

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

To top