Култура и туризам

Давина Кула

davina0kula

davina0kulaДавина Кула е тврдина и регионално средиште 3 км југозападно од Чучер и 12 км северозападно од Скопје, покрај магистралниот пат за Косово, на јужниот крај на Качаничката Клисура. Претставува издолжен рид, горе зарамнет, чиј јужен дел паѓа 230 м длабоко во долинката на Лепенец. Преку едно благо седло на северниот дел продолжува постепено во венецот на Скопска Црна Гора. Падините му се стрмни и лесно е пристапен само од североисток. Озгора има преглед врз магистралниот пат повеќе километри на север (во клисурата) и на југ (низ Полето). Стари рудници на железо регистрирани се на неколку километри североисточно оттука.

На јужниот крај на ридот што е највисок, во доцноантичко време бил изграден кастел со овална форма, со димензии 185 х 110 м (1 ха). Обѕидието, градено од камен со вар и зајакнато со низа кули, потекува од доцноримско време (IV век), генерално е обновено во VI век (несомнено по земјотресот во 518 г.). Обновена била и внатрешноста, што и денес одлично се гледа на површината: низа станбени градби со неколку одделенија, вклопени во низи долж тесни паралелни улички. На највисоката позиција стоела црква, опркужена со неколку помошни градби.

Северно од акрополата, на тесна зарамнета тераса која е малку пониска било изградено јадрото на градот по однапред утврден план. Опфатено е со двојно обѕидие, зајакнато со кули и со голема порта на северниот крај. Во центарот стоел мал квадратен плоштад, врамен со дуќани. Северно од него стоеле поголеми куќи за живеење, а јужно од него базилика и повеќе други големи градби.

На јужниот дел, во подножјето на акрополата, има слаб извор што го снабдувал со вода. Сето ова било изградено наеднаш и по еден однапред осмислен урбан план, во текот на VI век. Градот со укрепениот простор за збег крај него зафаќал површина од 8,4 ха. Покрај спомнатите две базилики во градот евидентирани се уште шест други цркви во блиската околина. Стопанската моќ на жителите се потпирала главно врз експлоатацијата на железо и врз металургијата. Најдени се многу голем број ситни железни предмети — фибули, алатки и делови од опрема и покуќнина, исковани тука (главно во V – VI век). На еден оловен печат се чита името на епископот Тома.

Изворот денешното население го вика Давина; по него така е наречен и целиот рид. Обѕидието и внатрешните градби извонредно добро се запазени до денес и во среден век тие биле практично употребливи, со извесни обнови. Наодите од VII – VIII век се маркантни: неколку аплики и окови за појас изработени од бронза и легура на сребро, или од железо тауширани со сребро; тие носат византиски — предсловенски белези. Еден амулет, резбарен од парошка на еленски рог, има на горниот дел 4 лица наоколу; тоа е несомнено претставата на Перун — Световид — врвното словенско божество (од IX – X век?). Истиот се поврзува со словенското предхристијанско име на местото, Давина (Дева), главната словенска божица која можеби тука имала свое светилиште.

Останатите наоди се од следните векови: византиски монети – бакарни скифати од XII — XIII век. Базиликата (од VI век) на акрополата била делумно обновена во зрелиот среден век: врз нејзиниот среден кораб била изградена нова црква. Пред еден век Артур Еванс (1885, 92—93) тука забележал делови од камен саркофаг од времето на Немањиќи (?).

Несомено е дека доцноантичката акропола, добро запазена, служела и во средновековието како висока стража на влезот во Качаничката Клисура, демнејќи го магистралниот пат од Скопје на север — кон Косово, Рашка и Белград. Блиските лежишта на железната руда веројатно повторно биле експлоатирани и така израснало и подградието, „градот Давина” според месното предание. Овој значаен укрепен пункт со многу веројатност бил седиште на една од енориите во рамките на Скопската епископија; можеби Преамор или Принип, споменати во повелбата на Василиј II од 1019 г.

А. Evans 1883, 92—93; — И. Микулчиќ 1982, 107—116, 148 (доцноантички наоди)

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top