Култура и туризам

Печалбарство – Гостивар во минатото

pecalbari

pecalbari– Е, така било тоа време. Шо да ти кажуам… А бе, немало, старовремски се мачеле људите све со пољопривреда, со тоа се занимале. И печалба, оделе на печалба. Белград. Живеле по подруми, по тавани, се бореле. Ја одев и Белград, знаеш, да видам да прошетам, да видам овја печалбари наши како живат. Над ними се префрљаат, да извиниш, и кокошки и на таван што стоеле и она, да спијат, само да не плаќаат. Работеле за десет динари… Сто и педесет динара месечно. Работеле. Цел ден. Носеле на четврти спрат, на петти спрат зградите, носеле цигли све со самарчиња. Носеа. Се мачеа така. Народот многу имал тежок живот живеано. И заработувале.

(Неофит Синадиновски, 1912)

-Каде бил татко ви печалбар?

– Во Америка четириесет и пет години. Мојот татко… првото одење било точно коа година не знам, али знам да онда ја не сум била родена. Бил дванаесе години.

-Дванаесет години без прекин бил таму?

– Без прекин. Прво бил женет. Ја остаил жена му дома со свекор, со свекрва и со маќеа и отишол за Америка. За тоа време мајка ми родила едно машко дете, му умрело. И цела фамилија од мајка ми умрела. Мајка му била утепана со пушка бранејќи внуче нејзино.

– Дали нешто ви кажувал вашиот татко за животот печалбарски?

– За животот печалбарски сега ќе ти кажам. Животот печалбарски за ними било тоа некое откритие големо, зашто татко ми бил и на друго место. Татко ми бил и во Египат. И не му се бендисало тамо. И така со двајца или тројца другари заедно решиле д’одат тамо. Спечалиле некој динар и сеа ќодат право за Америка. И стигнот во Америка и вика: враќање нема. Дур не сториме нешто, враќање нема. А домашните не биле остаени без да биде осигурано, мислам това чуена фамилија Дуцеска, стариот, тој дедо ми Дуце. Све да има дома. Дури да има и по два измеќара. Едниот, кој ќе колебат децата, а другиот па, да биде спољни момак. Ова све што ти о кажом е по кажување на мајка ми. И од мајка ми, и од стрина ми, и од други кои иделе жени на муабет, таков бил животот. Е толку. За фамилијата толку.

(Ѕвезда Китановиќ, 1929)

Татко ми на гурбет во Румуниа. Стриковците и така од далеку и с’ онадив ја, одев забавиште, после забавиште прво, второ, треќо незавршено. Одиме многу во Бањица пошто стрико ми го викаа многу вежба и татко ми мораше да доет да го заменит во дуќанот. Имавме бакалница и кафеана. Отамо триес осма година, триес седма ли, не се сеќам, татко ми замина пак на гурбет во Србија.

Во Белград не моеше дуќан да најдет, се вратил во Краљево со стрико ми Костета фатиле дуќан. Татко ми имаше слаткарница „Охридски бисер“ фирмата, а стрико ми имаше, ова, „Краљ Петра“ беше улица, а стрико ми имаше „Војвода Степе“ и имаше овај кујна народна. Меѓутоа, четрс прва година, и маќеа ми тамо беше (после се жени татко ми, маќеа имав, таа треќа и се жени). Таке отидовме со неа мие триес одма година во Краљево.

(Темелко Софрониески, 1930)

Татко ми бил посластичар. Печалбар у Београд со татко му негов, со дедо ми и со тројца браќа, кои што продавале со количиња сладолед по Београд и така да створат нешто. После неколку години тиа имат заработено една куќа. Ја купиле у Београд да отворат своа посластичарска радња. И така отвориле работеле. Имаа напраено една куќа во Гостивар и њива има купено така што кога ги затекнал ратот у Београд (се знает како е бомбардовано Београд) и така, едниот стрико погинат е тамо у Београд. Едниот е починат после, како се женил, пред четрс прва. Останат е тако ми и ушт’ еден брат, којшто за време ратот од Белград за Гостивар, едниот стрико пешки дошол, а едниот погинал во Београд. Татко ми војска беше тогај и како пропадна стара Југославија, дојде дома. После извесно време се враќаат со стрико ми в Београд д’ одат, да видат во радњава што има, пошто имале материјали како шеќер, брашно масло и други работи и продукти. Се то било опљачкано, ништо немало.

Након доаѓање партизаните, куќата ни е одземена в Београд, со два локала и напраени с’т облакодери. За тоа време се знает како се работеше и како се одземаше. Тоа и една нива исто тука ни беше одземена за то време. Али, мие помладите си теравме даље живот. Со работа со едно, друго.

– Дали ви имат вратено нешто од тоа што ви зеле?

– Па ни вратија една нива овде, која више не беше корисна за ништо. Зашто нашето земјиште сака да се фрља ѓубре, знаеш, и да има плод. А та беше користена преку десет години, така да само трава растеше.
(Димитрија – Митко Маркоски, 1930)

Од книгата „Така се зборува во Гостивар“приредил Боге Димитриески, Скопје 2000.

(Подготви Марко Китевски)

Најново од: Култура и туризам

Археолошкиот локалитет „Церје“ кај селото Говрлево, Скопско и локалитетот „Кокино“, Кумановско

Церје, Говрлево, мегалитска опсерваторија Кокино, праисториска Македонија, археолошки локалитети во Македонија, древна македонска историја, бронзено време, праисториска археологија, древни македонски печати, културно наследство на Македонија Исклучително знаење за докажување дека постоела ПРАИСТОРИСКА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА имаат печатите од локалитетот ,,Церје” кај с. Говрлево близу до Скопје. Имено, археологот Милош Билбија во 1982 – 1983 година, при […]

Под Скопското Кале пред повеќе од 5.000 години постоела праисториска населба

Под денешното Скопско Кале, на просторот што со векови претставувал значаен стратешки и историски пункт, се кријат траги од животот на луѓето уште од праисторијата. Археолошките истражувања потврдуваат дека овој простор бил населен многу пред изградбата на средновековното и подоцнежното утврдување. Според археолошките наоди, на подрачјето на Скопското Кале постоела праисториска населба, чии почетоци се […]

МАНАСТИР „СВЕТА ПРЕЧИСТА“ – КРНИНСКИ МАНАСТИР, ДУХОВЕН БИСЕР НА КИЧЕВСКО

Манастирот „Света Пречиста“, познат во народот и како Крнински манастир, се наоѓа на падините на планината Врвои, на надморска височина од околу 920 метри, на приближно 12 километри од Кичево. Сместен во прекрасна природна околина, опкружен со планински шуми и чист воздух, манастирот претставува еден од значајните духовни, културни и историски споменици на Кичевскиот крај […]

Неолитска култура на Централниот Балкан и на Егејот

Во Тесалија, под името Сескло или прото-сескло, културата по локалитетот покрај Volos, потоа уште Pirosasos, па Ahilon, Agrissa, Otzaki, Sufli и Tsani култури. Следат културите: Elatia во Фокида, Heronea во Беотија, Nea Makri во Атика, Корин, Спарта и Лерна на Пелопонез, Knos и Kato лерапетра на Крит, Amorgos, Lemnos итн. на егејските острови. Археолошките наоди […]

Асеманово евангелие е средновековен македонски книжевен споменик

На фотографијата се гледаат два столба со глаголски текст и големи црвени иницијали. Страницата е дело на калиграфот Георги Гоце Дуртаноски, кој со својот препис го доближува до денешниот читател изгледот на еден од најстарите зачувани словенски ракописи – Асемановото евангелие. Глаголски ракопис од X–XI век Асемановото евангелие е напишано на старословенски јазик со обла […]

„Св. Преображение“ во Зрзе – од пештерните испосници до средновековниот иконопис

На врвот на бигорната карпа западно од прилепското село Зрзе се издига манастирската црква „Св. Преображение“. Под неа, по падините на карпата, се зачувани остатоци од монашка населба чии почетоци археолозите ги датираат кон крајот на IX век. Кога во XIV век била подигната црквата на горното плато, во пештерите под неа веќе со векови […]

Ангелот од Курбиново и загатката за непознатиот ктитор

Опис од приложената фотографија: Западната фасада на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново, Преспа. На падините над Преспанското Езеро, кај селото Курбиново, стои еднокорабната црква „Свети Ѓорѓи“. Зад нејзината едноставна камена фасада е зачуван еден од највпечатливите фрескоживописи од крајот на XII век. Меѓу насликаните ликови, погледот најдолго се задржува на архангелот Гаврил. Наборите на неговата […]

Манастирот „Св. Рожденство на Пресвета Богородица“ во Согле

На околу три километри од селото Согле, во шумскиот предел на Азот, се наоѓа манастирот „Св. Рождество на Пресвета Богородица“. Комплексот е на територијата на Општина Чашка, на околу 30 километри југозападно од Велес. Од селото до манастирот води земјен пат. Манастир изграден со помош на околните села За почетоците на манастирот има малку пишани […]

To top