Култура и туризам

Свадбени обичаи и крштевки

svadba

svadbaМажот ми је од Велгошчи, ама седеше овде во Охрид. Влашка Мала седеше и таму ме зеде, свадба со тапани, имаше можда преку сто пејсет души и цркоф се венчавме со поп. „Свети Ѓорѓија“ се венчафме, не венча попа Ѓорѓи, тога беше излезен ко млад поп и тој ни беше стројникот, пошчо му беше татко му на попа Ѓорѓија вујко на Живко шо го зедоф. И така, демек и дома адети: на свекарва ми и је гореа шамијата, па је дадов торбе, така било адет, утринава, демек, леб, сол, ме пречекаја со леб и вечерта кершеја стомни, демек то било тога…

А зошто сте кршеле стомни?

– Ам така адет, зетов и невестава ги затворет и стомни кершат. То ко станав сабајлето не мош да поминиш од стомниве, мораш да ги бериш со рака, заш една недела не чинело невестава да метит.

– А мајка ти жива беше?

– Жива беше мајка ми.

-А плачеше ко те изваа од дома?

Еми плачеше, како-не-ќе-плачит.

А Јоне како се жена?

– Јоне со стројници се жена. Ова Наде од Бимбиља, комшија беше тука, беше роднина со мајка е и со татко е од сна ми, и та дојде и рече: „Мор’ шчо-убо момиче, ај да го сваршиме Јонета за фиљан момиче“. И така, демек, се сваршија, со свадба, со све, исто со попој Влашка Маала „Свети Ѓорѓија“ царквана; ручеѕи, зелка имафме со месо и супа и компири во манџа, во котли варени, кувари клаени… Немаше ко сега печејнци, работи, то беше свадбата. Невестата тргат ѓумот со вода, е даваме лебој под мишка, ја чукаме на оџакот, мед да мачкат со карст да била блага, све така… (С. Крлеска, 1923)

За стројот невестата им даваше на сите од кеј зетот шо ќе дојдет, а пак тие ќе носеа, само за невестава ќе е даеа: Прстени, сатчина имаше, керсте, синџирче, ланче, така.

– А кој идаше на веридба?

– Идаја сите роднини од кеј зетот. Ние ќе си покенефме, пак, блиските од кеј невестава и обавезно невестата песна ќе речит, обавезно беше перво невестата, да и го чует гласот.

– А за свадба после?

– За свадба приќина дававме, приќина ногу се даваше тогаш. И сега давет, пак сега намештаи… Тога еден гардироп ќе ни даадеа, ќилим. Мене ми дадоја и кревет, и спална татко ми даде, јоргани и постели.

Невестата после гувееше?

Гувееше да. Во петокот ќе дојдеа приќето да го земет од кеј зетот, ќе го однесеа од кеј невестата, ќе одеа неколку души од кеј нас да го наместет таму кеј зетот причето.

-Ама невестата скријана?

– Скријана невестата, не, не излегвефме. Во недељата, пак, ќе дојдеа на ручек по невестата да е земет. Од кеј зетов носеа кондури, бели, и ко ќе дојдеа деверот и ги пробвеше на невестата,  пари нетре клаваја, а момичина околу невестава собрани, нередени другарки и ќе пеет, дуре да ја земет невестава; сега други-адети се, барет пари за невестата. После церкоф се венчевафме со зетот, ќе не чукнеа од оџак да не шетаме, да сејме дома, три пати од оџакот ќе не чукнеа кеј зетот. А поручек, пак ќе дојдеа од кеј мајка ми кеј невестава роднините со каната и ќе ги честеа и тука благо. И од кеј невестава ќе донесеа нешчо, али торта, али благо, баклави носеа, до некош ќе поседеа и ќе сј-ојдеа. (М. Алачова, 1920)

Јес со мојот сопруг бефме од деца другари. Работаф во пошта Скопје, се вратиф овде, ојдоф во „Белви“ на игранка заедно пак со ними и ми викат: „Ај, јас и ти да се св’ршиме“. Ја со умоф си велам: „Со-шо-ќе-се-св’ршиме? Јас динар дома немам шо-да-јадам, ти веридба“, зеш Лукановците беа голема фамилија. „Ам Лукановцине“, му викам, „сакет да му ставиш софра, а ние сиромаси, немаме со-шчо, да се онагвиме“… Перво за веридбата. Му велам на меж ми: „Немаме ногу“, велам, „ние, да не носиш ногу народ овдека, шо помалу – то поубо“. Сега вистина кучава моја имаше еден чардак шо береше, ама ај шо берел, туку сиромашчија немаше со ошчо. И тој рече: „Добро“. Шо добро, не донесе еден чоек, кои и донесе Велјановци, Лукановци, многу, многу души донесе ни после ко се собраја, ко еи видофме ние, леле шо-че-се-прајт. Фала Богу, рекоф, сите тука околу нас живееја тетки-метки, ојдоја, напраја една алва и со та алвата поминафме, по една лајца за сите, ќе ме дарвеја, ме дарвеја: која чанта, која чораби, немаше пари за прстен, немафме прстени златни и не се имаше тога злато. Од двадинарка српска нешчо, по едно прстенче ќе напраеја таму, поминафме и со то. Немаше едноставно све беше со точки. Сигурно не сум само јас така то шо сум го доживеала, го доживеале и многу мој другарки. Ама пак сите помогнаа, зешчо тога општината само со точки ми рекоа: „Еве ти триесет точки и шо знајш прај“. М’ж ми рече: „Дај ми ги мене да купам штоф за костум, да се променам, јас да сум зет“. А, јас, пак немав пило за постела. „Ам“- му велам „како, една постеља требит да се земит, а немам постеља, со шчо-че-дојдам кај Лукановци, страмота е“. „Е, мор, кој не пулит“. Имаф една тетка, Милица од Јовевци, од Господа ја викафме, и ми велит: „Јас мо имам едно пило за умирачка, ќе ти го дам тебе. Облечи ја постељата стара, спите вие, после ко че мојш че ми ја вратиш“.  И вистина така напрајфме, важно меж ми се промена во ново, а ја со пилото од тетка ми ојдоф, је однесов на-приќе. Ама, све се то прихвашчаше некако лежерно; дарој, какви дарој; едно рало чораби дај му и нека чует зашчо кој-маше, ние немафме ни пара, ниту пак можеше нешчо да се купит зашчо све беше со точки, општината нас не ни даваше да купиме шчо сакаме… Но, меѓутоа, вујкој, стрикој, стрини, шо требит, како требит, едната спална, другата комбилизон, третата – трето, четвртата-четврто, се собраја, важно свадбата си је напрајфне.

Садило по некој пат свиреше?

– Да на парвичина. Ќе ме викаја како невеста сегде и без Садила не ме викаја. Сите на парвиче шо ме викаја и Садило присуствуваше таму или пак, ево овај Коле од Лукана пак тој чуној имаше охридски. Пак ајде, парвичето ми го праеше Свети Стефан. Ќе месеа комади и со чуној. Пак Свети Стефан, памтам тога, не-оту имаше ко сега; Свети Стефан ќе одефме, таму парвиче, таму чунојте и оттука ќе се вратефме Студенчишта, паак ушче еднуш дур да се опијанеа сите мажи, па ќе се врашчафме пак со чуној до Сараишче. (Н Луканова, 1927)

Одкнигата„ТакасезборувавоОхрид“приредилеЛилјанаГушевскаиЛилјанаМинова–Ѓуркова, Скопје 1999

Подготви: Марко Китевски

Најново од: Култура и туризам

Археолошкиот локалитет „Церје“ кај селото Говрлево, Скопско и локалитетот „Кокино“, Кумановско

Церје, Говрлево, мегалитска опсерваторија Кокино, праисториска Македонија, археолошки локалитети во Македонија, древна македонска историја, бронзено време, праисториска археологија, древни македонски печати, културно наследство на Македонија Исклучително знаење за докажување дека постоела ПРАИСТОРИСКА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА имаат печатите од локалитетот ,,Церје” кај с. Говрлево близу до Скопје. Имено, археологот Милош Билбија во 1982 – 1983 година, при […]

Под Скопското Кале пред повеќе од 5.000 години постоела праисториска населба

Под денешното Скопско Кале, на просторот што со векови претставувал значаен стратешки и историски пункт, се кријат траги од животот на луѓето уште од праисторијата. Археолошките истражувања потврдуваат дека овој простор бил населен многу пред изградбата на средновековното и подоцнежното утврдување. Според археолошките наоди, на подрачјето на Скопското Кале постоела праисториска населба, чии почетоци се […]

МАНАСТИР „СВЕТА ПРЕЧИСТА“ – КРНИНСКИ МАНАСТИР, ДУХОВЕН БИСЕР НА КИЧЕВСКО

Манастирот „Света Пречиста“, познат во народот и како Крнински манастир, се наоѓа на падините на планината Врвои, на надморска височина од околу 920 метри, на приближно 12 километри од Кичево. Сместен во прекрасна природна околина, опкружен со планински шуми и чист воздух, манастирот претставува еден од значајните духовни, културни и историски споменици на Кичевскиот крај […]

Неолитска култура на Централниот Балкан и на Егејот

Во Тесалија, под името Сескло или прото-сескло, културата по локалитетот покрај Volos, потоа уште Pirosasos, па Ahilon, Agrissa, Otzaki, Sufli и Tsani култури. Следат културите: Elatia во Фокида, Heronea во Беотија, Nea Makri во Атика, Корин, Спарта и Лерна на Пелопонез, Knos и Kato лерапетра на Крит, Amorgos, Lemnos итн. на егејските острови. Археолошките наоди […]

Асеманово евангелие е средновековен македонски книжевен споменик

На фотографијата се гледаат два столба со глаголски текст и големи црвени иницијали. Страницата е дело на калиграфот Георги Гоце Дуртаноски, кој со својот препис го доближува до денешниот читател изгледот на еден од најстарите зачувани словенски ракописи – Асемановото евангелие. Глаголски ракопис од X–XI век Асемановото евангелие е напишано на старословенски јазик со обла […]

„Св. Преображение“ во Зрзе – од пештерните испосници до средновековниот иконопис

На врвот на бигорната карпа западно од прилепското село Зрзе се издига манастирската црква „Св. Преображение“. Под неа, по падините на карпата, се зачувани остатоци од монашка населба чии почетоци археолозите ги датираат кон крајот на IX век. Кога во XIV век била подигната црквата на горното плато, во пештерите под неа веќе со векови […]

Ангелот од Курбиново и загатката за непознатиот ктитор

Опис од приложената фотографија: Западната фасада на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново, Преспа. На падините над Преспанското Езеро, кај селото Курбиново, стои еднокорабната црква „Свети Ѓорѓи“. Зад нејзината едноставна камена фасада е зачуван еден од највпечатливите фрескоживописи од крајот на XII век. Меѓу насликаните ликови, погледот најдолго се задржува на архангелот Гаврил. Наборите на неговата […]

Манастирот „Св. Рожденство на Пресвета Богородица“ во Согле

На околу три километри од селото Согле, во шумскиот предел на Азот, се наоѓа манастирот „Св. Рождество на Пресвета Богородица“. Комплексот е на територијата на Општина Чашка, на околу 30 километри југозападно од Велес. Од селото до манастирот води земјен пат. Манастир изграден со помош на околните села За почетоците на манастирот има малку пишани […]

To top