Култура и туризам

Свадбарски обичаи од село Мрзен Ораовец

svadba

Од книгата „Мрзен Ораовец – Живот што тлее во пепелта на згаснатите огништа“ од Добре Ставров, Кавадарци 2006 г.

svadbaВо постаро време мажењето и женењето се одвивало преку стројници, повеќе по договор на родителите, отколку по волја и желба на младите. Тоа се луѓе кои имаат дарба да откријат каде може да дејствуваат и моќ да убедат за стапување во брак. Се разбира тоа не го прават само од желба некого да усреќат, ами и добро да си наплатат преку дар од младоженците, да добијат кошула, панталони или чевли, па дури и цело одело. Првото одење на стројникот кај момата со член од семејството на момчето, кога се дава збор за согласност се вика строј. Потоа следува веридбата (свршувачката) на која стројниците добиваат волнени чорапи и опашалки. Од најстарата генерација во селото најпознат стројник е Кољо Настов – Смаилот, кој стројниклакот го обавува во првите трисесетина години, а по него некаде до почетокот на педесеттите години најусепешен е Киро Ј. Алексов. Коло е познат како растурач на бракови, ако не е задоволен од дарот што не е случај со Киро. Но ова не значи дека сите се женат со стројници, особено после Првата Светска Војна. После ослободувањето стројниклакот нагло опаѓа, бидејќи мажачката и женачката се повеќе е израз на взаемна волја и љубов на младите.

Свадбата е проследена со песни, свирки и ора и со многу обичаи и верувања. Со праќањето на стројниците, па преку канењето на кумот (нункото) и старосватот, определувањето на деверите, месењето на погачата, забричувањето и облекувањето на младоженецот испраќањето на ковчежарите, одењето на сватовите, обичаите во домот на невестата, венчавањето и првичињата што следуваат потоа се проследени со многу обичаи, се со цел да обезбедат долг и среќен живот на младенците како и здрав и долговечен пород со што се продолжува семејната лоза. Во таа смисла постојат обичаи да се заштитат младите од ѓаволи, магии и уроци: менување на патот (по еден пат одат, а по друг се враќаат со невестата), прекривање на лицето на невестата со вел од погледите на присутните, да не се сретнат и видат две невести за време на свадбата и друго.

За свадба се кани во вторник навечер со ракија, во дрвена резбарена карта, на која има врзано цвеќе и јаболко. Секој поканет на јаболкото набива метална паричка. Се кани во вторник за да има време поканетите да идат на пазар и да купат подароци за свадбата, со еден збор – да се подготват за свадбата.

Момински чеиз (Руба)

Изготвувањето на чеизот е тесно поврзано со љубовните чувства на секоја девојка, проследено со многу трепети, мечти и соништа за иднината. Тесно е поврзано со традицијата која се пренесува од постарите на помладите, но и со новите трендови во облекувањето и со новите потреби во начинот на живеењето.

Девојчињата во селото уште од десетгодишна возраст се учат да предат и плетат, од тринаесеттата- четиринаесеттата да везат, а од шеснаесеттата-седумнаесеттата и да ткајат. Плетењето, везењето и ткаењето се ракотворби изработени со макотрпен труд во кои, до полн израз доаѓа умешноста и креативноста на македонската жена, која дава восхитувачки резултати. Јамболиите, килимите, како и плетените и везените цветни и други апликации со неверојатна геометриска точност, претставуваат вистински уметнички дела.

Рачно изработената женска руба се прави од волнен, памучен и свилен конец. Порано, до почетокот на 20-тиот век секоја девојка морала да подготви бовчалоци за дарување во свилен или памучен плик: две бовчи за момчето, кои се состоеле од дебело ткаено бело платно за долги кошули и долги гаќи (кои се носеле летно време), волнен појас, волнени чорапи, џемпер (џелетка), крпа, чевли и капа; за свекорот: една бовча со долга копула и гаќи, појас, волнени чорапи, крпа за лице, опашалка и капа шубара; за свекрвата: женска долна облека, чорапи, опашалка, крпа и шамија; за кумот и старосватот, исто како и за свекорот, за золви и девери – бовчи според возраста; за свадбените девери – кошула, чорапи, крпа за лице и деверска крпа. Дел од облеката била обвезена со свилен конец. Целата руба била рачно изработувана. Покрај бовчите секоја мома морала и најмалку по два килима и две килимчиња (лити и четворни), јамболии, чаршафи ткаени на разбој, ишарани со вајкар (купечки конец во разни бои) или свила, везени перници, плетени пердиња по 20 до 30  машки и женски опашалки 60 до 80 машки и женски волнени чорапи, крпи за лице, неколку појаси џемпери, елеци и друго. Дарот на невестата се договара уште при свршувачката.

Од дваесетте години на минатиот век откако се појавува и индустриската роба постено се менува и рубата на невестата. Бовчалакот на момчето се состои од три или најмалку две бовчи чија содржина е купечка. Бовчата се состои од: кошула, мајца, гаќи, чорапи, крпче и крпа за лице. Втората бовча со иста содржина, а третата со пиџама, без кошула. за свекорот кумот и старосватот по една бовча која се состои од кошула, долги гаќи, волнени чорапи, волнена опашалка, крпче, крпа за лице, а по можност и појас. За свекрвата долна облека, купечки чорапи, крпче, крпа за лице, шал, шамија или шкепе и опашалка; за золви и девери – бовчи според возраста, за деверите: кошула, чорапи, крпа за лице и деверска крпа со реси од свила. И покрај бовчите секоја мома мора да има подготвено како и во постаро време по два-три килими, три-четири килимчиња, една до две јамболии волнени и парталави стази, прекривачи за кревет, стапки за пред кревет, плетени килимчиња за ѕидот над креветот, 60 до 80 машки и женски чорапи (волнени и памучни), два-триесет опашални и скуталиња, плетени пердиња, прекривачи и шуштикли, памучни чаршафи, навлаки за перници и друго. Ткаените, плетените и везените работи се рачна изработка.

Подготви: Марко Китевски

Најново од: Култура и туризам

Археолошкиот локалитет „Церје“ кај селото Говрлево, Скопско и локалитетот „Кокино“, Кумановско

Церје, Говрлево, мегалитска опсерваторија Кокино, праисториска Македонија, археолошки локалитети во Македонија, древна македонска историја, бронзено време, праисториска археологија, древни македонски печати, културно наследство на Македонија Исклучително знаење за докажување дека постоела ПРАИСТОРИСКА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА имаат печатите од локалитетот ,,Церје” кај с. Говрлево близу до Скопје. Имено, археологот Милош Билбија во 1982 – 1983 година, при […]

Под Скопското Кале пред повеќе од 5.000 години постоела праисториска населба

Под денешното Скопско Кале, на просторот што со векови претставувал значаен стратешки и историски пункт, се кријат траги од животот на луѓето уште од праисторијата. Археолошките истражувања потврдуваат дека овој простор бил населен многу пред изградбата на средновековното и подоцнежното утврдување. Според археолошките наоди, на подрачјето на Скопското Кале постоела праисториска населба, чии почетоци се […]

МАНАСТИР „СВЕТА ПРЕЧИСТА“ – КРНИНСКИ МАНАСТИР, ДУХОВЕН БИСЕР НА КИЧЕВСКО

Манастирот „Света Пречиста“, познат во народот и како Крнински манастир, се наоѓа на падините на планината Врвои, на надморска височина од околу 920 метри, на приближно 12 километри од Кичево. Сместен во прекрасна природна околина, опкружен со планински шуми и чист воздух, манастирот претставува еден од значајните духовни, културни и историски споменици на Кичевскиот крај […]

Неолитска култура на Централниот Балкан и на Егејот

Во Тесалија, под името Сескло или прото-сескло, културата по локалитетот покрај Volos, потоа уште Pirosasos, па Ahilon, Agrissa, Otzaki, Sufli и Tsani култури. Следат културите: Elatia во Фокида, Heronea во Беотија, Nea Makri во Атика, Корин, Спарта и Лерна на Пелопонез, Knos и Kato лерапетра на Крит, Amorgos, Lemnos итн. на егејските острови. Археолошките наоди […]

Асеманово евангелие е средновековен македонски книжевен споменик

На фотографијата се гледаат два столба со глаголски текст и големи црвени иницијали. Страницата е дело на калиграфот Георги Гоце Дуртаноски, кој со својот препис го доближува до денешниот читател изгледот на еден од најстарите зачувани словенски ракописи – Асемановото евангелие. Глаголски ракопис од X–XI век Асемановото евангелие е напишано на старословенски јазик со обла […]

„Св. Преображение“ во Зрзе – од пештерните испосници до средновековниот иконопис

На врвот на бигорната карпа западно од прилепското село Зрзе се издига манастирската црква „Св. Преображение“. Под неа, по падините на карпата, се зачувани остатоци од монашка населба чии почетоци археолозите ги датираат кон крајот на IX век. Кога во XIV век била подигната црквата на горното плато, во пештерите под неа веќе со векови […]

Ангелот од Курбиново и загатката за непознатиот ктитор

Опис од приложената фотографија: Западната фасада на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново, Преспа. На падините над Преспанското Езеро, кај селото Курбиново, стои еднокорабната црква „Свети Ѓорѓи“. Зад нејзината едноставна камена фасада е зачуван еден од највпечатливите фрескоживописи од крајот на XII век. Меѓу насликаните ликови, погледот најдолго се задржува на архангелот Гаврил. Наборите на неговата […]

Манастирот „Св. Рожденство на Пресвета Богородица“ во Согле

На околу три километри од селото Согле, во шумскиот предел на Азот, се наоѓа манастирот „Св. Рождество на Пресвета Богородица“. Комплексот е на територијата на Општина Чашка, на околу 30 километри југозападно од Велес. Од селото до манастирот води земјен пат. Манастир изграден со помош на околните села За почетоците на манастирот има малку пишани […]

To top