Култура и туризам

Суеверие од Мариово

sueverija

sueverijaМариовскиот селанец е мошне многу суеверен. Вампири, самовили, зли духови, и слични натприродни суштества царуваат во неговата фантазија. Тие ја возбудуваат неговата душа и кај него предизвикуваат силен впечаток. Тој верува во тие демони наполно и за да си ги претстави, така да се каже во поконкретна форма се обидува нивното постоење да го поврзe со практичните цели на животот.

Карактеристично за тие верувања е што селанецот во духовите гледа сили кои што дејствуваат само според желбата на Бога. Таквото однесување кон задачите на духовниот живот, без сомнение, претставува отклонување од вистинската христијанска вера. Таквиот вид на верување добива карактер на многубоштво!

Селаните дури и кога формално исповедуваат еден Господ тие имаат слаба претстава за него и не се добри, вистински христијани. Во црква одат само 1-2 пати во годината, а се причестуваат едвај еднаш на четири години. Оттаму произлегува околноста што тие имаат слаба, сосема слаба претстава за своите морални задолженија.

Едно од најраспространетите суеверија, длабоко вкоренето меѓу населението, е почитувањето на Света Петка. Тоа се состои просто во празнувањето на секој петочен ден, но не во чест на воспеаната светица Света Петка од страна на нашата света црква, која што се слави само еднаш годишно (на 14 октомври) и која што самите селани ја разликуваат од нивната Света Патка, туку поради еден стар обичај останат кој знае од кога и посветен кој знае кому. Веројатно тоа се должи на околноста што постои потполна идентичност во звучниот изговор меѓу зборот петок како ден од неделата и зборот Петка – името на светицата. Суеверното население на Св. Петка и` ја припишуваат следната моќ: да ги заштитува и застапува пред Бога, да ги претпазува од суша, болест, неплодност, грмотевици и воопшто од многу несреќи и пакости. А во замена за тоа таа од нив бара да ја почитуваат, празнувајќи го петокот. Ја опишуваат како жена која што ноќе оди до вратите на човечките живеалишта, тропа по нив, се искачува на покривите, се покажува од камините само со лицето, или пак целата и секогаш гола, им диктира услови за нејзиното редовно празнување, им се јавува насоне повеќе на жените и тогаш, на едни им држи говор, на други им издава пресуди, на трети има ја претскажува иднината итн.

Интересно е нејзиното празнување од страна на мажите. Тие во петоците се слободни да собираат дрва, да носат ѓубре на нивите, да си го поправат оралото, да копаат – воопшто да вршат секаква работа – но мора да се воздржат од орање. Тоа уште еднаш ја потврдува вистината, како што кажавме и погоре, дека селанецот е силно приврзан кон земјата и дека затоа и посветува најголемо внимание.

Така по однос на празнувањето на петокот, само жените се покажуваат како вистински фанатици. Почнувајќи уште од вечерта спроти петок, тие слично на Евреите во сабота, не фаќаат ништо во текот на целиот петочен ден се` до вечерта. Тие неделата не ја празнуваат толку ревносно колку петокот! Многу објаснувања и докази се употребени за да се уверат дека празнувањето на петокот е една груба заблуда, една глупост која не треба да ја повторуваме и ние, само затоа што други ја правеле пред нас. Но, се покажа дека се` е залудно: селанецот не сака ниту да знае за убедување! И уште полошо – тој тоа го зема како повод да обвинува други за безбожништво, за ерес и за поткопување на христијанската вера.

Покојниот дедо Григориј, за време на своето обиколување на Мариово вложи не многу труд за да го искорени тој суеверен обичај, строго осуден и од христијанска гледна точка, при што за поголема убедливост ги истакнуваше отворено практичните резултати на неговото укинување, зашто навистина 52 петоци во годината се голема заблуда за полските работи на селаните. Меѓутоа и тоа беше залудно. Со тоа тој само изгуби од влијанието што го имаше кај населението.

Од записите на Крсто Бинев Андонов

Крсто Бинев Андонов е малку позната личност од крајот на 19 и почетокот на 20 век.  Син е на Бино Андонов даскал од Витолиште за кого во романот „Крпен Живот“ пишува Стале Попов. Крсто е роден околу 1885 година во селото Витолиште. Татко му, сакајќи да го школува за свештеник го испратил во Цариград. Крсто ова училиште не го завршил од разни причини, а потоа се школувал во Битолската гимназија која што ја завршил во 1908 година. Бил учител во селата Витолиште, Бешиште и во Палчишта. Под неразјаснети околности е убиен во април 1918 година.

Оставил значајни записи на народни умотворби, етнографски материјали, баења, лексички материјали, описи на носиите, а е познат и како поет, автор на една стихозбирка од 1909 година.

Подготви: Марко Китевски

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top