Култура и туризам

Здравици

zdravica

zdravica1.
Два ангела летаа,
по престоли госпотски,
китки цвеќе китеа,
рајски песни пееја:
Алилуја, алилуја,
Господи помилуј,
повели напи се, Иване,
помогол ти денешен.

2.
Ристој вајскрс Самртнаго,
Самртниу ступи,
гробнем живо дарова
два гроба живо дарова.
Благослови на чаша со вино или ракија по нашите села.

3.
Добро здравје!
Добра мисла!
Мир и милост!
Господ од лошо да не чува!
Господ да ни чува седбата!
Дар по полето!
Здравје во стоката!
Некоја смеќа на душманите,
ум и разум на рисјаните!
На помош денешен (името на празникот)
и си светци помошници!
Бог да ни ’и прости крстени души!
Блаосојте и здравица ви!

4.
На помош вчерашен, денешен и утрешен.
Свети Дух да подуе полето!
Што се пеат на приет:
Машки деца, женски јаганца,
дар во благата,
чад во буништата,
огон во огништата,
роса по полето
мед и млеко во планињето,
здрави,  живи домаќините
сосе тајфите (домашните),
куќи полни со гости, пријатели,
братска љубов!
Бог да ни ’и прости крстени души!
Блаосоите!
Здрами се!

5.
На куќа слама,
во куќа слава
да е жива
домаќинска глава!

6. Благослов при пиење вино и ракија на свадба

Господи Боже, поможи!
Господ да ни поможи,
и си светци небесни,
и денешна Света Богородица
да не крепи надесно
и да не има под рака!
Свети Арангел милостив
и чесен крст да не укрилит!
Свети Илија да ни го чуа
полето со бериќето,
и Свети Дув да ни подуе полето,
за полни да ни сет амбарите,
полни бочви со вино и ракија!
Да ни е жив домаќин,
да му е жива домаќинка
и челад што му дал Господ,
во челад и во стока добрина!
Колку клиње во куќава,
толку синои у домаќина!

Да му се живи овците,
трлото да му е полно
со машки јаганца калеши!
Стрижење, молзење,
јадење и пиење
од века до века, дај Боже!

Брацка љубов да имаме,
трешница на душмани,
да се влечат по газоите,
на мешини по мостоите,
бели камења да ватат
и назад да се не вратат;
Света земја да појдат
и тамо да останат!

Брацка љубов и добра мисла
Господ да ни даит!
На стари годиње добра старос
и добри дни!
Блаосоите и здрав ми сте!

Откога ќе ја испиет чашата, ќе ја турат, велејќи: „Колку капки останаа во чашава, толку душмани да останат.“ Ако се погоди и свадба да имат во куќата, при друзите (горни) зборои ќе се блаосоит и вака:

Да ни се живи младенците
и турачите што ни тураат
по чесна трпеза вино и ракија!
Арџот и страмот за век!
Годинава венчаваме,
до година да крстиме,
и на помали да исчекаме!
Да сме живи и гостите
што го веселиме домаќино!

Вакваа радос и веселје
и во нашите куќи,
и на нашата челад!
да се радуаме и веселиме:
кој од срце кој од глаа,
кој од челад, кој од брат,
кој од сина и внучиња!
Блаосоите ме и здрав ми сте!

„Ов, ов, ов што била слатка оваа ракија што ми ја подаде зетов“, – ќе речит пијачот. Друзите гости ќе му одречат со насмет: „Слатка е, побратиме, ја, оти од зет ет подадена, затоа е слатка.“

На прс прикажуаат тие селани што можат да редат ваквие зборои на чашата кога да се пиет на соборт или свадба. Сејкој му се чудит на тој чоек што блаошава вака, како знаит да блаошават толку многу како на книга да гледат.

7. Кога да пиет вино

Протекол ми м’тен Дунав, занесол ми чаша вино; поклон дојде до кумета; кумот ми се љуто к’лнит, „Жии Бога не је моја, туку ми је Николо’а, пи Никола пи, опет наполни“.

8. Одговор
Мори чашо бу чашо, што ми бучиш на мене, ете јунак за тебе.

9. Здравици за Божик
Сме докали Божик здрави – живи, сјдер здрави, живи да дочекаме и в година. Ајде аирлија да је.
*
– Кој честит чест да имат.
-Амин!
– Ај,среќно, аирлија!
– Амин!
-Ај здравје!
– Амин!
-Здрав да ми си!
– Сполајти!
-Бог в село.
– Бог меѓу нас. Свекому добро, свекому среќа да бидет. Пили, јали, зло не видели!
– Амин!

10. Здравица на Света Тројца
Старец’т како што ет обичај, зеде букар’т, сја прекрсти и почна да благословуват:

– Господи Исусе Христе! Пречиста Богородице! Свјатиј Никола и вси светци да сет на помошт! И денешна свјата Троица да ет на помошт. Бог да даит што ни срце сакат. Да сја родит жито и вино. Колку зрна толку осмаци! Колку гроздове, толку бочки! Бог да простит и мртви души! А вам, млади – хубави невести! А вам моми – хубави момчиња! Мир и милост на всите! Здрави били!
Од книгата „Говорни народни умотворби“, избор, редакција и предговор Марко Китевски, Скопје 2011.

(Подготви Марко Китевски)

Најново од: Култура и туризам

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

To top