Култура и туризам

Банско – манастир Св. 40 Севастиски маченици

bansko

bansko

По патот што скршнува од бањата Банско кон центарот на истоименото село, случајниот намерник не би можел ниту да претпостави дека оди во пресрет на неодамна устроениот машки манастир, којшто како и древниот сакрален локалитет на далечина од петнаесетина минути пешачење од манастирот, е посветен на Светите четириесет Севастиски маченици. Под падините на Беласица, во предел благо издигнат на ридесто плато над Струмичкото поле, со векови меѓу населението во овој крај се задржало името на топонимот „Свети четириесет“. Возобновувањето на монашкиот живот овде денес повторно сведочи за длабоките духовни корени на православното монаштво во историјата на Струмичката епархија.

Археолошкиот локалитет на новооткриената црква, исто така посветена на Св. четириесет маченици од Севастија, говори дека таа била ѕидана како епископски храм. Во кој временски период оваа црква ја имала ваквата функција треба да покажат понатамошните испитувања. Дали тоа било пред или после подигањето на втората односно на третата Водочка црква, засега не е утврдено. Поврзаноста на почитувањето на Св. четириесет Севастиски маченици присутни во живописот на Св. Софија во Охрид, и во оштетениот живопис на Водочката црква, коишто датираат од средината на XI век, стилот на градбата и пронајдените предмети во гробниците веднаш до самата црква, даваат одговор за поврзаноста на оваа црква во Банско со Водочките цркви, како и со онаа во Струмица, посветена на Св. Петнаесет Тивериополски свештеномаченици. Но сепак со сигурност се знае дека црквата во Банско не била епископска црква за време на струмичкиот епископ Мануил, којшто живеел во втората половина на XI век. Затоа, може да се претпостави со извесна сигурност дека црквата во Банско најверојатно била подигната во периодот на владеењето на династијата Комнени, кога во Македонија, после падот на Самоиловото царство, повторно се зацврстува византиското влијание и кога се подигнати повеќе значајни сакрални објекти.

Широките метални порти директно водат во манастирскиот двор. Под сенките на големите дрвја се наѕираат контурите на старото и новото. Манастирот ги прими своите први монаси, коишто дојдоа од Водочкиот манастир на 1 септември 2001 година. За неполни две години се подигнати нови конаци и обновена е малата црква посветена на две светителки со името Параскева: на Преподобната чиишто мошти денес почиваат во Јаши (во Романија) и на Преподобната маченичка Параскева (од Рим). Во просториите на стариот конак малубројното братство започна со одгледување печурки, како единствена можност да организира сопствена економија којашто би ги задоволувала скромните материјални потреби на монашкот живот. Во најтивкиот и најживописниот дел од комплексот е подигнато ново ателје за иконопис.

Впрочем, селото нема посебна црква и сите свои духовни потреби ги исполнува во манастирската. Децата од селото секојдневно се собираат крај чешмата во дворот на манастирот. Братството сe` уште се бори да создаде поволни услови за исполнување на исихастичкиот типик. Манастирот всушност има скитски карактер. Не повеќе од четворица во братството. Монасите се бават со ракоделие: плетење бројаници, изработка на мали дрвени крстови, каширање икони. Од ноември 2004 година во манастирот на Светите четириесет Севастиски маченици во Банско активно работи печатницата „Свети Теодосиј Синајски“ со книговезница. Монашкото братство кое во својот подвиг овде ја прими и обуката на печатарската вештина, со внимание и усрдност се посвети на секојдневниот процес на изработка на роковници, книги, бележници, календари, проспекти, каталози и бројни други канцелариски материјали што ја овозможуваат манастирската економија, а чиј принос натаму претставува драгоцен влог во издавачката дејност на епархијата. Првата книга што излезе од печат во манастирската печатница во Банско е „Школа за исихазам“ (книга 1) на Струмичкиот Митрополит г. Наум, издание на манастирот на Пресвета Богородица Елеуса од Велјуса.

Секој добронамерен посетител и поклоник е добредојден. Насмеаниот благ лик на старешината на манастирот отец Агатон ќе ве покани на кафе со локум или чаша изворска вода, ако посакате да здивнете на дрвените клупи под сенката зад олтарната апсида на црквата. Можеби ќе имате можност да видите и некоја од извонредните икони на тукашниот јеромонах-иконописец… Па да заминете збогатени со ново искуство за византиската естетика.

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top