Култура и туризам

Народни пословици од село Ниќифоро

poslovici

posloviciАко ми стапниш на траганката, на касметот не можеш.

Арно прајш, арно наодиш.

Горка црешна в куќи никнала. (Ќе рече еден од постарите домашни најчесто на некоја од снаите во кавга).

Ако била арна кавгата в бавча би ја посеале.

Добриот лаф речи го, лошиот голтни го.

Еден к’смет јадет, девет остат. (Се вели за човек што со јадењето носи благослов во куќата)

Ем шут, ем се буцат.

Ен прајт, мнозина тргат.

Ено куче да земеш пак од сој се бурат, а камо ли човек.

За инат Турчин станоат.

Змијата ногите не си кажоат.

Змија со гола рака не се фаќат.

И бурат Маркојте кули. (За човек што многу посакува).

Како за големата, таке и за малата невеста.

Како ќе ти т’пат, таке ќе играш.

Ко на утот му се пикоат. (На неугледен беќар – убава, паметна девојка).

Ка својата р’ка што чешат, туѓата не чешат.

Квачката е уба со пилиња, офцата е мила со јагне. (Се вели за жена која нема пород).

Ко имам маша, не горам р’ки.

Кој зборит многу, многу ќе тргат.

Кој ранит мачки, не ранит глуфци.

Колку ти е рогожата, толку пружи и ногите.

Кому не му е греф, не му е и страф.

К’де имат жито, имат и глуфци.

К’де не помага збор, помага стап.

К’де одит коњот, одит и оглавот.

К’де с’т две не прај се три. (Човек не треба да се меша во туѓи работи).

К’де што имат се турат.

Лошиот збор рани отворат.

Лошото се чует појќе од доброто.

Маслото излагат над вода. (Овде масло – зејтин. Кога поради завист некој кодоши, но после вистината се дознава).

М’жот да носит со тоари, жената со игла да ваѓат од куќа, сиромаф ќе го напрајт. (Се вели за жена недомаќинка).

Наведната гла низ цареј војски пројдуат.

На добра офца ѕвонец се редит.

На чисто злато (сребро) `рѓа не се фаќат. (Оваа пословица следува како одговор кога се настојува да се докаже дека она што се работи е добро).

Не могал на атот удрил на самарот.

Не потсмеј се никому, на гла ќе ти дојдет.

Не се пресегај кај што не ти врзоат лафот. (Со значење: не мешај се кај што не ти е местото).

Не чукај на туѓо гумно ’рш. (Оваа пословица е карактеристична за Мавровско каде од житата единствено успева `рж. Се употребува со значење: не се мешај во туѓ разговор.)

Од искра – пламењ.

Отсокриена куќа кучињата ја мочат. (Се вели за жена што останала без домаќин секој се подбива).

Од траење немат пубо.

Појќе зборење, поојќе грешење.

Сам лебот плачет, ко го јадет арам.

Сам Петко лозје копат.

Секоа трмка мед не збират.

Свекому лошо мислит, а иконата ф куќи је чоат.

Сиромајот атер немат.

Сит гладнего не вероат.

Записи на Аритон Поповски. Од книгата „Гостиварскиот крај“, 2, Гостивар 1970.

Подготви: Марко Китевски

Најново од: Култура и туризам

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

To top