Култура и туризам

Верувања од село Елешница, Разлошко

selo-elestica

selo-elesticaСтарци

Во минатото на Велигден во Елешница ергените се правеа „старци“. Се облекуваа во кожи, на главата ставаа „вуља“ (долга кожена капа) и се опашуваа со ремен на кој висат звонци. Старците ги бркаа децата, кои бегаа од нив, а ако некој старчин фатеше дете, тоа му даваше црвено велигденско јајце, за да го пушти.

Во времето на комунистичкиот режим извесно време беше забрането младите на Велигден да се прават старци. Меѓутоа се случи една година на ист ден да бидат Велигден и Први мај (Денот на трудот), така што комунистичките власти дозволија да се прават старци и во наредните години дозволуваа да се спроведува овој обичај, но не на Велигден, туку на Први мај. Во последно време старата традиција е комплетно променета – пак се прават старци на Велигден, но стариот велигденски обичај е претворен во фестивал со натпреварувачки карактер.

Гугулин

На селските гробишта имало гугулин (глог) којшто според верувањето на селаните бил лековит и лекувал брадавици по нозете и рацете. Оној што имал брадавица одел на гробиштата на Ѓурѓовден и со трнчиња од глогот (без да се кинат од него) ги буцнувал брадавиците по трипати и така брадавиците се исушувале т.е. исчезнувале од рацете и нозете на болниот.

Даажовник

Кога долго време ќе биде суша во Елешница правеле даажовник (дождовник). Некое девојче, кое што е сираче и изродок (последно дете во семејството) го обвиткуваат со зеленило (повит, трева, билки, зелени гранки) и група млади заедно со дождовникот одат низ селото и ги посетуваат домовите на жителите. Откако влезат во дворот на некоја куќа, сите ја пеат песната:

Вај гугувај, деј Боже даш,

да се роди жито,

просо да нап’ним амбарето,

да се трошаа потонето, вај гугувај;

да намесим калаченца,

да нараним сираченца, вај гугувај.

Домаќинката на куќата излегувала на чардакот и истура вода врз дождовникот, а потоа ги дарува посетителите, најчесто со грав, сланина, пастрма и др. Така се оди низ целото село. Она што ќе се собере, се дава на лицето што било дождовник.

Од книгата „Разлошка Елешница“ од Ѓорги Поп Атанасов, Скопје 2012.

Подготви: Марко Китевски

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

To top