Култура и туризам

Митолошки корени за Персеј и летечкиот коњ Пегаз

Perseus-Pegasus-L

Perseus-Pegasus-LЗевс е таткото на многу херои и богинки кои ги зачнал прелажувајќи ги земните царски жени. Така е роден Дион од Семела, Кадмовата ќерка, Херакле од Алкомена, Европа од Крит и многу други. Зевс е таткото на Персеј од Данаја во Арг, ќерка на Акрисие. Пророштвото го известило дедото дека внукот Персеј ќе го убие и ќе го наследи. За да го спречи тоа, Акрисие ги затворил во ковчег Данаја и малиот Персеј и ги пуштил во морските бранови. Рибарот Диктиј ги пронашол и ги прибрал во својот дом каде што Персеј пораснал. Полидент, братот на Диктиј се вљубил во Данија и сакал да се ослободи од Персеј. На една свеченост тој ги прашал гостите што би му подариле како на пријател. Сите рекле дека ќе му подарат коњ. Само Персеј рекол дека ако треба ќе му ја донесе и главата на Медузата. Персеј подготвен од многу богови и опремен со разновидно оружје тргнал по Медузата опашана со змии на главата наместо коса. Најстрашен бил нејзиниот поглед. Кого и да погледнела се скаменувал. Знаејќи го тоа Персеј го следел нејзиниот одраз во штитот, успеал да и ја отсече главата и ја ставил во торбата. Од нејзиниот врат излетал коњот Пегаз и го повел Персеја кон небото летајќи на своите крила. По патот Персеј ја сретнал Андромеда заробена од морското чудовиште, ја спасил и ја повел со себе. Ги победувал сите непријатели, им ја покажувал главата на Медузата и ги скаменувал. Ја земал и мајка си Данаја да се вратат во Арг, кај Акрисие. На еден натпревар во Лариса, Персеј го фрлил дискот кој го погодил и убил дедо му со што се исполнило пророштвото.

Во секое митолошко прикажување се вплетува и одредена вистинска доза за настаните. Љубители на коњи се браќата Диоскури, со светилиште во Гевгелија и со многу наоди низ Македонија. Дали Персеј израснал кај браќата близнаци и Полидент се вљубил во мајка му Данаја? Денеска на небото над Македонија светат соѕвездија именувани Персеј, Андромеда, Пегаз, Диоскури и други. Синот на Персеј и Андромеда е Алкеј а најславен внук бил Херакле син нс Алкомена и Зевс.

Останува прашањето зошто во Македонската династија се појави цар со име Персеј и град Пересеида, на какво наследство треба тоа да не потсетува и зошто на Персеевите пари се сретнува шлемот со Пегазовите крила? Ако Македонија во своето име го содржи Богот Македон, кај Персеј го има во Персија? Многу се слични боговите, обичаите, оружјето, војувањето и пред Александар Македонски да ја приклучи Персија и други четириесет народи кон единствената македонска држава. Допрва треба да се разјаснуваат проблемите за да разбереме што сакала да ни каже митологијата за македонската историја. Во каква врска биле Македон и Персеј, Александар да ги спои двете држави во една империја и да ги запознае народите со македонската култура, обичаи и сродни верувања, за потоа да се појави новата религија-христијанството, а потоа муслиманството. Зарем не е тоа нов напредок со развиток на нов поредок. Премин од митологијата со елементи и појави на држава кон обликување ново религиозно чувство за обединување на народите во една држава каква што била тогаш Македонија. Во ИИ век пр. Хр.  во време на владеењето на Филип Петти и Персеј, митот за Персеј се обновува во името на царот Персеј. Со разни сојузи и соработка, со женидби на децата на генералските синови и царските ќерки, македонската држава опстојува на истите простори, триста години после Александар Македонски. Царските другари и генерали на Филип Втори и Александар Трети Македонски си ги вратија благородничките титули како ново наследство и владетели над македонските земји. Новите македонски држави ги носат имињата на царските генерали Птоломеи, Антиохи, Лизимахи. Епирците од Молошкото царство три пати се прогласија за македонски цареви бранејќи ја Македонија од Римјаните и Атињаните. Тоа се потомците на Филип Втори и Олимпија и нејзиниот брат Александар Молошки. Пир и Птоломеј се бореа и гинеа на македонска замја. Лизимах, Антиох и Селевк исто така се присутни на границите кога се брани Македонија од многубројните напади врз македонското царство во времето на Персеј и подоцна се до пропаѓањето и на Птоломејската македонска династија во време на Клеопатра седма.

ВЛАДЕТЕЛИТЕ НА МАКЕДОНИЈА

Сите познати и образувани луѓе во вековите пред Христа пишувале за македонската историја и за Македонците како народ, а сегашниве Грци, секогаш се спомнувани како Атињани. Тоа се Херодот, Тукидит, Полибие, Плиние, Библијата, како и познатите автори што пишувале за Александар Макеоднски: Куртие Руф, Аријан, Диодор, Плутарх, Јустин и многу пред нив и по нив. Сите тие избегнувале да ја прикажат долгата листа на македонските владетели пред Филип Втори и Александар Македонски, како и по нив. Тоа како да им дава право да ја освојуваат македонската пребогата земја, држава, народ, култура, и да ни ги негираат името и јазикот, обичаите што опстанале кај Македонците до денес.

Историските факти, материјалните докази со потврдени археолошки наоѓалишта и оригиналните пишувани книги, ни зборуваат за еден долг континуитет на постоење на Македонија како држава, со имиња на кралеви и градови, престолнини, реки, мориња, планини, сите со стари древни имиња од пред 3000 години. Македонските царски династии исто така претставуваат пишувана царска историја во време и простори точно одбележани во сите владеења со Македонија и подоцнежното владеење со целиот свет што го оствариле Македонците и извршиле влијание врз другите народи. Тоа  е причина што често се навраќаме на владеењето на македонската династија од ИЏ пред Христа па наваму. Тоа го покажуваме и сега со покажување на 1000 годишната листа на македонската кралска династија.

Досега не сме наишле на листа на која што се изложени комплетните имиња (родословието) на царските семејства. Одбележани се само името, годината и времето на владеење на синот наследник и на другите потомци, принцови и принцези. Имињата без поопширно родословие се повторуваат во континуитет од 500 до 1000 години иако од македонскиот род останува огромен број истакнати личности што не добиле историска шанса да се претстават како владетели. Околу владетелот постоеле царски другари и генерали со своите синови, еднакви на царот и негови придружници. Тоа е многубројното македонско племство од кое подоцна се регрутирале идните владетели како што се случило да го наследат Александар Македонски, продолжувајќи го постоењето на македонската држава. Тие егзистирале и триста години по неговата смрт, со сите карактеристики на Македонија како држава.

Од тој период некои брзо станале династии, женејќи се со ќерките на Филип Втори, со Молоските принцеви, Линкестидите и други членови на царските семејства. Таков е случајот со Касандар и ќерката на Филип Втори – Тесалоника, Александар од Епир исто со Филиповата ќерка Олимпија, потоа Пердика, Птоломеј, Антонио станал владетел преку Клеопатра, пред тоа и Цезар и многу други ја зацврстувале власта на престолот преку брачните врски и сојузи со Македонците. Тоа истото се практикувало и во владеењето на Филип Петти и Персеј. Добро познати се свадбите на Александар Македонски и и неговите царски другари со персијските принцези. Роксана, персиската принцеза, жената на Александар, го родила неговиот син Александар Четврти, кој ги имал сите наследни права на македонскиот престол и иако бил малолетен во негова чест биле исковани пари.

Филип Втори, Александар Трети и другите владетели го носеле името со презиме Македонски. На македонскиот престол од династијата од 640 до 146 г. пр. Хр. познати се 6 владетели со името Филип, а по некој Филип има и во другите династии:

Филип Први – 640 – 602 г. пр. Хр.

Филип Втори- 359 – 336 г. пр. Хр.

Филип Трети (Аридеј)- 323 – 317 г. пр. Хр.

Филип Петти – 221-179 г. пр. Хр.

Филип Шести – 168-146.

Филип Втори е познат по реформите што ја зацврстиле Македонија, со обединувањето на македонските племиња, со фалангата, со градбите, со начинот на војување, со дипломатијата, со економијата, со златниот статер, со прославите… За него не стивнува интересот и славата за се што направил за Македонија. За него пишуваат многубројни автори од ИВ век пр. Хр. па се до денес.

Неговиот систем на владеење се проучува и се применува во современиот свет во многу меѓународни ораганизации како исклучителен пример. Филип Втори ги носи сите карактеристики на македонски владетел какви што биле и другите кралеви во династиите од Македонија.

Филип Петти во се наликувал на Филип Втори. Се борел да ја сочува Македонија во истите граници, против истите непријатели и со истите стратегии. Како што Филип Втори го подготвил синот Александар за наследно владеење така Филип Петти го подготвил сина си Персеј да владее со Македонија уште поголема и побогата од пред двесте години кога државата се консолидирала како светска империја.

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top