Култура и туризам

Архитектура во Кратово

kratovo-kukja

kratovo-kukja

Архитектурата на Кратово е карактеристична по типичната старогратска македонска архитектура. Речиси во сите градби се среќава каменот и дрвната конструкција, пересте и плитар. Ваквиот начин на градба им овозможува еластичнот и цврстина на градбите, во стилот на старомакедонската архитектура.Стреите и таваните биле украсувани со декоративни штички. Чардаците скоро на секоја куќа се посебно обележие на кратовската куќа. Од самиот чардак зависело и обликувањето на куќата. Вратите на куќите се еден од најубавите и најобработени детаљи. Тие се среќаваат како еднокрилни или пак двокрилни. Речиси во секоја кратовска куќа се градел амам, односно бања за капење. Како посебна просторија во куќата го среќавама огништето кое служело за загревање на просториите или за готвење храна.

Мостови

Интезивната комуникација на луѓето во градот Кратово, неминовно придонела за градење мостови на Кратовска и Манцева Река, а со единствена цел да се подобри комуникацијата на градот од левата и десната страна на овие реки. Денес на Кратовска Река се сочувани 4 камени и еден дрвен мост, како и еден бетонски. Сите кратовски мостови се фундирани на карпеста почва. Како главен градежен материјал бил користен каменот од вулканско потекло. Челните ѕидови и речните крајбрежни столбови кои се директно изложени на ударот на водата, се ѕидани од тврд тешко распадлив камен, сводовите биле изведувани од делкан камен со ќошиња кои биле мошне прецизно изработени. Оградите на сите мостови се ѕидани од камен, а одозгора се покриени со плочи. Кратовските мостови преставуваат соодветен израз на градителството во турскиот период кај нас. Во нив се вткаени вековните неимарски искуства на турско – словенското градителство. Тоа се мостови со витка линија, со главен лак, со прецизно изработена архиволата и имаат нагласена декоративна линија. Со обнова на занаетчиството и трговијата во 19 век, во градот се појавила потреба за изградба на нови мостови. Неколку најпознати мостови се подигнати токму во овој перид: Радев мост, Радин мост, Гровчанскиот мост, Чаршиски мост, Јокшински мост, Свински мост, Сарајски мост.

Грофчански мост

Се наоѓа меѓу Сарајски мост и Чаршиски мост наизводно поврзувајки ја Ајдучка чаршија со десниот брег на Кратовска Река. Овој мост е еден од главните комуникациски правци. Мостот е изграден во почетокот на 18 век од кратовската фамилија Грофчански која се доселила од Мала Азија и била доста богата. Должината на мостот изнесува 30, ширината 4, а висината 8 метри

Радин мост

Овој мост се наоѓа на познатата Манцева Река и е подигнат во 1833 година. Мостот е подигнат на две високи кули, од кои едната е висока 28 а другата 29 метри. Сегашниот мост е изграден од познатиот скопски големец Хавзи-паша.

Златкова кула

Оваа кула е изградена во 1365 година. Името го добила според нејзиниот последен сопственик, Ѓорги Златков. Тој ја купил ова кула од Асан Ефендија, според чие име дотогаш се нарекувала. Основата на кулата е правоаголна, изградена е од дебели камени ѕидови, висока е 5,90 и 6,35 метри.Кулата има три ката,во неа се влегува со помош на подвижни скали. Под самиот праг на вратите се гледаат остатоци од камени греди и проширен ѕид на којшто се поставувале подвижните скали. На југоисточниот ѕид се наоѓа длабнатина којашто била бања со санитарен јазол. Кон последниот најгорен кат водат дрвени скали,каде што се влегува преку дрвена врата, која се затвора хоризонтално. Се претпоставува дека оваа кула е една од најстарите кратовски кули.

Еминбегова кула

Оваа кула е висока 12,74 метри, а основата и е правоаголна со ширина од 6,10 метри. Вратата се наоѓа на јужната страна и е изведена од делкан камен. На кулата се забележуваат остатоци од проширувањата на страничните ѕидови. (може да се даде претпоставка дека оваа кула можеби била споена со друг објект кој подоцна бил срушен. На истиот ѕид десно од влезот на кулата во вид на рог е издадена пирамида која преставува самостоен објект. Тоа било бања со тоалет. Кулата има три ката. Спратовите се преградени со дрвена конструкција и поплочена со шестоаголни плочи. Дебелината на вратите изнесува 8 см, и се подебели од останатите кули. Тие се отвараат вртејќи се околу дебели оски потпрени во камен жлеб, а горниот крај на вратата е поставен во железни цевки. Скалите се доста стрмни и се дрвени, а само на третиот кат се камени. Третиот кат е висок 6,05 метри со крстест свод и покрив од плочи. Тука има камин, ниша, полици и долапи за покуќнина.

Смиќева кула

Оваа кула е висока 12,74 метри, а основата и е правоаголна со ширина од 6,10 метри. Вратата се наоѓа на јужната страна и е изведена од делкан камен. На кулата се забележуваат остатоци од проширувањата на страничните ѕидови. (може да се даде претпоставка дека оваа кула можеби била споена со друг објект кој подоцна бил срушен. На истиот ѕид десно од влезот на кулата во вид на рог е издадена пирамида која преставува самостоен објект. Тоа било бања со тоалет. Кулата има три ката. Спратовите се преградени со дрвена конструкција и поплочена со шестоаголни плочи. Дебелината на вратите изнесува 8 см, и се подебели од останатите кули. Тие се отвараат вртејќи се околу дебели оски потпрени во камен жлеб, а горниот крај на вратата е поставен во железни цевки. Скалите се доста стрмни и се дрвени, а само на третиот кат се камени. Третиот кат е висок 6,05 метри со крстест свод и покрив од плочи. Тука има камин, ниша, полици и долапи за покуќнина.

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top