Култура и туризам

Градиште (Миокази)

Пронајдоци од локалитетот изложени во Најмалиот етнолошки музеј во светот во Џепчиште

Градиште или Венец е археолошки локалитет во Кичевското село Миокази. Локалитетот претставува населба од неолитското, железното, хеленистичкото, римско, доцноантичкото време и средниот век. Се наоѓа на околу 800 метри југоисточно од селото, каде што се издига височинка издолжена во правец запад-исток. Од нејзината западна страна има помала височинка со правилна конусна форма наречена Крст, одвоена од градиштето со мал преслап. Северната страна на градиштето стрмно се спушта кон коритото на Рабетинска Река, над која, од спротивната страна, се издига високиот рид Кале. Што се однесува до источната и јужната страна, тие се поблаги и се спуштаат кон рамното поле низ кое минува патот Кичево-Македонски Брод, а малку подалеку од него е коритото на Велика Река. Градиштето е опкружено со масивен бедем широк 2 метри, од кој се зачувани темелите, наместа високи 2 до 3 метри. На бедемот има 12 кули со димензии од 6 х 6 метри, распоредени на 20 до 30 метри една од друга. Како засилување на безбедноста, на западниот крај, пред бедемот бил подигнат заштитен ѕид. Внатрешниот простор на градиштето има нерамна конфигурација, а на површината е присутно множество кршен камен, тегули, тули и друг градежен материјал. На одделни места се гледаат дури и темели од ѕидови на помали објекти. Во 1979 и 1981 година биле вршени сондажниископувања при што се откриени остатоци од сакрална градба – базилика од 5 или 6 век, гробови од некропола од 5-6 век, архитектонски остатоци од два доцноантички станбени објекта, како и неолитски артефакти. Подвижниот археолошки материјал откриен со овие работи недвосмислено покажува дека во градиштето се живеело долго, од доцниот неолит до средниот век. Наодите се чуваат во Музејот во Кичево.

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top