Култура и туризам

Ѓурчиновата сабја – Двобојот на Ѓурчин и Алија

kokale_freska

kokale_freskaПостојат личности низ историјата, кои се светилници на своето време и кои преку својот живот ја испишуваат историјата на еден народ, едно племе. Таков е и Ѓурчин Кокале лазороскиот коџабашија-главатар, ктиторот на црквата во Лазорополе, заштитникот на христијаните, јунак над јунаците. Тој е човекот – ѕвездалија, чии што постапки и акции биле нашироко прифаќани од селаните лазоровци, а потоа и раскажувани и предавани од колено на колено за да не се заборават. Во овие преданија за јунаштвото на Ѓурчина, народот ја гледал надежта за својата слобода од под ропството, а него самиот го сметале за јунакот кој го претскажува доаѓањето на таа слобода. Како што минувале годините и нови генерации Мијаци – лазоровци се раѓале, на нив повторно и повторно во детството им ги раскажувале приказните за јунакот Ѓурчин кој јавал коњ голем како ламја, кој скокал „25 нози одеднуш и 55 на три поти“, кој фрлал камен од 10 оки 50 нозе, кој прескакал по 6 коњи, јунакот кој му ја „факнал“ главата на турчинот Алија.

За таков јунак се раскажувале и многу други преданија и легенди кои зборувале за неговата храброст, бестрашност и за христијанската доблест да биде заштитник на послабите и обесправените. И колку и да се прифаќаат денес со резерва овие преданија, сепак за едно имаме историска потврда, а тоа е двобојот што се случил меѓу Ѓурчина Кокале и турчинот Алија, како и за славната сабја со која била отсечена главата на зулумќарот.

Во 1826 година, тогашниот турски султан Махмуд II, со посебна наредба го укинал дотогаш озлогласениот јаничарски воен ред. Но, многумина од јаничарите, навикнати на пљачкосување, грабање и водење на војни, не можеле да се привикнат на фактот дека одеднаш тие не му се повеќе потребни на султанот. Многумина се одметнале, не признавајќи ниту една власт (Али Паша Јанински е еден од нив) и продолжиле да го тероризираат населението. Таков бил и случајот со одметнатиот јаничар Алија, кој во Солунскиот крај толку многу се осилил, што покрај зулумите и пљачкосувањата кои што ги вршел, барал во неговиот шатор да бидат праќани сите убави девојки од околијата. На многуте поплаки од населението, официјалната турска власт одговорила со тоа што преку својот официјален претставник во Солун Лобуд-паша (кој инаку му бил и личен пријател на Ѓурчина) јавно обзнанила дека се дава награда за оној кој ќе ја донесе главата на одметнатиот јаничар-злосторник. Во тоа време Ѓурчин Кокале во овој крај одел на зимување со своите овци, закупувајќи кшли (земја, ливада на која потоа се подигало трло кое служело за презимување на овците). Овие кшли тој најчесто ги закупувал од неговиот пријател поп Пулиз. Судбината сакала зулумќарот Алија еден ден да побара во неговиот шатор да дојде убавата ќерка на попот која според едни преданија се викала Анѓа. Сакајќи да му помогне на својот пријател, Ѓурчин ја засолнал убавата девојка во неговото трло. Кога за тоа разбрал Алија, се разлутил и веднаш тргнал кон Ѓурчиновото бачило за да ја грабне девојката. Ѓурчин, иако тогаш имал над 51 година, заради сопственото убедување, но и заради авторитетот што го имал меѓу населението, не доаѓало во предвид да ја пушти девојката во рацете на Алија. Двобојот бил неизбежен. Двајцата качени на своите коњи и со исукани мечови се втурнале во трк еден кон друг. Во налетот и од силината на ударот, мечот на Ѓурчина (кој бил пократок рамен меч со дршка во форма на крст) се скршил, а тој самиот паднал од коњот, но исто така при падот својот јатаган (закривена сабја) го испуштил и зулумќарот Алија.

Ѓурчин ја дофатил неговата сабјата и го победил Алија, отсекувајќи му ја главата. Отсечената глава Ѓурчин ја ставил во зобница и заедно со неговиот јатаган, коњот и ќемерот на Алија, во кој што имало многу пари опљачкани од народот, отишол кај Лобуд-паша во Солун, за да си ја побара наградата, која што била ветена за главата на Алија. Кога го видел Лобуд-паша својот пријател со главата на злосторникот не само што му ја исплатил награда, туку му го оставил неговиот јатаган, коњот и сите пари од ќемерот на Алија. Овие пари Ѓурчин не ги сакал за себе, сметајќи ги за „крвави пари“, туку му ги оставил на својот пријател попот Мартин Димкоски да бидат за црквата.

gurcinovata-sabja-1

Според д-р Александар Матковски овој двобој се одиграл меѓу селата Лубаново и Милово, Солунско.
Снаодливиот Ѓурчин овој настан подоцна го искористил да побара од Лобуд-паша да му обезбеди аудиенција кај султанот Махмуд II. Кога тоа на крајот и му било овозможено многу години подоцна (ферманите се издадени во 1838 година) и откако на султанот му го раскажал текот на двобојот и од него добил орден Ѓурчин од султанот побарал неколку работи:

– Дамудадеферман, сокојнепреченоќеможедасеизградицркватавоЛазорополе (инакуцркватавеќесеградела – нелегално);
– Побаралдозволазапостојаноносењенаоружје, какоидагозастапувасвојоткрајвоДебарскиотпокраинскимеџлис (собрание);
– ПобаралсопосебенфермандасерегулираатдавачкитенаМијацитеконтурскатадржава;

Сите овие работи султанот ги одобрил и му издал три фермани како потврда за тоа. Но, тука не е крајот на приказната за сабјата, која што откако Ѓурчин ја освоил од Алија, не се делел од неа се` до крајот на животот и која меѓу лазоровци била позната под името „Ѓурчинова сабја“. Со неа тој бил насликан и на фреска во лазороската црква. На сабјата/јатаган, покрај дршката, постои изгравиран натпис, кој порано бил исполнет со сребро.

gurcinovata-sabja-2Натписот е на турски јазик со арапски букви и (според д-р Александар Матковски) ја има следната содржина: „РаботанаХусеин, сопственикАлија. Требадасеиманожврака, аГосподвосрцето“. Над натписот е годината 1218 по хиџра (тое е периодот од 23 април 1803 до 12 април 1804 година).

Ѓурчиновата сабја била сметана како селска реликвија, на која и се давале и одредени магиски својства. До 50-тите години на 20 век, оваа сабја се употребувала за лекување од уплав. Сабјата била полевана со вода, а на уплашениот му се давала водата како „лек“ да се испие. На тој начин всушност симболично се манифестирала Ѓурчиновата храброст која се воскреснувала во водата, која потоа се пиела, со што „се внесувала храброста во телото на уплашениот“.

Вториот случај, кој барал полевање на сабјата бил за да се олеснат претсмртните маки на оној кој што умирал. Всушност, овде магиско својство на сабјата била да ги „пресече“ врските со овоземниот свет.

Исто така, сабјата била полевана со вода и во мигот на породувањето на трудница, за да има лесен пород, а магиското својство било да се „пресечат“ породилните болки.
Ѓурчиновата сабја, по смртта на Ѓурчина Кокале, останала кај неговиот најмал син Аврам, бидејќи како најмлад останал да живее во куќата на Ѓурчина, која потоа ја наследил. (За сите други свои синови Ѓурчин изградил посебни куќи) Заедно со куќата ја наследил и сабјата. Кога Аврам починал, сабјата ја наследил неговиот син Ефрем (наречен Локе). Во премрежијата што ги носело времето тој во 1914/15 година се преселил да живее во Бугарија. Сабјата сакал да ја понесе со себе, но целото село станало и тоа не го дозволувало, зашто веќе ја сметале како селска реликвија. На крај, тој попуштил и морал да му ја остави на својот сосед Милан Китески. Тој сабјата ја чувал кај себе се` до Втората Светска Војна, кога и самиот морал да се исели од селото, оставајќи му ја сабјата на Цветко Дојчиноски, четврт по ред внук на Ѓурчина, од неговиот најстар син Дамјан (меѓу лазоровци попознати како Чанговци). И ден денес сабјата се чува во кругот на наследниците на ова семејство.

Најново од: Култура и туризам

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Најнови вести

To top