Култура и туризам

EКO GREEN FESTIVAL MAVROVO 2013

1146461_10201607353926983_1652600388_n-002

1146461_10201607353926983_1652600388_n-002ЕКО ЗЕЛЕН ВИКЕНД МАВРОВО 2013

ПРВ ПОВЕЌЕДНЕВЕН  ЕКОЛОШКО – ЕДУКАТИВЕН И ЗАБАВЕН  ФЕСТИВАЛ  ВО МАКЕДОНИЈА

Тридневниот фестивал EКO GREEN FESTIVAL MAVROVO ќе се одржи од 16-ти до 18-ти август на самиот брег на Мавровското езеро, на познатата локација – игралиштето на село Маврово.

Програмата на фестивалот е разновидна, од егзибициониен натпревар во скијање на вода, прецизно слетување на параглајдеристи и падобрански скокови и “mountain bike” слалом возење, преку планинарска тура Маврово „Меденица“ Маврово, искачување на Кораб, кружна ревијална велосипедска тура околу Мавровското езеро, до натпревари во влечење јаже, фрлање камен, брзо пилање и сечење дрва, како и спортски риболов на ситна риба на пливка и fly fishing.

Фестивалот ќе понуди презентација на традиционално приготвенити мавровски производи, штандови за оригинални локални ракотворби, сувенири и домашни производи, изложби на стари фотографии од Мавровско рекaнаскиот регион, а фестивалската дебата ќе ја отвори темата  “Развојните перспективи на Маврово, пливање помеѓу желбите, можностите и потребите”.

Во детската програма ќе ги видиме најмладите диџеи во Македонија со настапи на детска музика, како и натпревар за деца под 7 години во умешно возење велосипед.

Музичка програма на фестивалот:

DJ Valentino Kanzyani, DJ Sabb, Леб и сол, Летечки пекинезери, Гоце Саф и ЛД Пистолеро, Conquering Lion, Shine, DJ Flooder, DЈ Lephonqe, DJ Iceberg, DJ Мачки, Aliber, Дани Димитровска, План Г, Five fingers band, Чалгија саунд систем, Томи Бојаџи, Igor Iox, DJ Zomax, DJ Brane, DJ Johan и DJ Koks

За посетителите на фестивалот организаторот обезбеди бесплатен камп во самата близина на фестивалското случување.

Програма за тридневниот фестивал EКO GREEN FESTIVAL MAVROVO:


Петок, 16.08.2013

Презентација и продажна дегустација на традиционално приготвенити пити и млечни производи од Mавровско – Реканскиот крај

13.00 Прес Кoнференција

14.00-16.00 Пристигнување на учесниците.

13.00-18.00 Поставување камп на местото познато како “Камп” за учесниците кои сакаат да бидат сместени во шатори.

16.00-18.00 Запознавање со содржините, презентации на програмата, отворање на штандовите за ракотворби, сувенири домашни производи. Локација с. Маврово игралиште

18.00-21.00 Концерт на локални бендови, музичари и културно уметнички друштва од Маврово и Ростуше.

20.00 Изложба на стари фотографии од Мавровско рекaнаскиот регион

21.00-23.00 Концерт на мегапопуларните македонски бендови Леб и сол и Летечки пекинезери

23.00-02.00 Настап на мегапопуларните хип хоп звезди Гоце Саф и ЛД Пистолеро (Live + DJ SET)

Сабота, 17.08.2013

Презентација и продажна дегустација на традиционално приготвенити пити и млечни производи од Mавровско – Реканскиот крај

07.00 Заминување на планинарска тура Маврово – Меденица – Маврово, турата трае 6 часа (само за физички подготвените)

09.00-11.00 Презентација и пробно возење на “Mountain bike” слалом возење. Локација, долен дел на ски патеката под жичарниците

10.00-12.00 Презентација на изработка на вештачки мамки (мушици) и техники на мушичарење (Fly Fishing). Локација, Мавровско Eзеро под игралиштето во с. Маврово

11.00-12.00 Презентација на планинарска опрема

12.00-14.00 Натпревар во прецизно слетување на параглајдеристи, падобрански скокови. Локација, игралиште с. Маврово

12.00-14.00 Натпревари во влечење јаже, фрлање камен, брзо пилање и сечење дрва, натпревар за деца под 7 години во умешно возење велосипед

15.00-17.00 Музички настапи на зурли и тапани, гајдаџии и кавалџии. Локација, игралиште с. Маврово

16.00-19.00 Натпревар во лов на ситна риба на пливка. Локација, Мавровско Eзеро кај потопената црква

17.00-19.30 Диџеи, настапи на детска музика

19.00-20.00 Прогласување на победниците од сите активности со натпреварувачки карактер

20.00 Oтворање на изложба на авторски мозаици на Проф. Мр. Адем Сулејманоски од Ростуше

19.30-20.00 Презентација на развојните перспективи на Општина Маврово Ростуше

20.00-21.30 Настап на “Conquering Lion”- Reggae Bend

21.30-23.30 Настап на групата “Shine”

23.30-01.30 DJ SET на најпознатите Антена 5 Диџеи, DJ Nikifor, DЈ Lephonqe, DJ Iceberg, DJ Macki, настапи на Robotek, Ilina, Ogi surla, Aliber-Тетово.

01.30-05.00 Концерт на DJ VALENTINO KANZYANI И DJ Sabb (за овој настан се потребни посебни влезници).

Недела, 18.08.2013

05.00 Искачување на Кораб (за заинтересираните)

08.00-12.00 Кружна ревијална велосипедска тура околу Мавровското Езеро

10.00-11.00 Презентација на проекти на цивилното општество за развојот на Мавровско Реканскиот регион и презентација на развојните програми на Oпштината

11.00-13.00 Дебата на тема – Развојните перспективи на Маврово, пливање помеѓу желбите, можностите и потребите

12.00-14.00 Егзибициониен натпревар во скијање на вода

14.00-16.00 Приготвување и дегустација на рибја чорба и планински грав

16.00-17.00 Обраќања до гостите и учесниците со желба за вклучување нивни идеи за следното издание на фестивалот

17.00-18.00 Дарко супер звезда

18.00-19.00 Традиционална македонста музика со зурли, тапани, кавали, како и настап на играорни групи

19.00-20.30 Настап на познатата македонста етно група “Calgia sound sistem“

20.30-22.30 Настапи на Дани Димитровска и План Г

22.30-04.00 Настапи на Томи Бојаџи, Igor Iox, DJ Zomax, DJ Brane trance, DJ Johan trance, DJ Koks trance.

Понеделник, 19.08.2013

08.00 Чистење на локацијата и околината од отпадоци и смет

Организатор: Здружение на граѓани Еко Маврово

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top