Култура и туризам

Маврово

mavrovo

mavrovoМаврово е едно од местата во Македонија со највисоки пејсажни вредности и со најсочуван биодиверзитет. Идеално вклопено во планинскиот амбиент, Маврово претставува заедница која пружа бројни можности за секакви активности поврзани со здравиот начин на живот и чистата животна средина. За жал, Маврово никогаш не успеа да го воздигне својот бренд како посакувана регионална дестинација надвор од зимската (скијачка) сезона, иако во сличните туристички центри (Жабљак, Банско, Олимп…) има посетители преку цела година овозможувајќи на локаланто население и на локалните заедници рамномерни и континуирани приходи во текот на целата година, со што се осигурува оддржливиот развој на регионите со особени природни реткости и убавини.

Летните месеци се погодни за прошетки и планинарење. Широките ливади и чистите пролетни извори се привлечни за планинарски тури, кампување, планински велосипедизам и други видови рекреација. Меденица (2160м) е највисокиот врв на планината Бистра. Лесно е достапна и на само пет часа лесно пешачење од центарот “Заре Лазаревски”. Започнете со искачувањето од хотелот Бистра, по патеката под двоседешниците која ќе Ве доведе до бачилото Трифкова Колиба. Од таму појдете кон Галичкиот скилифт и свртете десно кон патот за селото Галичник. По кратенката, минувајќи покрај малите езерца и тревнатиот терен на областа наречена Тони Вода, пешачејќи кон патот за селото Галичник, пресечете го патот и преминете на десната страна од каде што веќе и ќе можете да го забележите врвот Меденица.

Искачете го најблиското врвче од Вашата десна страна и по изохипса, полека нагоре ќе се движите кон највисокот врв на Бистра. На самиот врв Меденица, со црвена боја е испишана надморската височина од 2.163 м. Уживајте во прекрасниот поглед од врвот, поблиску до природата. Чувајте ја околината и природата!

Следете ги 10-те Интернационални планинарски правила:

физичка подготвеност, планирање на турата, опрема, временски услови, информирајте некого за Вашиот план, водете сметка за временската должина на турата во двете насоки, никогаш не планинарете сам, не претерувајте, следете ги знаците и патеките, почитувајте ја природата!

Трите патеки за планински велосипедизам на Бистра, одат паралелно се до бачилото Трифкова Колиба и патеката за галичките ски лифтови. Првата патека оди лево кон местото Мирна Долина каде што секоја зима се оддржуваат натпреварите во нордиско скијање. Со искачување на врвот од жолтиот ски лифт и спуст по патеката од синиот ски лифт повторно се враќате на почетната позиција. Втората Ве води на патеките од галичките ски лифтови, лево позади падините на истите каде што по прекрасен тревнат терен доколку имате среќа можете да возите покрај некое крдо од диви коњи. Ќе минете покрај бачилото и патеката ќе Ве води на стариот макадам пат, свртувајќи лево ќе возите до врвот на жолтиот ски лифт. Од таму ќе го видите бачилото Трифкова Колиба.

Патот до почетната позиција е идентичен како и за првата патека. Третата патека минува покрај галичкото бачило и почетокот на истоимениот скилифт и по макадам патот Ве води до асвалтниот пат за селото Галичник. На раскрсницата десно имате можност да изберете по која од двете патеки би возеле спуст, приклучувајќи се на патот за хотелот Бистра. Доколку на истата раскрсница тргнете лево, асвалтниот пат ќе Ве води до селото Галичник. Четвртата патека е најдолгата патека и Ве води околу убавините на мавровското езеро, со можност да застанете и уживате во вкусовите на шумските јагодки и останатите шумски овошја кои се протегаат покрај патот.

Превземено од : Здружение на граѓани Еко Маврово

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top