Култура и туризам

Драмата „Илинден“ од Никола Киров Мајски

nikola-kirov-majski

NikolaKMaiskiОваа драма со поднаслов: „Слики од великото македонско востание пред 1903 година“ е првиот текст печатен на македонски јазик во периодот помеѓу двете светски војни. Токму јазикот на кој е напишана ќе биде повод за жесток напад на критиката врз Мајски од бугарските критичари па дури и од членови на централниот комитет на ВМРО. Критичарите сметале дека оваа драма требало да биде напишана на бугарски јазик, а не на некој нечист македонски дијалект па го обвинувале Мајски дека прави смел обид да создаде мекедонски литературен јазик кој не постои. Неговото дело било на мегдан на бугарската критика и политика. Во оваа драма Мајски ја вметнува и поркламацијата на Илинденското востание но напишана на македонски јазик, односно на родниот му дијалект. Сето ова ја разбранувало бугарската интелигенција (критиката на Јордан Бадев кој бил најгласен за оцрнување и омаловажување на ова дело) на тоа време, која тврдела дека манифестот бил напишан на прост бугарски книжевен јазик и дека Мајски 20 години подоцна направил фалсификат на овој важен документ за бугарската историја. Освен јазикот на Бадев му пречеле и федералистичките сфаќања на Мајски, како и неговите обиди неговиот јазик да го наметне во публицистиката и политичко –правната документација. Според Бадев ова дело е сквернавење и насилство врз јазикот и тоа ја лишува од секаква литературна вредност. Оваа драма се појавила за време на 20-годишниот јубилеј од Илинденското востание. Таа е драгоцена, бидејќи расветлува многу прашања за ова востание и истовремено е меѓу првите книжевни дела кое зборува за Илиндендкото востание, а и облагодарување на македонскиот драмски фонд. Драмата „Илинден“ претставува прв обид за проектирање на илинденската тема врз планот на посложен жанров облик. Автентичноста и историското во неа се јавува во повеќе основи: Со поместувањето на Прокламацијата на Крушевската република; Со Прогласот на Крушевскиот востанички штаб упатен на локалното албанско и турско население од соседните села; Со писмото што го праќаат Турците до крушевските востаници; И со присуството на некои историски личности-главни ликови во востанието (Никола Карев, Тодор Христов, Сулејман, Даскалот-т.е Мајски). Оваа драма пишувана на чист крушевски говор со примеси на архаизми и други јазични особености е напишана во наративен дух и без некоја посебнадраматична динамика и композиција во стилот на народната драмска творба (Харалампие Поленаковиќ). Оваа драма со своите пет дејствија прилега како да е сочинета од пет различни епизоди или слики, кои што се лишени од драмски конфликт и обединети околу една главна идеја-да се долови општото драматично доживување и атмосферата на населението пред кревањето на Илинденското востание. Низ првото и третото дејствие, авторот ги прикажува советувањата на турските великодостојници во Крушево кои наслушнале од населението за востанието, па се закануваат со апсење и ликвидација на поедини граѓани и организатори и создаваат специјален комитет како против-тежа на востаничкиот и сметаат дека со вонредни мерки ќе го неутрализираат кревањето на востанието. Во второто и четвртото дејствие Мајски ги прикажува деновите на последни подготовки непосредно пред востанието кога вредните и верни соработници наНикола Карев ги завршувале последните подготовки како собирање храна, облека и леење на куршуми. Во петтото и последно дејствие е прикажана сенародната еуфорија и среќа за остварениот триумф над непријателот и орото на народот пред врзаните турски великодостојници на чело со нивниот омилен водач Никола Карев. Интересно е што авторот не проникнал во ниту еден од 27-те драмски ликови. Тој како да не се обидел да навлезе во нивните лични животи или индивидуални особини. Тие својства на еден издржан драмски лик овде ги нема, како да се жртвувани од потребата на авторот да даде едно автентично-фактографско и публицистичко проектирање на историјата.

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top