Култура и туризам

Македонски артефакти (2 дел)

blagoj-trajkov

blagoj-trajkov
Благој Трајков

Македонија е прва земја во светот картографски прикажана од анонимен автор од IV век п.н.е. а тоа е сведоштво за врската помеѓу минатото и сегашноста, и во 75-та година од н.е. астрономот од македонско потекло Клавдиј Птоломеј ја претставува Македонија во вистинските димензии, каде е претставена старата Македонска престолнина Арга и новата престолнина Пела.

Со опстојувањето на пелазгиско-древномакедонската етнија во континуитет продолжува еволутивниот процес на етногенородната група Древномакедонци, а со тоа и името на Македонците продолжува да егзистира како име на најстарите жители од Македонија, населувајќи, цивилизирајќи и облагородувајќи простори од Европа, Азија и Африка.кои пак како народ од „етногенородната пелазгиска група Анти го добиваат и името антички свет“.

Исклучителен артефакт за Пелазгите, Антите, Венетите, Феникијците, Древномакедонците и Склавините кованицата за Словените, дава македонскиот историчар Jordanes (528-588 година, н.е.), кој вели дека „Венетите ги населувале териториите помеѓу Дњепар, Дњестар и Црноморското крајбрежје… до IV-от век од н.е. големата Словенско-Античко-Венетска заедница се распаднала на три дела, Западни Венети, источни Анти и Јужни Склавини…“[1], имено, „Вандалите и Венедите биле еден ист народ од Полска до Далмација и на Венедите им се припишуваат многу културни дејанија во Франција и Шпанија, и во Африка…“[2] и… „Словените и Вандалите се еден ист народ … исто како што Германците различно ги именуваме со Германи, Теутони, Алемани…“[3], всушност „предците на современите Словени биле Пелазгите“.[4] „Со својата древна писменост, култура и традиција, оваа најстара цивилизација во Европа, облагороди многу земји и народи, опсипувајќи ги со првите цивилизациски плодови…“[5]

Сето досега покажува дека „Овие еднородни, еднојазични народи… од самиот почеток на историското време  ги наоѓаме растурени на огромен простор и поделени на истородни нации, од кои повеќето го заборавиле своето потекло“,[6] и дека овие народи, „Анти, Венети, Македонци, Скити и други пелазгиски групи, со себе го носеле името на својата татковина Македонија“[7], а македонското влијание егзистирало дури и кај средновековни хроничари, кои забележале дека „византискиот император себеси се нарекувал Василиј Македонијан“.[8]

Македонците се дефиниран Македонски идентитет, со своја територија, свој  јазик, свое фонетско (гласово) писмо, свои обичаи, култура и етничко име-македонци и суштествуваат 11 милениуми на сопствена територија „Македонија, која е стара колку и самите македонци“.[9]

Да напоменеме дека постојат многу хипотези, но античките извори децидно велат дека „Македонија е Венетско-Античко-Пелазгиска кованица што значи Рамна Земја“,[10] всушност Македоните живееле северно од Олимп и на земјата и го дале своето име Македонија, кое најпрвин било национално име и потоа станало историско-географски поим Македонија, вели археологот Pecas, така што македонците се „најстариот етнички супстрат Бриги (Фриги), во етногенезата на Античките древномакедонци“.[11]

Македонија е аргументирана од многубројни историски научници од историско време, од кои и античкиот историчар Justin, кој вели: „Македонија претходно се викала Ематија (мајка)“[12] по божицата Ма,[13] и била позната по народот Пелазги, и Strabon кој вели: „Во Ематија (Македонија) живееле Илири и Епирци“, а „Ематија била нарекувана и Пеонија“,[14] што значи Пеоните (Древномакедонците), Антите и Венетите се браќа по род од Пелазгите и „Пеоните биле нарекувани и Пелагони“[15] (Пелагонија, денешна област во Р. Mакедонија), откаде „името Македонија пред сé било национален македонски за потоа да стане географски поим Македонија“.[16]

Пелазго-античко-венетско-македонско-словенските постулати биле центар на светската култура и цивилизација, а топонимијата, оронимијата и хидронимијата нивен востановен белег од Атланскиот до Индискиот океан, вклучувајќи го Сибир со областите Камчатка и Алјаска, во кои големи просторни широчини биле основани градови и држави од истите етногенородни народи со други називи: Феникијци; Фриги; Бриги; Етрурци; Пајонци; Траки; Скити; Келти(Кити); Трибали; Мизи; Илири; Милци; Московити; Мигдони; Сармати; Месопотамијци; Пафлагони; сите формирани во групи на етногенородни Пелазгиско-древномакедонси општества.

Античките историчари, Strabon, Pompej Trog, Markus Justinius… потврдуваат дека „Македонците во земјата Македонија се Древномакедонско-Пелазгиски народ во историската наука дефинирани како Протословенски (Прасловенски) народ“,[17] имено, „на тлото на Македонија суштествувала етногенородна и еднојазична Пелазгиско-Древномакедонска етнија“[18] која остава богат гласолошки супстрат, давајќи своја топонимија која и денес живо егзистира, со исто и силно јазично аргументирано значење кај современите македонци, со генетски и етно-културни посебности најнапред од „Пелазгите, Антите, Венетите и Древномакедонците, подоцна добивајќи го заедничкото име Словени“,[19] а во 6 век од н.е. современите „Словени се етногенородни потомци на Склавини, Илири, Гети, Трибали, Траки, Келти (Кити), Бриги (Фриги), Скити, Древномакедонци, Венети, Анти и Пелазги”.[20] [21]

Наведените артефакти ни покажуваат дека на просторите на Европа, Азија и Африка живеело етногенородно и еднојазично Пелазгиско-Античко-Венетско-Македонско-Словенско население, подоцна нарекувано по поделените групи на етногенородни ограноци, кои припаѓале на едно етногенородно стебло и биле поклоници на сонцето, кое претставувало и симбол за генородот македонски од првобогот ‘Македон’ по кого Македонците на земјата на која живееле и дале име Македонија.

Најстарите податоци за името на Македонија посочуваат на името Ематија… „Ематија е позната по народот Пелазгиски“,[22] вели и Polub-„земја каде живееле еднороден и еднојазичен народ“, различно нарекувани но од ист род, и Strabon вели дека на територијата Матија (Ематија) порано нарекувана Пеонија, истото го велат и Polybius i Plinius, дека Пеонците се нарекувани и Пелагонци, и „во Епското дело ,,Илијада“ Пеонците и Пелагонците биле сојузници на Троја“.[23]


[1] во  De origine actibusce Getarum ( Getica), XXIII, Roma, 1986,p. 43,

[2] Albertus Grantzius, Vandalia, lat.,Hamburg, 1519, н.е.

[3] Thomas Kantzov, Cranik von Pommern, 1535, н.е.

[4] Г.С. Гриневич, Праславјанскаја писменост, Ресултати дешифроски, Москва, 1993 година, н.е.

[5] Stevan Verkovic, Veda Slovena, Zagreb, 1861 година, н.е.

[6] Аdolphe Pictet, les origines indo –europennes on les Aryas primitifs, Essai de paliontologie Linguistigue, Tome premier, Paris, 1877.p.9.

[7] K.Jiricek, Die Heerstrasse von Belgrad nac  Constantinopol und die Balkanpasse, Prag.1877.p.94, bel.55.

[8] Georg Hamartolos, Annales, Ed, Bonnae.1915.p.724.

[9] А. Иширковь, Македония, во: ‘,, Македонски прегледь’’, година III, 1. София. 1927

[10] J.Ph.Fallmerayer, Greschichte der Halbinsel Morea, 2. Bal. Stuttgart-Tibingen. 1830. P. 8.

[11] O.Haas, Die phrygischen sprachdenkmaler, Lind. Balc.

[12] Ibid…, B14.226.

[13] Маргарита Китан Ивановска “Букварот”2009, стр.16-17

[14] T.Liv., XI.40 Види и: Polub., XXIII.4.

[15] Marcus Inuianius Justinius, Historiae Philippicae, Lib. VII.1,1.

[16] J.R. Ellis, Philip II and Macedonian imperialism, London,.1976 p.44

[17] Josephe Kostrzevski,  Les origins de la civilization dolonaise, prehistoire-protohistoire, Paris. 1949. p.9.

M. Vaultier, Bulltetin des Sciences historique, antiquites, Philologie, Tome IV, Paris, 1825, pp, 396-397

Emile Burnouf, Essai sur la Véda, Paris, 1863, p.57.

[18] M. Ch. Fittboten. De Pelazgis, De comentario historica et eritica, Frankfurt. 1862 pp.11-23

[19] F. Sebastiano Dolci, De Illyricae…, p.IX.

[20] Jordanes, De origine actibusce Getarum(Getica), Lib. XXIII, Roma, 1986, p.43

S. Kutar, Kako vaznost ima “Jordanis” za slovensko zgodovinopisje, Ljubljana, 1880.p.86

[21] Маргарита Китан Ивановска “Букварот”2009, стр.13-14

[22] (Marcus Iunianius Justinius, Historiae Philippicae, Lib,VII. I.I.),

[23] Homer, Illiad., II, 849, 850

Најново од: Култура и туризам

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Македонскиот рубин – камен што го носи името на Македонија

Македонскиот рубин не е само скапоцен камен. Тој е природно богатство создавано во длабочините на македонската земја, минералошка реткост поврзана со прилепскиот крај и скапоценост што денес го носи името на Македонија во светот. Во белите мермери во околината на Прилеп природата оставила нешто навистина необично – кристали на корунд со розова, малинова и црвеникава […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

Промоција на „Раскинување на договорот“ во „Матица македонска“ – Сотирис Минас, Гркот кој ја побара вистината и ја засака Македонија

Во присуство на бројна публика, на 19 септември во книжарницата „Матица македонска“ во Скопје беше промовирана двојазичната поетска збирка „Раскинување на договорот“ на грчкиот поет и преведувач Сотирис Минас – автор кој нема македонско потекло, но сам го научил македонскиот јазик и преку своето творештво отворено проговори за Македонија, македонскиот јазик, идентитетот и правото на […]

Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор

Дали на Пеленица над Драчево навистина постоел манастир со необичното име „Свети Ерусалим“? Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор. Документите го потврдуваат името „Свети Ерусалим“, додека археолошките наоди сведочат дека Пеленица била значајно христијанско место уште во доцната антика. На само неколку километри над […]

Кралскиот оклоп од Кутлеш – ремек-дело на македонските мајстори од IV век пред нашата ера

Ова не е обичен војнички оклоп. Станува збор за исклучително дело на античкото оружарство, откриено во Кралската гробница II во Кутлеш, на просторот на древната македонска престолнина Ајга. Изработен од железо и богато украсен со злато, оклопот сведочи за моќта, богатството и високото мајсторство на Македонија во IV век пред нашата ера. Кралските гробници во […]

To top