Култура и туризам

Стари записи

stari-zapisi

stari-zapisiОваа света и душеспасителна книга наречена апостол ја приложи во Марковиот манастир Свети Димитар Мироточец аџи поп кир Никон, бивш архиѓакон на сеосвештениот Скопски митрополит аџи кир Теофан. Кој ќе ја одземе од овој манастир, да биде како Јуда и како оној што вика: земи, земи распни го, и да му биде противник на Страшниот суд, во денот на одмаздата, свети Димитар. Во 1687 година.

Руски печатен апостол, 1639 година.

*

Оваа Божествена книга наречена „16 пророци“ е на храмот архистратиг Михаил и преподобниот отец којшто во подножјето на Лесновската гора во (местото) Облово живееше испоснички живот; да не ја земе никој од горе споменатиот храм освен во време на манастирско разорнување и запустување. (Ако некој ја земе) да не му е простено ни благословено туку клето и проклето во овој век и во идниот и небесните сили Господови и преподобниот отец Гаврил да му се соперници на Страшниот суд, наместо застапници. Пишував со своја рака јас многугрешниот еромонах Костадин. Прочитај! Ќе најдеш во неа слатки зборови… месец септември, 12 (ден)… при егуменот кир Гаврил и проигуменот Кирил, во 1688 година.

Книга „Пророци“, 16 век.

*

Да се знае кога беше преземен град Укли во 1688 година, во првиот ден на месецот април.

Во 1689 година го презедоа Ниш, во дваесеттиот ден на месецот септември.

Пак во истата година, во месец октомври го презедоа Скопје.

Празничен Минеј, 17 век.

*

Спомни ги, Господи, душите на своите слуги: Неда, Стојан, Цветко, Калина, Петка, Јован.

Оваа книга евангелие ја преповеза еромонах Нектарие од село Ложани, а арчот го плати Неда Кипровица – и за евангелието и за октоихот. Бог да ја прости во царството небесно, Амин.

Во 1690 година. Тогаш Халил паша го разби со својата војска Скопје и Качаник и ја сече Скопската нахија. Тогаш беше големо зло и скапотија како што е сега.

Евангелие од Трескавец

*

Оваа Божествена  книга  „Богослоевие“ и „За православната вера“ на Светиот наш отец Јоан Дамаскин е бугарско-српска. Никој, впрочем да не се осмели да ја изнесе од светиот манастир под страв  од непростливо афоресување и анатема. 1691 година, 1 март.

Китијски и попечител Охридски Козма.

Богословски зборник, 16 век.

*

Оваа книга наречена евангелие се повеза во богохранимиот град Велес во 7205 (=1693) година, при егуменот Теодосиј.  Исаија еромонах откупи 3 книги за пет гроша и ги приложи во Лесновскиот манастир, во храмот на светиот наш отец Гаврил, 3 книги: евангелие, псалтир и часослов. Исаија еромонах.

Лесновско четвероевангелие, 16 в.

*

Да се знае како се оплени сета земја и во манастирот ништо не остана, освен книги и мошти. Пишував во 1694 година. Пишував јас, грешниот, од сите најмал еромонах Исаија…

Многу грешен ероѓакон, Бог да го прости!

Запис врз печатена книга од Лесновскиот манастир.

*

Писание од моја рака, на архиерејот Дебарски и Кичевски Јаким. Во 7200 (1698) година, месец март, 29 (ден).

Типик, 16 век.

*

Во 7208 година, а од Рождеството Христово 1700. Во таа година имаше затемнување на сонцето, а во истата година имаше голема чума по Македонија и голем помор. Никаде не остана здрав град, ниту здраво село.

Псалтир по последование, 15-16 век.

*

Оваа книга наречена Минеј за месец ноември, одново ја подврза за своја душа Јоан Стојов; Бог да го прости и нека му е помошница Пресвета Богородица. Месец Септември, 8-ми ден, во годината од Рождество Христово 1701.

Минеј за ноември, 14 век.

*

Ова евангелие го окова Трпен Кацалинов од град Охрид и го приложи во манастир Скребатно, за воја душа, во 1703 година.

Евангелие од манастир Скребатно.

Од книгата „Стари записи“ од Ѓорги Поп-Атанасов, Скопје  1996.

(Подготви Марко Китевски)

Најново од: Култура и туризам

Археолошкиот локалитет „Церје“ кај селото Говрлево, Скопско и локалитетот „Кокино“, Кумановско

Церје, Говрлево, мегалитска опсерваторија Кокино, праисториска Македонија, археолошки локалитети во Македонија, древна македонска историја, бронзено време, праисториска археологија, древни македонски печати, културно наследство на Македонија Исклучително знаење за докажување дека постоела ПРАИСТОРИСКА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА имаат печатите од локалитетот ,,Церје” кај с. Говрлево близу до Скопје. Имено, археологот Милош Билбија во 1982 – 1983 година, при […]

Под Скопското Кале пред повеќе од 5.000 години постоела праисториска населба

Под денешното Скопско Кале, на просторот што со векови претставувал значаен стратешки и историски пункт, се кријат траги од животот на луѓето уште од праисторијата. Археолошките истражувања потврдуваат дека овој простор бил населен многу пред изградбата на средновековното и подоцнежното утврдување. Според археолошките наоди, на подрачјето на Скопското Кале постоела праисториска населба, чии почетоци се […]

МАНАСТИР „СВЕТА ПРЕЧИСТА“ – КРНИНСКИ МАНАСТИР, ДУХОВЕН БИСЕР НА КИЧЕВСКО

Манастирот „Света Пречиста“, познат во народот и како Крнински манастир, се наоѓа на падините на планината Врвои, на надморска височина од околу 920 метри, на приближно 12 километри од Кичево. Сместен во прекрасна природна околина, опкружен со планински шуми и чист воздух, манастирот претставува еден од значајните духовни, културни и историски споменици на Кичевскиот крај […]

Неолитска култура на Централниот Балкан и на Егејот

Во Тесалија, под името Сескло или прото-сескло, културата по локалитетот покрај Volos, потоа уште Pirosasos, па Ahilon, Agrissa, Otzaki, Sufli и Tsani култури. Следат културите: Elatia во Фокида, Heronea во Беотија, Nea Makri во Атика, Корин, Спарта и Лерна на Пелопонез, Knos и Kato лерапетра на Крит, Amorgos, Lemnos итн. на егејските острови. Археолошките наоди […]

Асеманово евангелие е средновековен македонски книжевен споменик

На фотографијата се гледаат два столба со глаголски текст и големи црвени иницијали. Страницата е дело на калиграфот Георги Гоце Дуртаноски, кој со својот препис го доближува до денешниот читател изгледот на еден од најстарите зачувани словенски ракописи – Асемановото евангелие. Глаголски ракопис од X–XI век Асемановото евангелие е напишано на старословенски јазик со обла […]

„Св. Преображение“ во Зрзе – од пештерните испосници до средновековниот иконопис

На врвот на бигорната карпа западно од прилепското село Зрзе се издига манастирската црква „Св. Преображение“. Под неа, по падините на карпата, се зачувани остатоци од монашка населба чии почетоци археолозите ги датираат кон крајот на IX век. Кога во XIV век била подигната црквата на горното плато, во пештерите под неа веќе со векови […]

Ангелот од Курбиново и загатката за непознатиот ктитор

Опис од приложената фотографија: Западната фасада на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново, Преспа. На падините над Преспанското Езеро, кај селото Курбиново, стои еднокорабната црква „Свети Ѓорѓи“. Зад нејзината едноставна камена фасада е зачуван еден од највпечатливите фрескоживописи од крајот на XII век. Меѓу насликаните ликови, погледот најдолго се задржува на архангелот Гаврил. Наборите на неговата […]

Манастирот „Св. Рожденство на Пресвета Богородица“ во Согле

На околу три километри од селото Согле, во шумскиот предел на Азот, се наоѓа манастирот „Св. Рождество на Пресвета Богородица“. Комплексот е на територијата на Општина Чашка, на околу 30 километри југозападно од Велес. Од селото до манастирот води земјен пат. Манастир изграден со помош на околните села За почетоците на манастирот има малку пишани […]

To top