Култура и туризам

Препевот на „Илијада“ од Григор Прличев

grigor-prlicev

grigor-prlicevНа повик на цариградското бугарското спиание Читалиште Прличев се нафатил со препејување на Хомеровата „Илијада“. До списанието испратил дел од препевот и истакнал:

ДасепреведеХомерееднооднајзнаменититеделаштобидокажалодеканашиотнароднапредува… НознаетедекаХомередолгословецимногупатидреме. Ќесепотрудам, повозмножност, дагиодбегнувамнеговитенедостатоци. Ќебидамстрогконсе`штоеизлишно… Неќенапишамниеденстихизлишенилистуден, такаштодејствотодаврвисоиспослинскичекори… Бибилобезумнодапреведувамточно, буквално. Тогашмојатацелникаконеепостигната. Итака, преводотќебидеслободен.

Списанието, уште во почетокот, препевот на Прличев го поздравило како книжевно дело што ќе направи епоха во нашата народна книжнина. Меѓутоа Нешо Бончев кој бил прв литертурен критичар кај Бугарите во Периодичносписание го критикува и иронизира препевот на Прличев. И според него Прличев: негопреведувалОмира, тукуостриженимгопредложилнаБугаритеигодополнилиукрасилпосвојвкус.

Бончев во својата критика особено го нападнал јазикот на Прличев, начинот на препевање и произволните скратувања на Илијадата.

Оваа критика силно го погодила Прличев и за тоа случување самиот тој во својата автобиографија пишува:

Критикотпишувашедолгопротивмене. Нетребашетолку. Бидејќискашедамепоразиидапрепорачасвојпревод, можешедагокажесамооваПрличевнезнаебугарски, итогашјаснавистинабибилпоразен.

Ваквото случување ќе го натера да се откаже од печатење на препевот, а самото дело го фрлил во оган.

Прличев бил длабоко разочаран и од приемот на бугарскиот литературен круг во кој меѓу другите влегувале Христо Ботев и Љубен Каравелов. Тие двајца во еден фељтон го исмевале и истакнувајќи дека е неспособен писател, а самиот Прличев ќе создаде една творба под наслов „Гр. С. Прличев, убитијб’лгарами“.

Сето тоа допринело да се повлече во себе и опкружен со книги ќе се нафати на препевање на своите поеми „Сердарот“ и „Скендербег“.

Првата поема ја препевал неколкупати и во овие препеви ќе се чувствува родниот јазик на Прличев, но постепено ќе еволуира во општословенскиот есперанто кој сакал да го создаде.

Во 1886/87 година Прличев се нашол повторно во Бугарија со цел да го објави својот препев на Илијадата и со написот „Критик и преведувач“, во кој биле изложени погледите на Прличев за неговиот јазик, концепцијата за општословенски јазик и одговор кон критиката на Бончев и др. Но бидејќи писмениот јазик на Прличев немал ништо општо со тогашниот бугарски литературен и книжевен јазик не можел да најде издавач и овој обид останал неуспешен.

Најново од: Култура и туризам

Археолошкиот локалитет „Церје“ кај селото Говрлево, Скопско и локалитетот „Кокино“, Кумановско

Церје, Говрлево, мегалитска опсерваторија Кокино, праисториска Македонија, археолошки локалитети во Македонија, древна македонска историја, бронзено време, праисториска археологија, древни македонски печати, културно наследство на Македонија Исклучително знаење за докажување дека постоела ПРАИСТОРИСКА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА имаат печатите од локалитетот ,,Церје” кај с. Говрлево близу до Скопје. Имено, археологот Милош Билбија во 1982 – 1983 година, при […]

Под Скопското Кале пред повеќе од 5.000 години постоела праисториска населба

Под денешното Скопско Кале, на просторот што со векови претставувал значаен стратешки и историски пункт, се кријат траги од животот на луѓето уште од праисторијата. Археолошките истражувања потврдуваат дека овој простор бил населен многу пред изградбата на средновековното и подоцнежното утврдување. Според археолошките наоди, на подрачјето на Скопското Кале постоела праисториска населба, чии почетоци се […]

МАНАСТИР „СВЕТА ПРЕЧИСТА“ – КРНИНСКИ МАНАСТИР, ДУХОВЕН БИСЕР НА КИЧЕВСКО

Манастирот „Света Пречиста“, познат во народот и како Крнински манастир, се наоѓа на падините на планината Врвои, на надморска височина од околу 920 метри, на приближно 12 километри од Кичево. Сместен во прекрасна природна околина, опкружен со планински шуми и чист воздух, манастирот претставува еден од значајните духовни, културни и историски споменици на Кичевскиот крај […]

Неолитска култура на Централниот Балкан и на Егејот

Во Тесалија, под името Сескло или прото-сескло, културата по локалитетот покрај Volos, потоа уште Pirosasos, па Ahilon, Agrissa, Otzaki, Sufli и Tsani култури. Следат културите: Elatia во Фокида, Heronea во Беотија, Nea Makri во Атика, Корин, Спарта и Лерна на Пелопонез, Knos и Kato лерапетра на Крит, Amorgos, Lemnos итн. на егејските острови. Археолошките наоди […]

Асеманово евангелие е средновековен македонски книжевен споменик

На фотографијата се гледаат два столба со глаголски текст и големи црвени иницијали. Страницата е дело на калиграфот Георги Гоце Дуртаноски, кој со својот препис го доближува до денешниот читател изгледот на еден од најстарите зачувани словенски ракописи – Асемановото евангелие. Глаголски ракопис од X–XI век Асемановото евангелие е напишано на старословенски јазик со обла […]

„Св. Преображение“ во Зрзе – од пештерните испосници до средновековниот иконопис

На врвот на бигорната карпа западно од прилепското село Зрзе се издига манастирската црква „Св. Преображение“. Под неа, по падините на карпата, се зачувани остатоци од монашка населба чии почетоци археолозите ги датираат кон крајот на IX век. Кога во XIV век била подигната црквата на горното плато, во пештерите под неа веќе со векови […]

Ангелот од Курбиново и загатката за непознатиот ктитор

Опис од приложената фотографија: Западната фасада на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново, Преспа. На падините над Преспанското Езеро, кај селото Курбиново, стои еднокорабната црква „Свети Ѓорѓи“. Зад нејзината едноставна камена фасада е зачуван еден од највпечатливите фрескоживописи од крајот на XII век. Меѓу насликаните ликови, погледот најдолго се задржува на архангелот Гаврил. Наборите на неговата […]

Манастирот „Св. Рожденство на Пресвета Богородица“ во Согле

На околу три километри од селото Согле, во шумскиот предел на Азот, се наоѓа манастирот „Св. Рождество на Пресвета Богородица“. Комплексот е на територијата на Општина Чашка, на околу 30 километри југозападно од Велес. Од селото до манастирот води земјен пат. Манастир изграден со помош на околните села За почетоците на манастирот има малку пишани […]

To top