Култура и туризам

Тавче гравче

NS_berlin_5_-_Kopie

NS_berlin_5_-_Kopie

Гравот во нашето поднебје се произведува на повеќе места, но посебно е познат и прочуен тетовскиот грав.

Тавче гравче е традиционален македонски специјалитет. Се подготвува од македонски грав, а се сервира во земјени чинии.

состојки за приготвување:

  • грав,
  • кромид,
  • зејтин,
  • суви црвени пиперки
  • црвен пипер,
  • црн бибер во зрна,
  • сол,
  • зачин,
  • ловоров лист,
  • лук,
  • кечап и
  • магдонос

Начин на приготвување:

Гравот прво добро се чисти, се потопува да лежи во ладна вода најмалку три часа (по традиција се остава преку ноќ) за да омекне.

Гравот нареден ден се вари со истата вода во лонец заедно со сувите пиперки.

Кромидот исецкан на кругови, се пржи (немора да зарумени), а потоа се става:

црниот бибер во зрна,

сол,

зачин,

ловоров лист,

лук,

кечап и уште кратко се чува на топла плоча.

Се вади на страна и се става магдоносот  и црвениот пипер.

Смесата со кромидот ја ставаме во посебно тавче за печење и го додаваме варениот грав со истата вода во која го варевме.

Густината на гравот и смесата треба да биде во состојба гравот да може слободно да се меша со смесата од кромидот, (треба да се внимава да нема ниту премногу вода, а да нема ниту премалку) сето тоа добро го промешуваме.

Потоа содржината се става да се пече на температура од околу 220 степени сè додека не се запече одозгора.

При печењето да се внимава печениот грав да не биде премногу сув затоа што со текот на времето, гравот ја упива течноста која останала во тавчето во кое го печевме.

Вака печеното гравче се сервира по 24 часа, а пред да се сервира во порции се загрева.

Готовото тавче гравче може да се сервира освен само, во комбинација со сите специјалитети од скара како на пример: плескавица, кебапи, пржена сланина, печени ребра, печени колбаси и слично.

Исто така печеното гравче може да се сервира и како ладно предјадење- како салата.

Добар апетит!

Македонска нација

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top