Култура и туризам

Приказна за богот Македон

prikazna-za-bogot-makedon

Древните народи живеат со легендите за луѓето, боговите и природните сили. Има ли народ во светот што името со милениуми си го носи по својот бог Македон? Тоа се само Македонците, државата Македонија, царот на светот Александар Македонски, имињата Македонка, Дона-Донка во песните.

prikazna-za-bogot-makedon

Од каде ни е името на богот, народот, државата? Се знае. Од древнина, од самото постоење на буквата “е” пред Аполоновите светилишта, од “МА” – Големата Мајка – Македонија, славена со неолитски артефакти, статуи, фрески слики од Македонки низ историјата.

Ако Големата Мајка толку се почитува низ Македонија, можеби по неа го добивме името, ако и таа не го родила Македон, трајно да ни стане родоначалник, патрон, заштитник именик.

Во митолошките сфери се објаснува дека татко на Македон и Скит е самиот врховен бог Ѕевс што од небото ги ѕиркал најубавите жени и со нив оставил бројно поотомство на богови и божества, што се здале во заштита на Македонија, по примерот на Македон. Богот по своето име ја нарекол земјата Македонија. Таа традиција ја презеле македонските цареви и по свое име ги нарекувале градовите како Филипи, Александрии, Константинопол, Јустинијана, Марков град, Самоилова тврдина, Аполонии, Хераклеи, до Гоце Делчев, Сандански и други.

Само Македон го дал името за цела Македонија, за сите Македонци и сите градови со царски имиња.

Постојат и други толкувања за нашето име. Тоа било од низини, од дно меѓу планини и пак се поврзува со името Маке-дон, Посеј-дон, Тихи Дон, како дно на земјата, морето и еките. Други мислат, името дошло од изгледот на Македонците, високи, стројни, здрави луѓе као храстови од планините и полињата.

Во секој случај Македон го дал своето име на Македонците и ја одредил сличноста на боговите со кралевите и со луѓето. Македон ни се претставува како стар, мудар бог кој што бдее над Македонија од височините на црквите.

Ликот на Александар се претставува како Аполон; млад, светол, убав, моќен и лиричен. Филип личи на Херакло, тој е воин, херој, жесток борец во одбрана на Македонија. Такви се и многубројните македонски цареви слични по изглед, симболи и оружје јавнати на коњи како Александар, Самоил, Марко Крале, Делјан и Ангелите во небеските одреди на фреските низ Македонија. Тоа духот на Македон се појавува како всаден боговечен дух и кај обичните луѓе што го слават на пролет како Ксантика – празник на цвеќето, мартинките, победите.

Богот Македон се вљубил во Ксантика и ја барал меѓу расцутените дрвја и цвеќиња што се претворале во плодородие, а народот се веселел со пеење, пиење, со црвено-белата боја и летните зраци на сонцето што останале на знамињата и везењето до денешни дни.

Во спомен на Македон, Македонците носат имиња и презимиња. Не е случајно што Жан Митрев своето CD го нарече „Биди свој… Биди Македон“ или името “Македон” – фирма за бетон на Ниче низ која се изразува цврстината на Македонците верни на богот Македон.

Ангелина Маркус

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top