Култура и туризам

Крчин и Дешат

desat

desat

Голем Крчин (2341 мнв) и Веливар (2373 мнв)

Голем Крчин и Веливар се највисоките врвови на планините Крчин и Дешат кои се наоѓаат јужно од Кораб. Оддалечени се околу 120 км од Скопје, во близина на селата Ростуше и Битуше. До нив од Скопје се доаѓа прво преку автопатот до Гостивар и понатаму преку Маврови анови во правец на Дебар. На околу 30 км од Маврови анови или 1,5 км од манастирот Св. Јован Бигорски (има патоказ) се врти кон с. Битуше до каде има асфалтен пат.

На почеток од селото се оди во правец запад-југозапад по широка патека, по 5 минути се поминува преку бетонско мовче, се скршнува лево по патеката и се навлегува во шума. По 15-тина минути се наидува на пресушена чешма. Од тука патеката се дели на две патеки лево и десно, доколку се оди по десната патека во правец на запад најверојатно по најкраток пат и најбрзо се излегува над шумата и најверојатно таа води до црквичката под Голем Крчин. Ако се оди по левата патека после 30-тина минути се наидува на поточе кое се преминува и тука патеката послабо се познава и може да се изгуби но може да се тргне кон сртот одејќи директно на запад и така се излегува над шумскиот појас.

Во правец на сртот се наидува на карпест појас со ширина од неколку десетини метри, за чие заобиколување е потребно доста време, може да се премине преку него но многу внимателно. Потоа кон врвот теренот е тревнат и се оди по него и онатаму во правец југозапад, се доаѓа до едно седло и потоа преку еден помал врв се искачува Голем Крчин.

Од врвот за да се продолжи кон Веливар се оди во правец на север по срт, после 40-тина минути пешачење се наидува на патека од десната страна на сртот која што оди во правец на Веливар. Следејќи ја таа патека прво се стигнува до полуисушено езерце познато како Сува бара. Од тука се продолжува по сртот иако веќе нема патека и после 20-тина минути се стигнува до местото наречено Св. Недела (2050 мнв) – остатоци од некогашна црква.

Од тука почнува искачувањето на Веливар, по кратко време се покажува и патека. Од остатоците од црквичето до највисокататочка на Дешат потребни се околу 40 минути.

Од врвот може да се оди директно во правец на езерото Локув кое во однос на Веливар се наоѓа во правец југоисток-исток. Во тој правец се наоѓаат две мали езерца и прво се оди кон нив, може и да се продолжи по патеката која се покажа на искачувањето кон врвот и којашто исто води кон езерцата. По поминување на езерцата патеката продолжува понатаму и следејќи ја неа се навлегува во шума по тука веќе широка патека, после 40 минути се наидува на т.н. Османовата ливада. Од ливадата се појавува и помала патека која заобиколно води директно во с. Битуше (не преку езерото Локув). Треба да се продолжи по широката патека и понатаму низ шумата и се стигнува до езерото Локув (има обележувања по патеката). Од езерото има маркирана патека до с. Требиште. За да се стигне до с. Битуше треба после дваесетина минути пешачење по таа патека да се скршне на една кривина (пред кривината може да се крати по една голема ливада) по помала патека во десно која води кон селото Битуше. Патеката не е добро видлива и треба да се внимава.
По 30-тина минути се наидува на чешма (т.н. Бранова или Викенд чешма) која што се наоѓа во непосредна близина на с. Битуше, и има вода. Од тука потребни се уште 15-тина минути за да се стигне во селото.
За целата тура потребни се околу 10 часа.

Превземено од : MKDmount

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top