Култура и туризам

Поречкиот Манастир „Раѓање на Пресвета Богородица“

porecki-manastir

porecki-manastir

Се наоѓа над селото Горни Манастирец, во близина на Македонски Брод, во областа, што се наоѓа по средниот тек на реката Треска. За време на турското владеење во Македонија, овој манастир бил запален, но нема точни податоци кога се случило тоа. На иницијатива на поп Костадин од селото Грешница, селаните го испратиле поп Димитрија во Цариград да побара одобрение од султанот за повторна изградба на манастирот. Со дозвола на султанот, месното население, со доброволна работа и средства, повторно го изградиле овој манастир во 1846 година. Потоа е отворено и првото училиште во овој крај во кое доаѓале ученици од повеќе поречки села. Учители биле црковните свештеници. Манастирот станал културен центар во овој крај.

Од тој период е конакот што се наоѓа на југоисточната страна, тој на јужната страна е изграден во почетокот на ХХ век, додека на 22 јули 2007 година, од страна на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј и Митрополитот Струмички г. Наум, се освети новоизградениот конак, кој се наоѓа на источната страна.

Манастирот бил значаен духовен и книжевен црковен центар во минатото.

Најновите научни истражувања сведочат дека овој манастир не е од 19-ти век, како што досега се мислеше, туку тој датира од 12-от век, ако не и порано. Историчарот Иван Снегаров, запишал дека „нема никакви сведоштва за времето кога бил основан, но селото Манастирец, како и соседното село Калуѓерец, кои постоеле во 14-от век, говорат за неговата ста­рост. Не може селото да се викало Манастирец, а да немало претходно манастир, ниту Калуѓерец, а да немало калуѓери.

Манас­тир­ската црква е градена од камен и од свежо гасена вар, а фрес­коживописот е работен со природни бои и со жолчка од јајце. Во однос на архитектурата, се смета дека од првобитната градба на манастирот е останата само црквата со јужниот параклис и нартексот. Надво­реш­ниот дел на храмот е со архитектонски изглед кој е духовно привлечен.

Во храмот има живопис од два периода, од 12. и од 19. век. Првиот и најстариот е од времето кога е подигната и црквата, најверојатно од 12. век или порано. Овие фрески своевремено пострадале, па затоа дошло до ново живопи­су­вање во 19. век. Импозантниот фрескоживопис од постсветиклиментовиот период го вместува овој манастир во значајните споменици. Манастир­ската црква ја красат преуба­вите сочувани фрагменти, кои зборуваат за недостижната уметничка убавина. Разнобојните фреско-остатоци ги има и во наосот, а и во олтарната апсида. Откако е симнат горниот слој на фрески, кои се од 19. век, јасно се виделе фреските од 12. век, кои зрачат со убавината на средновековната уметност.

На западната страна, над западната врата, се распростира на цел ѕид огромна фреска со претставени сцени од Страшниот суд. Најгоре, во среди­ната, е поставен ангел со отворена книга. Лево и десно од него се два ангела со труби. Под нив се наоѓаат есхатолошки фрескопрестави од воскресенито на мртвите. Тие сцени се поделени на два дела: на едната страна се оние што воскрес­ну­ваат од земјата и со нив е Спасителот како Цар на земјата, а од другата стра­на е како Цар на морето. Таму се нацртани разни риби и морски животни од чии усти излегуваат луѓе или делови од човечки тела на оние што се уда­виле во водите и биле изедени од рибите и од водните животни. Нив ги враќа мор­скиот свет од водата, заради воскресението. Со рибите е прикажан и октопод со човечка рака во устата. Бог е претставен како Праведен Судија, Владетел и Цар на живо­тот и смртта, Воскресител и Спасител. На јужниот ѕид била прика­жана немирната атмосфера на пеколот изделена во рамки (сочувана тешко видлива претстава на Жената што спиела во неделите и Мерењето на души­те), а на северниот, блажен­ст­вото и мирот на рајот, од кој е сочуван само ликот на праведен Авраам. Прет­ставата на Страш­ниот суд во западниот дел на црквата е силен печат за дог­мата за Второто доаѓање на Христос на зем­јата, за патиштата на праведните и казните што ќе ги стигнат престап­ниците и неверните…

„Црква„РождествонаПресветаБогородица“ – ГорниМанастирец“.

Главната манастриска црква која е единствена во комплексот е посветена на Рождеството на Пресвета Богородица. До скоро се сметало дека манастирот потекнува од 18 век, но Според Републичкиот завод за заштита на спомениците, тука се најдени фрески кои потекнуваат од 11 до 13 век, кој претставува нов момент за значењето на манастирот од историски аспект.

Поречкиот манастир во средновековието претставувал книжевен и просветен центар во Порече и пошироко. Таму учените монаси пишувале и препишувале книги со библиска и богослужбена содржина, како и преводи на некои светоотечки дела, слова и поуки. Оттаму биле снабдувани со богослужбени книги и со друга потребна литература и селските цркви во педесетината села низ Порече. Преданието сведочи дека 40 коњски товари со книги се однесени од манастирот кон Цариград. Каде завршило тоа книжевно богатство, не се знае.

Како потврда за книжевното богатство на манастирот и на Порече, може да послужат и четирите најзначајни сведоци пронајдени во овој крај:

  • Празниченминеј на дјак Добре од село Калуѓерец, ракопис од 14-ти век, пишуван во периодот од 1371-1395 година;
  • Поречкоточетвороевангелие, од средината на 16-от век;
  • Поречкиотоктоих – петогласник, од 15-16 век;
  • Бенческочетвороевангелие од 16-от век, од селото Бенче.

Во овој Поречки манастир, бегајќи од безбожничкиот режим на Совет­ска Русија, во 1917 година нашле прибежиште 20 руски монаси. Последниот од нив бил јеромонах Инокентиј.

Манстирот се посведочил како книжевен и просветен центар и во поново време. Од 1947 до 1957 година, во конаците на манастирот, работело основно училиште, во кое со образование се здобиле над 850 деца од Поречието. Но и претходно, во 18-от и 19-от век и во времето на преродбата и просвети­телство, во манас­тир­ските конаци работело ќелијно училиште, во кое монасите, како први наши учители, ги образувале и воспитувале децата.

Најново од: Култура и туризам

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Македонскиот рубин – камен што го носи името на Македонија

Македонскиот рубин не е само скапоцен камен. Тој е природно богатство создавано во длабочините на македонската земја, минералошка реткост поврзана со прилепскиот крај и скапоценост што денес го носи името на Македонија во светот. Во белите мермери во околината на Прилеп природата оставила нешто навистина необично – кристали на корунд со розова, малинова и црвеникава […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

To top