Култура и туризам

Одржан семинар за новите технологии во музејската дејност

beti-seminar

beti-seminarВо организација на Форумот на словенските култури, со поддршка на Министерството за култура и на Македонскиот национален комитет на Меѓународниот совет на музеи (ИКОМ) во понеделникот на 28 октомври во Скопје се одржа семинар посветен на новите технологии во музејската дејност. На него беа потенцирани факти и бројки кои го илустрираат се` поголемото внимание што Македонија и` го посветува на музејската дејност и археолошките истражувања во изминатите неколку години, што видно влијае на зголемувањето на нивната посетеност. На пример, Музејот на македонска борба регистрирал околу 100.000 посети за две години, а меѓу нив 25.000 биле странски, додека пак Музејот на Мајка Тереза го виделе 400.000 луѓе. Семинарот кој се одржа, но на друга тема и минатата година во Скопје, се смета за основа за партнерство меѓу музеите од регионот, а на него се договараат и активности и за 2014 година. 

Според Министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска која е и претседател на Управниот одбор на Форумот, следењето на новите технологии има огромен бенефит за музејската дејност. „Се потрудивме во сите музејски поставки да направиме нешто ново за да привлечеме што поголемо внимание, но и на музејската дејност да и` дадеме една побогата едукативна функција за младата генерација да доаѓа во музеите и да може директно да се запознае со тоа што го изучува во образованието“, рече Канческа-Милевска и најави дека согласно со Националната стратегија, во Музејот на Македонија ќе биде формиран посебен оддел за едукција на младите. 

„Многу вложувате во наследството и во музеите, зашто тоа е битно за вашиот народ и идентитетот. Важно е како тоа ќе го презентирате и кои приказни ќе ги подготвите“, напомена меѓу другото директорката на Форумот на словенските култури Андреја Рихтер нагласувајќи ја едукативната функција на музеите и важноста да се посетуваат предавања, изложби и работилници уште на предучилишна возраст.

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top