Култура и туризам

Македонски артефакти (11 дел)

artefakti1

artefakti1

Всушност, древната поврзаност претставува нов творечки момент, чии значајни аспекти или мајсторства се пренесуваат од генерација на генерација, а веродостоен е  исказот на македонскиот просветител Св. Климент, кој гласи: „Творецот на сé, го создал човекот на средината помеѓу ангелите и животните, одделувајќи го со говорот и разумот од животните, а со гневот и похотливоста од ангелите, па на кој од тие делови му се доближува, преку тој дел уште повеќе им се придружува на горните или на долните“.

Низ теоретски претпоставки се смета дека е решено прашањето на книжевно-творечката, книжевно-препишувачката и книжевно-преведувачката дејност на солунските браќа Светите Кирил и Методиј, и нивните ученици Светите Климент и Наум, оценувајќи го нивниот квалитет и теолошко филолошка димензија, но исто така до наши дни останува отворено прашањето околу преводите на таканаречените  грчки и латински преводи и редакции на Библијата, бидејќи сите настанале од првите Библиски записи со древномакедонскиот јазик Коине, и неправилностите доаѓаат од хибридните кованици на новонастанатите јазици, од една страна, а општо познато во лингвистиката е дека преводот никогаш не може да биде оригинал, од друга страна,  затоа и не случајно некои јазици како и римскиот јазик денес се мртви.

Да посочиме еден пример од топонимијата како производ од заедничката корен-основа на зборот “трн”со исто значење во македонскиот современ јазик ”трн”: Трново, село во Македонија и предел Трница; Тирново, место во Тесалија; Трнава, градот Тирана во Албанија (Матија); Трново и Тарново, места во Бугарија; Трновац, место во Србија; Трнова, Полска; Трнава, Австрија; Тирнава, на Британските острови; а по овој терк може да се набројат безброј примери од древната топонимија, оронимија, хидронимија, литература, драматургија, филозофија, историја, култура, цивилизација, која е олицетворение за вистината на македонскиот идентитет, македонското народно културно наследство, светска сторија на македонскиот народ, кој остави светски постулати за сето милениумско суштествување на благодатната од Бога земја Македонија.

Верското и народното пеење во Македонија се` до XXI век од н.е. е музичко надополнување (надградба) низ древномакедонскиот мајчин јазик, каде се негува локалниот мелос, односно оставштината од Древните Македонци (Бриги-Фриги) кои ја создадоа првата музичка скала наречена Фригиска, види запис кај римскиот историчар Плиние, книга 7. 197 глава, види запис кај Диодор од Сицилија, книга 2. 58 точка, види запис кај Плутарх, дел за музиката број 18, и со нескромно задоволство сакаме да ја истакнеме посебноста од богатата мелодиска орнаментика, со раскошни музички украси и варирања на мелодиската линија, кои пленат со својот раскош, во оваа прилика заслужува внимание да го споменеме името Јован Кукузел, кого светската музичка историја го забележала по првата светска нотација (неуми), роден Македонец во близина на градот Дебар, Р.Македонија.

Заслужува исклучително внимание да го поставиме прашањето, зошто новонастанатите таканаречени хибридни јазици ја исклучуваат етимологијата, а токму таа е суштествениот дел од лингвистичката наука, која неумолливо ги открива корените, потеклото, името, значењето, поимањето, толкувањето, содржината и кодификацијата на зборовите, така хибридните јазици едноставно се ослободуваат од погоре наведените нешта со неодговорно-научна оправданост дека тоа се само архаизми (стари) зборови, но помирувајќи се со содржината на зборовите ја исклучуваат кодификацијата на самите зборови и со тоа очигледно се сака да се скрие измамата за хаотичната неможност на хибридните јазици да ги кодифицираат зборовите, во оваа насока, денес живиот македонски јазик со севкупната древносна архаична сочуваност и со своите таканаречени ракавички низи на зборови, на пример рака, ракав, ракавица, и безброј други примери, можат да дадат јасна и научна потврда за поврзаноста на литературниот македонски јазик со древномакедонскиот, венетскиот, античкиот, односно пелазгискиот јазик.

Но латинскиот јазик е и значајна потврда дека Македонците се посебен народ, и крие многу тајни за Македонската и светската историја, оттука за Македонците и за сиот напреден свет латинскиот јазик не е и неможе да биде мртов, затоа неодложно треба да се исцрпат сите варијанти на создавањето на македонскиот и латинскиот, варијантите во нивниот народен и стандарден јазик, дури потоа да се земат интернационализмите произлезени од македонскиот јазичен код, со тоа ќе се разјаснат сите дилеми околу важноста и значењето на Македонскиот јазик како корен основа за словенските и останатите јазици во светот.

Во оваа прилика со задоволство изразуваме благодарност на македонските еминентни научници: проф. д-р Ташко Д. Белчев за научните трудови со древномакедонски белег; посебно внимание за преземените фус ноти од историчарот д-р Петар Поповски за двата тома „Украдена историја“; лингвистот Маргарита Китан Ивановска за научниот труд „Букварот“; академик Томе Бошевски и професор Аристотел Тентов за научните истражувачки дешифраторски трудови на Каменот од Розета; д-р Душко Алексовски за научните откритија од карпатската уметност во Македонија со древномакедонски белег; археологот Милош Билбија за откритијата  со древномакедонска материјална култура; Драги Митревски за откритијата на  гробниците македонски; инж. архит. Васил Иљов за појава на дешифрирани древномакедонски натписи, и на сите останати кои со своите трудови придонесуваат да излезе од заборав Македонизмот (хумано-духовно-културното) богатство, без што современиот свет не може  да има иднина.

Од светскиот научен аудиториум со нескромно задоволство очекуваме овој труд да биде пречекан со висок степен на разбирање и научно интересирање, што ќе претставува надградба за новите светски состојби, кои очигледно бараат сериозни разрешници за да може да егзистира реалното, индивидуалното, колективното, националното, наднационалното, односно, универзалното, во сите сегменти од идното валидно-полезно цивилизациско живеење-владеење на суштеството човек во сиот свет.

П О Г О В О Р

Татковинските милениумски збиднувања, од сите сфери и епохи на живеењето укажуваат на континуитетот од колективното и поединечно историско минато, а индивидуите или етногенородниот народ опстојуваат преку надоврзување и се задолжуваат на паметење, изучување, негување, спознавање, продолжување, критика, одбрана… за да егзистираат како татковинска, заокружено-потврдена целина  идентитет.

Величествен стадиум на полезно суштествување се јавува во мигот помеѓу потребите и причините за практицирање човекољубие, низ слободна добра волја, со вера во Бога, прочистен ум и валидно-полезно-едуциран разум, за хумано-духовно-културно цивилизациско суштествување, за човештвото да опстане и да може да еволуира во повисоки цивилизациски начела, стремежи, дострели и дела, низ повеќестрано, повеќеслојно и многузначно валидно вдахновено-продуховено-човекољубиво суштествување, низ осознавање, почит и практицирање на даденоста Божја, во дел од Сéсистемот, Сéсреденоста и Сéмоќноста Господова.

Сéсистемот, Сéсреденоста и Сéмоќноста Господова, се врвно таинство за суштеството човек, но мозаикот вистина (премин од незнаење во знаење) е надградба која доведува до практицирање на валидно хумано-духовно-културно цивилизациско суштествување, а со досегашното практицирање на потребите на човештвото, единствено преку грижата за другиот може да егзистира полезна и здрава мисла, суверена размисла и продуховена свест за хумано-духовно-културно цивилизациско суштествување.

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top