Култура и туризам

Свечена академија за 60 години од основањето на Институтот за македонски јазик

Во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, во присуство на голем број гости, лингвисти, проучувачи на македонскиот јазик, професори, сегашни и поранешни вработени, денеска беше одбележана шеесетгодишнината од основањето на оваа научна установа.

На свеченоста, на која претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод јубилејот, на Институтот му го додели признанието Повелба на Република Македонија, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска истакна дека станува збор за институција која е вистински афирматор на научната вистина за Македонија и за македонскиот јазик.

–Македонскиот јазик е дел од нашето богато наследство, тој е компонента која го детерминира нашиот идентитет и без него, идентификацијата во светски контекст е невозможна. Токму затоа, грижата за македонскиот јазик е наша неодминлива обврска што мораме да ја демонстрираме на сите рамништа и во сите сфери на неговата употреба – истакна министерката за култура.

Таа ја посочи успешната соработка на Институтот за македонски јазик со Министерството за култура, со чија поддршка е реализиран голем дел од проектите на Институтот.

– Ќе ги споменам многубројните монографски трудови за македонскиот јазик што ги издаде Институтот, како и капиталната публикација која се вброи во врвните достигнувања на македонската лингвистика, делото од највисок национален интерес, Толковниот речник на македонскиот јазик. Сиве овие активности ги промовираа спецификите кои му се иманентни на македонскиот јазик, во општословенскиот и балканскиот јазичен простор – рече Канческа-Милевска.

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, на денешната свеченост потенцираше дека низ децениите, Институтот им помогна на многу македонисти, на многу македонски пријатели од целиот свет да ја разберат Македонија, афирмирајќи ги со тоа македонскиот јазик и македонската литература и култура.

–Затоа, како претседател на Република Македонија, донесов одлука на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ од Скопје да му се додели признанието Повелба на Република Македонија. Повелба со која ја искажуваме нашата искрена благодарност на Институтот за шестдецениската научноистражувачка дејност на полето на проучување и негување на македонскиот јазик. Повелба со која ја изразуваме нашата почит кон вработените, кон членовите на научноистражувачкиот кадар што веќе 60 години доследно и посветено ја исполнуваат мисијата и визијата на Крсте Петков-Мисирков – рече претседателот Иванов.

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top