Култура и туризам

Приказна за македонците во Русија

makedoncite-vo-rusija

makedoncite-vo-rusija
Ирата од Охрид, царевите руски ја разнесоа низ големата руска држава

Во XI и XII век, кога во Македонија постоеше единствена автокефална црква, Охридската Архиепископија, таа беше единственото просветно жариште за многу народи што во тоа време го прифатија Кирилското писмо, а со тоа и христијанството и воопшто македонското влијание на пошироки простори преку Киев и Москва. Во тоа време се покрсти царицата Олга и го доби светото име Елена. И кнезот Владимир се покрстил и оженил во Охрид, синовите Роман и Давид биле канонизирани како светители Борис и Тед со јурисдикција на Охридската Архиепископија. Влијание се вршело и преку Св. Гора од манастирот Св. Катерина. Изградбата на киевската Кирилова црква од XII век во првата апсида наречена македонска сала има зографисано 25 македонски светители и целата градба со мозаици, фрески икони го отсликува македонското влијание во Русија. Постоела силна преписка во православните цркви и Русија го возвраќа влијанието на Македонците со помагање на покорените православни земји. Од XIV век Руската православна црква станува покровител по укинување на Охридската Архиепископија во 1767 г. Руските цареви копнееле по Охрид и ги прифаќале сите Македонци кои се населувале во Русија, бегајќи од теророт што го вршеле Турците во Македонија по Карпошовото, Разловечкото и Кресненското востание и Илинден. Во Украина, Екатерина II во 1752 г. формира православни полкови од доселени Македонци со свој грб и знаме, според архивите проучени од д-р Матковски. Македонските доселеници биле заведувани како Македонци припадници на македонската нација. Трагите на Македонците од тоа време ги сретнуваме во топонимите како Македони, Кумановка, Кратовка, Скопиевка и полковите од 1773 г. наместо македонски ги добиле имињата според градовите како на пр. Нови Полошки полк итн. Тие траги траат не само во топонимите, имињата, писмото, јазикот, туку во целокупната македонска култура останата таму и од XIX век со школувањето на македонски студенти.

Во Москва, Петерсбург, Киев, Одеса… работеле голем број македонски учители, учебникари, преведувачи и воспитувачи на царските деца, како Анатол Зографски, кум на Николај I и учител на царските деца, брат му Партение Зографски, Рајко Жинзифов и Андреја Петковиќ биле руски конзули во Турција и Австрија. Браќата Миладиновци, Григор Прличев, Ѓорѓија Пулевски, Крсте Мисирков, Димитрија Чуповски и многу други македонски преродбеници битката за слободна Македонија ја воделе на културно поле од Русија.

Откако соседите по Балканските војни си ја поделија Македонија како и народот, јазикот, црквите, териториите, под покровителство на големите сили, прогласиле дека во Македонија немало еднороден јазик и народ, си создале свои еднородни држави со Македонците внатре, не признавајќи ништо наше.

Турското ропство го заменија со христијанско. И по 100 години тврдат дека македонското писмо било нивно, дека македонската земја, црква, народ, име им припаѓа ним, на еднородните Грци, Срби, Бугари, Албанци… Под ноктите на грабливците ѕирка македонството што не можат да го сопрат со ништо. Македонскиот дух живее на руска територија како сродност со Македонците и идентичност во соседството – Македонство.

Ангелина Маркус

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top