Култура и туризам

Алпинистички локалитети во Македонија

alpinisticki-lokaliteti-vo-makedonija

alpinisticki-lokaliteti-vo-makedonija

Прегледот на алпинистички локалитети во Македонија ќе го изнесеме согласно со географската поделба на Република Македонија. Освртот се однесува на најфрекфентно користените алпинистички качувалишта во Македонија.

Најголеми алпинистички локалитети сместени по течението на реката Вардар се: Матка крај Скопје и Демир Капија во јужниот дел од течението на Вардар. Покрај нив, алпинистичка активност има и во локалитетите Пешти крај Велес, Сапунџица и Чичи Кај на Кожув, Китка крај Скопје и други.

Најголеми алпинистички локалитети во западниот дел на земјата се: Лешница на Шар Планина, Солунска Глава на Јакупица, Остра Карпа и Стогот на Селечка Планина. Покрај нив, алпинистичка активност има и во реоните на Кораб, Долината на реката Радика, Бистра, Пелистер, Галичица и други места.

Алпинистичките локалитети во источниот дел на земјата не се најдобро проучени но постојат интересни региони во околината на градовите Штип, Радовиш и Струмица.

МАТКА

Алпинистичкиот и спортско качувачкиот локалитет Матка се наоѓа во кањонот на реката Треска околу 10 км југозападно од градот Скопје. До Матка може да се стигне со автомобил по асфалтен пат или со локален автобуски превоз број 60, кој сообраќа од центарот на градот до Матка.

Алпинистичките и спортскокачувачките насоки се наоѓаат на карпите кои се наоѓаат од обете страни на кањонот во кој е изградена брана и вештачко езеро. Матка е срцето на алпинизмот во Македонија и многу што на Матка зборува за историјата на нашиот алпинизам.

Сместување е можно во планинарскиот дом “Матка” кој е отворен преку целата година, а истиот се наоѓа на брегот на вештачкото езеро. До него се доаѓа по уреден пат за 15 минути од паркингот за возила односно последната автобуска постојка. Домот располага со околу 50 легла. Во домот има можност и за ресторанска исхрана.

На Матка може и да се кампува со шатор и тоа главно на две места:

Во дворот на планинарскиот дом “Матка” и во дворот на манастриот Св. Никола Шишевски кој се наоѓа на спротивната страна од езерото. Кампувањето во манастирот Св. Никола Шишевски е бесплатно.

Карпата на Матка по состав е варовник кој се карактеризира со умерена компактност. Алпинистичките и спортско качувачките насоки се наоѓаат главно на пет локалитети : “Централа”, “Отмарова Карпа”, “Карпа кај домот”, “Маткино Трло” и “Иглите на Матка”.

Бројот на алпинистичките насоки изнесува околу 40 со тежина од III до VII и А2 по UIAA, а должина од 150 до 200 метра. Сите алпинистички насоки се добро обезбедени со заштита in situ.

Спортско качувачките насоки кои ги има околу 30, се со тежина од VI+ до IX по UIAA. Сите се добро обезбедени со спит клинови. Должината варира од 15 до 40 метри.

Најдобри периоди за качување на Матка се од март до јуни и од септември до доцен ноември, што не значи дека и во зимските месеци не можете понекогаш да уживате во пријатни пролетни температури.
Постои водач за алпинистичките и спортскокачувачките насоки на Матка кој може да се набави во планинарскиот дом.

Превземено од „Убава Македонија“

Најново од: Култура и туризам

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Најнови вести

To top