Култура и туризам

Приказна за царот Константин

carot-konstantin

„Царот Константин и богољубената царица Елена не можеа, а да не изградат свој храм во саканото им Скопје“

carot-konstantin

На крајот на III в. по Хр. со Римската империја владееле четири цезари. Диоклецијан од Сплит, Констанцио од Ниш, Галерие од Сердика (Софија) и Луцијан од Дакија, сите од Македонија како што и тогаш се викала провинцијата. Во 306 година по Хр. сите ја предале власта на посвоени наследници а само царот Константин бил избран за цар од војската, како што се бирале наследните македонски владетели од древнина.

Константин во меѓусебните судири за доминација ги поразил совладетелите и по примерот на Александар Македонски ја обновил империјата, проширувајќи ја од Египет до Шпанија и Англија. Создал една држава, со еден цар, со една религија, градејќи многубројни градби по примерот на македонските палати и базилики, богато украсени со фрески и мозаици. Како и претходните македонски цареви изградил градови кои ги нарекол со своето име – Констанцио, Константинопол…

Со закон го заштитил Христијанството и масовно ги покрстувал паганските племиња. Лично учествувал на Никејскиот собор за да го спречи прогонот и погромот на Македонците од страна на римските војници. Така ја возобновил Македонија како уште поголема држава која подоцна ја нарекувале Византија, и која, како таква успеала да стане столб на Православното Христијанство и да ја сочува и развива и понатаму уметноста, писмото и верата за што се залагале сите владетели од македонската царска лоза од Константин И, до Константин

XIX цели 1000 години. Македонците владееле на три континенти. Повеќе од еден милениум владееле низ цела Европа, Азија и Африка и ги оствариле идеите на Константин исто како што тоа го направил Александар.

Мајката – царица Елена, со поддршка на целиот двор има голема заслуга за градењето на првите цркви и манастири од Ерменија до Палестина, Египет и Македонија. Таа ги заштитувала пустиниците, го ширела монотеизмот низ цела Европа и ја поддржувала војната со крст на мечот, како поддршка на Христијанска Македонија.

Во почетокот на IV век и во Скопје била изградена црква “Цар Константин и царица Елена”. Во 1963 година за време на земјотресот, во центарот на Скопје се урна црквата која го носеше нивното име и за жал таа до денешен ден не е обновена. Почитувањето на овие светци продолжува сè до денешното време. Скоро и да нема црква во Македонија каде што нема фреска со нивните ликови која го раскажува нивното житие исто како што и Евзебие го раскажал животот на царот, четирите неговите синови-наследници, браќата, внуците и останатите потомци на лозата на Константин.

Во Македонија и денес децата се крштеваат со тоа славно име, Константин I Великиот, и со милениуми во народот се чува споменот за Македонскиот царски род. Во Ерусалим во првата црква на Царицата Елена се гледаат Македонски штитови на воините и ангелите како спомен останат од тоа славно време па се` до денес…

Ангелина Маркус

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top