Култура и туризам

Приказна за Јустинијан од Скопје

justinijan

„Јас царот Јустинијан, освоив многу градови, а уште повеќе изградив, но мојот роден град е мојата најголема љубов“

justinijanРимското царство кон крајот на четвртиот век се поделило на Западно и Источно. Западното царство во вештачки граници, со вештачки јазик, вештачка конгломерат култура и градбите какви што ги граделе покорувани племињата од Рим, пропаднале под налетот на Готи, Авари, Хуни, Вандали и кој не други. Источното царство се одржало на македонската територија продолжувајќи ја македонската култура, јазик, црковно писмо, уметност, градби, обичаи. Дадено и е ново име, Византија, иако народот си е ист – Македонци. Можеби затоа што со новото име се надминати етничките граници на Македонија иако на власт биле македонски владетели. Во крајот на петтиот и шесттиот век во Таор и околните царски палати оградени со тврдини до Бадер и Скопје живеела династијата на Јустинијанови. Јустин Први чичко на Правдин преименуван во Јустинијан го повикал во Цариград да се школува за подоцна да го преземе владеењето врз целото Источно царство или поранешната Римска империја. Јустинијан уште повеќе го проширил и го обновил царството од Константин и Александар, во исти битки и на исти места го обединувал светот. Така скопската царска династија оставила траги по сите градови во Македонија. Прокопие, Јустинијановиот советник и секретар, оставил пишувани документи за сите активности на Царот, посебно за градот Јустинијана. Градот бил украсен со големи тврдини и кули, убави згради, цркви со мозаици, водоводи, базилики помеѓу реки и ридови, од Таор до Бадер и Скопје. Камениот мост под тврдините на Скопје, тука е водоводот-вијадукт и други градби насекаде, како и бројни наоди од пари со ликот на царот. Овие археолошки наоди ги присвојувале сите туѓинци што поминале низ Македонија, а тие си останале тоа што биле секогаш, само македонски и не само во Скопје како роден град на императорот туку насекаде каде што се простирало Македонското владеење.

Наследството во Цариград се гледа и не застарува. Тоа е црквата Св. Софија што ја изградил Јустинијан пред 1500 години и тврдините околу градот, со триесет километри долги двојни ѕидини и уште многу сè уште видни знаменитости. Низ цела Македонија изградил уште 600 нови тврдини на градовите. На Дунав оставил други 80 тврдини со одбранбени ѕидови. Изградил епископии во сите поголеми градови како во Солун, Стоби, Еге, Пела, Стибера, Хераклеја, Бер, Ниш (Наис), Сердика, Сирмиум, Охрид. Со царицата Теодора живеел раскошен царски живот и ја одржувал царската традиција како што е прикажано на фреските во Равена со сите древномакедонски царски симболи на облека и градби украсени со сонца. Сето тоа Јустинијан го ставил во кодекс на македонското право, низ параграфи го овековечил државното, фамилијарното, приватното и православно живеење во Македонија. Со право името на најугледниот правен факултет во Македонија на скопскиот Универзитет се вика “Јустинијан Први”.

Ангелина Маркус

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top