Култура и туризам

Сретение Господово

sretenie

sretenieНа празникот Сретение Господово Црквата го слави споменот на значајниот настан во земниот живот на нашиот Господ Исус Христос (Лука 2, 22-40). Во 40-от ден по раѓањето, Богомладенецот беше принесен во Ерусалимскиот храм – центар на верскиот живот на богоизбраниот народ. Според законот Мојсеев (3. Мој. 12),  на жената што ќе роди машко дете, во текот на 40 дена ѝ било забрането да влегува во храмот Божји. По истекот на тоа време, мајката доаѓала во храмот со младенецот за да Му принесе на Господа благодарствена и очистителна жртва. Пресвета Дева, Мајката Божја, немаше потреба од очистување, зашто Го роди Изворот на чистота и светост без да познае маж, но по Своето длабоко смирение Таа му се потчини на пропишаното во законот.

Во тоа време живееше во Ерусалим праведниот старец Симеон (се слави на 16 февруари). Тој беше добил откровение дека нема да умре додека не Го види Христа Спасителот. По небесно вдахновение, благочестивиот старец дојде во храмот во тоа време кога Пресвета Богородица и Праведниот Јосиф Го донесоа тука Младенецот Исус за да го исполнат законскиот обред. Богопримецот Симеон Го зеде на раце Богомладенецот и, благословувајќи Го Бога, изрече пророштво за Спасителот на светот: Сега го отпушташ Својот раб со мир, Владико, според зборовите Твои, зашто очите мои го видоа спасението Твое, што си го приготвил пред лицето на сите народи, светлина за просветлување на незнабошците и слава на Твојот народ Израилот (Лука 2, 29-32). На Пресвета Дева, пак, Праведниот Симеон Ѝ рече: Еве, Овој лежи за паѓање и подигање на мнозина во Израилот, и е знак против Кого ќе се говори. А и на Тебе Самата меч ќе Ти ја прободе душата, за да се откријат помислите на многу срца (Лука 2, 35).

Во храмот беше и 84-годишната вдовица Ана, пророчица, ќерка Фануилова (се слави на 16 февруари), која не се отстрануваше од храмот, служејќи Му на Бога ден и ноќ со пост и молитва. И таа во истиот час пријде славејќи го Господа и им зборуваше за Него (Богомладенецот) на сите што Го очекуваа избавувањето во Ерусалим. (Лука 2, 37-38).

До Христовото Рождество сите праведни мажи и жени беа живееле со вера во Месијата Кој треба да дојде, Спасителот на светот, и Го очекуваа Неговото доаѓање. Последните праведници на Стариот завет, кој истекуваше – праведниот Симеон и пророчицата Ана, се удостоија да Го сретнат во храмот Носителот на Новиот Завет, во Чија Личност веќе се сретнаа Божеството и човештвото.

Празникот на Сретението Господово спаѓа во најстарите празници на христијанската Црква. Познато е дека на денот на овој празник одржуваа беседи светителите Методиј Патарски (†394), Кирил Ерусалимски (†360), Григориј Богослов (†389), Амфилохиј Икониски (†394), Григориј Ниски (†400), Јован Златоуст (†407). Сепак, овој празник сѐ до 6 век не се прославуваше толку свечено. Во 528 година, за време на императорот Јустинијан (527-565), Антиохија ја снајде несреќа – земјотрес, од кој погина многу народ. По таа несреќа следеше друга. Во 544 година се појави чума, која секојдневно косеше неколку илјади човечки животи. Во тие дни на сенародна беда, на еден благочестив христијанин му беше откриено дека празнувањето на Сретението Господово треба да се прави посвечено.

Кога на денот на Сретението Господово беше отслужено сеноќно бдение со литија, престанаа несреќите во Византија. Во благодарност на Бога, Црквата во 544 година, за време на владеењето на Јустинијан I, востанови посвечено да се празнува Сретението Господово.

Со многу црковни песни го украсија празникот црковните песнотворци во 7 век – светителот Андреј, архиепископ Критски, во 8 век – светителот Козма, епископ Мајумски, преподобен Јован Дамаскин, светителот Герман, патријарх Цариградски, и во 9 век – светителот Јосиф Студит, архиепископ Солунски.

Со настанот Сретение Господово е поврзана иконата на Пресвета Богородица наречена „Смекнување на злите срца“ или „Симеоновото пророштво“, која треба да се разликува од иконата „Седумстрелна“ (13 август). Иконата „Симеоново пророштво“ го симболизира исполнувањето на пророштвото на праведниот Старец Симеон: на Тебе Самата меч ќе Ти ја прободе душата. (Лука 2, 35).

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top