Култура и туризам

Црско (Мало и Големо)

Според едни во далечното минато двете села претставувале една единствена селска населба и се наоѓале во месноста Грмаѓе. Неговите жители за да ги избегнат честите грабежи и пљачки се повлекле подалеку од комуникацијата во долините на планините Влак и Осој, односно ги формирале сегашните две села.

Според други првобитно постоеле две селски населби. Едната се наоѓала горе, приближно каде што се наоѓа Големо Црско и се викала Горно Црско, а другата долу во месноста Грмаѓе и се викала Долно Црско. Под овие две имиња селата се заведени во Опширните (турски) пописни дефтери од 14 век.

Според трети во почетокот на 18 век кога бил погубен Али-паша Јанински, со голема царска војска тргнал Ајредин-паша за да ги скроти одметниците од централната турска власт. Беспоштедната битка помеѓу војските на Ајредин –паша и на Амзи – паша се одиграла во близината на Суво Поле. Војската на Амзи – паша била поразена, тој бил жив фатен, главата му била отсечена и испратена на султанот во Цариград. Во таа жестока битка било збришано едно село под Љубен. Се раскажува дека преживеаните негови жители ги обновиле сегашните две села кои претходно (од досега непознати причини) биле напуштени.

Како што изнесовме постојат повеќе преданија за настанокот на селото, но исто толку, ако не и повеќе постојат преданија за настанокот на неговото име.

– Според првото селата го добиле името по бројните церови дабје кои овде од дамнина растеле. Со текот на времето од основата на придавката Цер се зборообразувало името ЦЕРСКО, а подоцна со редукција на вокалот е, се добило Црско.

– Според второто, од дамнина овде постоела една централна населба кон која гравитирале сите села од Горни Демир Хисар, односно Горни Железник и сите тие овде во одреден ден на годината го носеле царскиот данок. Местото каде што се збирал царскиот данок се нарекло првобитно Царско, а со отпаѓање на вокалот а, за побрз изговор се добило сегашното име Црско.

– Според третото, селата своето име го добиле по името на родното село на двајцата браќа (од струшко-охридската област) кои биле принудени да го напуштат, бидејќи некој Турчин сакал да ја граби нивната сестра.

– Според четвртото селата го добиле своето име по божествено убавата девојка Цара која не сакала да си ја промени христијанската вера и да се омажи за некој турски бег, кој не избирал средства во остварувањето на својата замисла. По името на прекрасната девојка Цара која овде се доселила околните жители селото го нарекле Царско, а потоа на истиот начин како што беше споменато се добило дефинитивното име Црско.

Народни песни од с. Црско:

Се собрале комитите

Се собрале комитите
ќе ми одат Суво Поле.
Напред оди војводата
војводата Јордан Пиперка.
Ќе ми фаќат метеризи,
ќе го чекат Алил Паша
што ја грабил Руса Стојна,
Руса Стојна од Мало Црско.

Проговара војводата:
– Ај да слеземе долу Брезово,
да го венчаме Алил Паша,
за невеста остра сабја.

Ај кажи кажи…

Ај, кажи, кажи, мајска природо,
кажи народе денес што има?
Долу во полето в село Могила,
таму се бие Цветков војвода,
со неговата верна дружина.
Бие се бие и негова дружина,
и со него дедо Андреја.
Бие се, бие, со турска војска,
во Могила Цветков мртов падна,
заради братство и за слобода,
лежи спокоен славен јунак,
лежи спокоен Цветков војвода.

Според книгата „Црско (Мало и Големо) – Стварност и легенда“, од Стојко Б. Стојковски, Битола 1998 г.

Марко Китевски за МИА

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top