Култура и туризам

Oбичајот „Четрсе“ ставен на репрезентативната листа на УНЕСКО

chetrse-unesco-lista

Националната комисија на УНЕСКО на 2-7 декември 2013го одбележа воведувањето на првото добро од Македонија на репрезентативната листа на светското нематеријално културно наследство на УНЕСКО – ритуалот „Четрсе“.

chetrse-unesco-lista

Се работи за уникатен и вековен обичај во Штип, кој се практикува на верскиот празник Св. 40 Маченици на 22 март, кога луѓе од сите генерации го искачуваат стрмниот Исар, попат се поздравуваат со најмалку 40 луѓе. Младите собираат и 40 камчиња, 39 ги фрлаат во Брегалница, а едно оставаат под перница зашто, според верувањето, ќе го сонат животниот сопатник.

Генералниот секретар на Националната комисија на УНЕСКО Лидија Топузовска истакна дека Македонија има бројни нематеријални културни добра и очекува дека „Четрсе“ ќе го отвори патот и за другите две апликации поднесени во 2011 година – машкото соборско оро „Копачка“ од делчевско Драмче кое, исто така, е во трка за влез на репрезентативната листа, и долнополошкото двогласно машко пеење „Гласоечко“ кое аплицира за актуелната листа – за ургентна помош на добра кои се во опасност од згаснување.

– Нематеријалното културното наследство во Македонија се негува со векови и се пренесува со генерации. Таа претставува милје на богат извор на најразлични форми на изразување и практикување на нематеријалното културно наследство. Ова е голема чест, привилегија, но и обврска за нас, да се најдеме на листата на УНЕСКО како ремек-дело и универзална вредност што сега, по впишувањето, официјално станува дел од светското нематеријално културно наследство, рече Топузовска.

Апликацијата била подготвена во соработка со Општина Штип и со помош на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“, чиј директор, етнологот Зоранчо Малинов, истакна дека е горд зашто е штипјанец кој и самиот го практикувл обичајот и зашто првото добро од Македонија е заштитено во неговиот директорски мандат.

Ивона Опетчевска-Татарчевска и Велика Стојкова-Серафимовска ги пренесоа впечатоците од прогласувањето во Баку, информираа за сложениот процес на аплицирање, кој подразбира архивирање и научно документирање, пополнување специфични формулари со стриктни прашања, како и критериумите кои секоја година се заоструваат.

– Значењето на овие добра е големо, иако не можат да се видат. Тие траат од времето кога почнува создавањето на културните идентитети. Впишувањето на „Четрсе“ е историски чин со кој УНЕСКО ја признава македонската култура и идентитет, што е особено значајно во овие времиња. Ова донесува многу бенефити и е можност за Штип да се брендира, истакна Стојкова-Серафимовска, истражувач во Институтот за фолклор.

Таа апелираше до носителите на духовни добра (како занаети, карневали…) да поднесат иницијатива до Националната комисија на УНЕСКО и кај другите надлежни институции за да се впишат повеќе добра од Македонија на светската листа.

Најмногу (десетина) нематеријални добра има заштитено Хрватска, од која Македонија добила помош за своите апликации, а Словенија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина се уште немаат добра на репрезентативната листа, на која од цел свет се заштитени 281 добро. Покрај самостојно, Македонија е вклучена и во заедничка апликација – за празнувањето на Ѓурѓовден, а ќе учествува уште во две мултинационални апликации – „Мартинки“ и „Анегдотите на Настрадин-оџа“.

cOoLTuRa

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top