Култура и туризам

Христијански топоними во Овче Поле

ovce-pole

ovce-poleПо признавањето на христијанската религија за државна вера во римската империја, бил нанесен голем пораз на древните храмови и светилишта. Но, подоцна уништените античките храмови одново започнале да се обновуваат, и тие села биле третирани како свети места. Односот на христијаните кон старите објекти се изменил и тие често оделе кај овие свети места, најчесто со лековити извори, како што порано правеле домородците. На многу места каде што постоеле антички светилишта, христијаните граделе цркви и манастири. Така се зачувале старите обичаи за лековитоста на некои извори покрај црквите и манастирите.

Најмногу географски имиња поврзани со религијата останале од средните векови. Тие се среќаваат во атарите на повеќе села во Овчеполието, како имиња на месности. Најчести се топонимите: Манастир, Манастириште, Црквиче, Стара Црква, Бела Црква, Крст и Калуѓер. Местата каде постоеле манастири и цркви во средните векови го зачувале ова име до денес. Вакви топоними има во атарите на селата Богословец (Црквиште), Немањици (Латинска Црква, Црквиште и Манастириште), Макреш (Манастириште), Ќоселери (Манастир), Крушица (Бела Црква и Стара Црква), Павлешенци (Црквиште), Строиманци (Илин Крст), Кадрифаково (Црквиче), Ѓуземелци (Стара Црква, Бела Црква и Крст), Сопот (Стара Црква), Стањевци (Црквиште), Ранченци (Бошкова Црква), Долно Ѓуѓанци (Латинска Црква), Буриловци (Попов Крст) и многу други. Од ваквите имиња на месности може да се заклучи дека таму некогаш постоеле црковни објекти, кои биле уништени и напуштени.

Некои имиња на населени места и месности во нивните атари се поврзани со името на некој светител или верско лице. Градот Свети Николе го добил името по светителот Свети Николај, односно по црквата посветена на него. Селото Богословец, како што веќе рековме, името го добило по саканиот апостол евангелист Јоан Богослов, кај Богомилите псевдоавтор на Тајната Книга на Богомилите. Топонимот Света Петка во атарите на селата Мечкуевци и Малино потекнува од манастирските цркви посветени на Света Петка. Топонимот Калуѓер е евидентиран во атарот на селото Арбасанци, каде некогаш бил убиен калуѓер – човек кој припаѓа на црковниот ред и живее во манастир.

Лазар Серафимов, учител (1933 – 2013)

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top