Култура и туризам

Обичаи и верувања од Кочанско

orizari

Во селото Лешки мажите носат високи до под колената волнени дорамчиња, нашарени со геометриски мотиви, повеќе со црвена боја по пазувите. Тука употребуваат вили од природно дрво, дополнително завиени на врвовите.

orizariИмиња на делови на алатот за ткаење: разбој, страница, кросно, (две кросна), повртулка, фатала, брдо, нишељки, суфељка, гугутка, со шкрипец, прачка кроснена, поднушка, разпонки, цафка, котлаци (еднина котлак).

Алатот за мелење бунгур во Кочани се вика „рачница“ има камења со хоризонтални сплескувања. Грлото на горниот камен е продолжено со тенеќија. Куса дрвена дршка наречена р’чица (рачка), врз горниот камен служи за вртење на каменот.

Вител за предење на преѓа од едно дрво светнато од долга употреба.

Носијата кај старите жени во Лешки се одликува со тоа што саите се долги, а кај момите се многу куси и со широко растурени клинови.

Шарлаганџилница во градот Кочани за приготвување на шарлаган само од афионово (маково) семе. Најважен дел во шарлаганџилницата е фурната за печење на афионовото семе која се состои од два дела. Едниот е вистинска фурна е другиот е огниште. Првиот дел се одликува со тоа што подот е стрмен, а вториот дел е со хоризонтален под. Меѓу двата дела има ѕид и топлината од едниот дел го суши семето разлеано по стрмниот дел. И двата дела имаат посебни врати една до друга.

1. Најнапред семето се става во една каца да се измие. Миењето се прави со мешање со дрво. По извесно време околу час до час и половина семето се вади од кацата и се става во друга каца со солена вода за да се насоли. Водата во таа каца не е многу заситена со сол. Во таа вода семето не стои долго туку веднаш се вади, затоа семето не се спушта веднаш во водата туку се чува во вреќа која се потопува во кацата (или во кошница) па лесно се вади. Трета фаза исцеденото семе се става во фурната каде што се суши до соодветен степен.

Кога ќе се извади семето од фурната, се става на камен за мелење за да се сомеле во каша. Горниот камен на таа мелница се движи со коњ. За таа цел каменот е прицврстен со едно дрво на кое се впрегнува коњот. Тоа е горниот камен кој се тркала врз долниот камен положен хоризонтално. Кон средината на долниот камен има ситни, а на крајот подлабоки каналчиња, во насока на движењето. Околу горниот камен има тенеќе во кое се собира мелената каша.

Потоа таа каша се собира во казани „у казано да врие“ при што се меша со дрвена лопата. И кога ќе се испече кашата во казанот до степен на густ маџун и кога ќе почне де се одлепува од лопатата во неа се тура маја од шарлаган и продолжува да се меша околу 2 часа и се добива маса од шарлаган поткрената нагоре. Потоа таа маса се става на пресата собрана во вреќа наречена „падка“.

Пресата има округла форма и е железна. Долу под пресата во еден подметнат сад истекува чистиот шарлаган, а во цедалката останува т.н. „ќуспе“.

Камењата за мелење се разликуваат од обичната мелница. Имено долниот камен наречен „долнак“ е во форма на конус, а горниот „горнак“ со соодветно издлабена долна површина и го покрива долниот. На тој начин се обезбедува полесно истечување на мелената леплива материја. Подобро се направени мелниците во Блаце. Долниот камен лежи стабилно. Има направа за регулирање на меленото, поситно или поедро.

Се меле кога семето се става во незатоплена вода во која стои околу еден и половина час. Потоа водата се цеди од кацата и останува само миеното семе.

Со развиеното оризарство во Кочани и околијата се сврзани динките – на вода за лупење на арпата. Динката претставува голем чекан од камен со солидна дрвена дршка наречена „пастух“ на крајот на која со железо е прицврстен каменот. Каменот е со форма на превртена четиристрана пирамида, а пастухот е прикрепен на средината на оската, краевите лежат на две колчиња наречени уши. Арпата се собира во соодветна јама – кутија, по ѕидовите искована со штици. а бидејќи чеканот е многу тежок се движи со помош на вода. На оската пастухот е престегнат со железна гривна, меѓу која и пастухот се набиени клинови – заглавени. Во направата на динката се наоѓаат два чекани, движени од палците на масивно валмо движени од водата со силна струја што минува низ цилиндрична направа наречена бука. Такви динки има неколку во Кочани, засега има останато само една и таа занемарена.

Според сведоштвото на самите граѓани девојките во Кочани и по селата многу сакале да се црват. Тоа го правеле со црвена хартија, купувана од пазарот, без разлика каква хартија, само да пуштаат црвено кога ќе се наплукаат или намократ со вода. Употребувале и белило. Девојките во тој крај многу сакале да си ги китат главите со шарена преврска над челото, озгора на забрадката. Освен тоа прават и букети од сребрена трева. И особено сакаат да си закачат пауново перо, ако имаат такво.

Во селото Оризари има и сега активна динка. Во Кочани има само три динки кои веќе се растурени. Некои од тие ќе бидат приспособени за чукање на камена сол. При секоја динка има и вејалка за одвејување на отчуканата арпа. Тие вејалки се движат од водата која минува низ бука за која цел има направена специјална мала перка (водно тркало). Тука не знаат дека има врска меѓу кочанското и кочариновското оризарство како и на динките во двете места.

За едно деноноќие во една динка со два чекана се олуштувале околу 1000 килограми арпа. Според сопствениците на динките оризарите не биле задоволни од фабричкото луштење зашто поголемиот дел од излупената плева одело за гориво, а од динките сета плева била собирана и користена за храна на добитокот. Освен тоа и чистиот ориз при фабричко чукање многу се губел.

Во минатото за време на луштење на оризот во динките оризарите минувале многу време. Таму убаво си ручале ѓувеч и си пиеле вино, си правеле муабети зашто чукањето било бавно.

Според записи на Христо Вакарелски од 1942 година.

Марко Китевски

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top