Култура и туризам

Македонскиот опиум меѓу двете светски војни

opium

Истражувајќи во Архивата на Југославија, наидов на флејтон „Ран Балкан“ од францускиот публицист Албер Лондар од 1931 година, кој бил објавен во водечките париски весници, и со оглед на исклучително про-југословенски погледи на авторот, се нашол во архивата.

opiumТекстовите се базираат на „теренските истражувања“ на Лондар кој поминал некое време во Бугарија, со цел да ги открие механизмите за финансирање ВМРО. Еден од главните заклучоци ми послужи како мотив да го испитам прашањето на опиумот во меѓувоениот период на Југославија.

Не ми требаше многу време, врз основа на расположливите податоци за производството и извозот, да пресметам како производителите на опиум во Вардарската долина, помеѓу двете светски војни, задоволувале 43% од побарувачката на легалната преработувачка индустрија, додека последователната турско-југословенска соработка опфаќала 80% од светските потреби!

Она што посебно ме интересираше беше политичкиот контекст во кој се вршело производството и трговијата во такви пропорции, бидејќи стануваше збор за најмалку развиена област на Југославија.

За македонскиот опиум и одгледување на афионот не постојат аналитички текстови во историографијата (со исклучок на случајните референци за монополската политика), што ми беше дополнителен мотив.

Од цевките на пушка на тиквешката земја

Благодарение на геолошките предиспозиции на македонската земја и специфичната клима, одгледувањето афион уште во раниот 19-ти век стана ветувачка активност, преку која Турците видоа „скратен пат“ за економско придвижување на Македонија и зголемување на профитабилноста на турските поседи.

Првиот афион бил засеан во 1835 година во околината на Штип, а анегдотата вели дека афионските семиња биле донесени во цевките на пушка. Како први одгледувачи на афион се споменуваат Абдул Хешан Халил и извесен Али Симон Заде, кои првото семе го засеале во Кавадарци.

Во осумдесеттите години на 19-ти век селаните во Штип, според инструкциите на солунските трговци го одгеледувале растението, го посипувале со катран и го наплаќале добро.

Веста за чудната билка брзо се проширила, па долините Тиквеш и Рајац побелеле од огромните полиња со цветови. Со оглед дека македонскиот подвид на афион е создаден со вкрстување на бел и виолетово-сив афион, многумина заклучиле дека при формирањето на првото експериментално поле активно учествувал и некој експерт. Добрата страна на одгледвањето афион била во фактот дека по жетвата можеле да се засејат уште семиња, па истата година, од истата област да се добијат две жетви.

Првите статистички податоци покажуваат дека во 1880 година во долината на реката Вардар се произвеле 70 тони, дека во 1893 година преку солунското пристаниште се извезени над 19 тони, а дека следната година производството достигнало 79 тони суров опиум.

Во тогашната Отоманската Империја само во областа на Повардарието се одгледувани 28% од целокупното турско производство, иако и тогаш била забележана навиката на производителите да тежината на стоката ја зголемуваат со разни додатоци, со додавање на пржен леб, жолчка од јајце, варен скроб и слично.

Зоната на одгледувањето на опиумот на југословенското царство опфаќала 14.000 хектари во 40 општини во Вардарската долина. Македонскиот опиум благодарение на поволната почва и речни наноси бил меѓу најдобрите во светот, бидејќи содржел 14-16% морфин. За пример, кинескиот имал само 3-5% морфин.

Францускиот ботаничар Емил Перо за време на својот престој во Скопје изјавил дека „афионот од Јужна Србија го дава најдобриот опиум“, па не е чудно што бил многу баран во Франција, Германија и Швајцарија.

Највисок процент на морфин содржел опиумот одгледуван во околината на Кавадарци, Струмица и Велес, додека малку посиромашен бил во регионот на Прилеп и Кочани.

Покрај опиум, од афионoт се добивало и масло за јадење, кое половина се состоело од афионско семе. Културата на афионот барала добра подготовка на почвата и прецизен „тајминг“ и строго придржување кон роковите: од сеидбата кон крајот на август, разредување во почетокот на март, до запрашување на билките кон крајот на март и сечење на чаурите во почетокот на јуни.

Трошоците за производство на културата афион биле околу 5.000 динари по хектар, од кој се добивале 10-20 килограми опиум.

Откуп во рацете на политичката елита

Опиумскиот оддел на Првилигираното извозно друштво (ПРИЗАД) со седиште во Белград бил одговорен за купување на опиумот од македонските производители.

Според тврдењето на софискиот весник „Македонија“, основањето на наведеното привилегирано друштво, имало за цел целиот извоз на земјоделски производи (вклучувајќи го и опиумот) да го стави во рацете на државата, па според неговите одлуки целиот опиум кој имал пазарна вредност од 80 милиони динари се откупувал од македонските производители за само два милиони!

Покрај ваквите потези секој член на друштвото добивал по 2% од прометот, покрај платата и хонорарите. На овие привилигирани положби биле поставувани луѓе лојални на кралството и се формирала монополска управа.

На производителите и трговците на опиум не им одговарал овој паушален откуп, туку барале плаќање според процентот на морфин, кој е содржан. Наместо тоа, ПРИЗАД одредил фиксен надомест од 200 динари за килограм, при што штипските производители биле принудени да ги продаваат своите производи на околните пазари, значително под цената.

Женевската конвенција како кошмар

На иницијатива на Лигата на народите, за намалување на „опиумманијата“, во Женева е потпишана меѓународната конвенција за опиум (1925), за производството, ограничување и регулирање на поделбата на наркотиците (1931), и Конвенцијата за сузбивање на недозволената трговија со наркотични дроги (1936).

Конвенцијата стапи на сила кон крајот на септември 1928 година и Југославија беше меѓу 36-те земји-потписнички, на општо незадоволство на македонските производители на опиум. Точно, многу држави ги кршеја одредбите на конвенцијата сé до октомври 1939 година, кога стапи во сила указот со кој се предвидувале драконски казни за трговците и посредниците на дрога. Инаку, од вкупното светско производство, само 42% се користеле за медицински цели, а остатокот се конзумирал како опиум за пушење на Далечниот Исток и во Северна Америка.

Белградската Постојана комисија за наркотични дроги проценувала дека целата светска индустрија можела да апсорбира 250 тони суров опиум, а дека само во Вардарската долина се произведуваат 70 тони.

Пристапувањето на Југославија кон Женевската конвенција било примено со општо неодобрување. Некои ги критикувале „неетичките“ мотиви на Конвенцијата, сожалувајќи ја „потта на нашите земјоделци“. За нив тогашна Јужна Србија без опиум била иста како и Франција без лозје, Бразил без гума Америка без нафта.

Женевската конвенција влијаела на откупните и продажните цени, кои биле во постојан пад, како и приходите на производителите.

Малверзации и шверц

Во сите берби на македонскиот опиум меѓу 1920 и 1932 година биле добиени 1.029.000 килограми чист опиум, додека во истиот период извозот бил 808.505 кг. Настаните од март 1933 година кога во притвор се нашле пет членови на Одборот на директори на Економската банка на Јужна Србија, индиректно може да ни укаже на тоа што се случило со остатокот на неизвезениот опиум.

Трговските магнати во опиумскиот бизнис биле силно против монополизирање на извозот.

Имајќи предвид дека профитите на европските фабрики на опојни дроги во картел надминувале 400% во однос на трошоците на производство, во Турција почнале да се разредуваат резервите и да се претвораат во опиум за пушење, кој потоа се шверцувал во Кина.

Вишоците на македонскиот опиум, исто така, се движеле по нелегални канали, па југословенските граничари наишле на грав филуван со опиум, афионска смола во охридската јагула итн.

Југославија и Турција ги здружиле силите

Најголемите производители на опиум во Европа биле Турција, Југославија и Бугарија, додека во Азија, доминирале Кина, Персија, Индија и Јапонија.

Бидејќи Женевската конвенција ја преполовила опиумската потрошувачка во индустријализираните земји и ги намалила на приходите на производителите за една четвртина, се јавила идеја за југословенско-турска опиумска соработка.

Во составот на мешаното цариградско Централното биро за опиум влегле двајца турски и еден југословенски делегат, поради што е изразено сомневање во однос на непристрасноста на идните одлуки. Покрај тоа, Турција била една од 14-те земји кои не ја ратификувале Женевската конвенција, па во тие фактори треба да се бараат мотивите за нејзиното влегување во соработка со Југославија.

Почетокот на работата на Централното биро бил темпиран за јануари 1934 година, кога се очекувало нагло зголемување на цената на опиумот. Во меѓувреме, Турција под притисок од неколку моќни трговци и политичари, безгрижно ги извезувала старите резерви, но испадна дека токму тие ќе бидат главната конкуренција на пазарот за официјалниот југословенско-турски опиум!

Подредената положба на Југославија во однос на Турција, во која имало погони за преработка на опиумот, југословенското Министерството за трговија и индустрија, одлучило да ја поправи во август 1935 година, одобрувајќи да се изгради фабриката за производство на опиумски деривати покрај патот Скопје-Велес.

Залудни биле протестите на хемиско здружение на Кралството Југославија, кое тврдело дека таков бизнис им се доверува на необучени луѓе, бидејќи веќе во средината на октомври 1936 година, скопскиот митрополит ја осветувал новата фабрика, чиј капацитет бил 35 тони суров опиум или половина од целото југословенско годишно производство.

Владан Јовановиќ, „Македонски опиум: за финансиските и политичките размери на феноменот (1918-1941)“, Годишњак за социјална историја, XVI/3, Белград 2009, страна 69-79.

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top