Култура и туризам

Баба Планина

baba-planina

baba-planina
Панорамски поглед на Баба

За искачување на врвот Пелистер кој е во состав на националниот парк „Пелистер“ постојат неколку правци, и тоа: од планинарскиот дом Неолица преку Големо езеро; од с. Нижополе преку Големо езеро и од пл. дом Копанки.

Од пл. дом Неолица (до овој дом се стасува од селата Лавци и Буково преку маркирани патеки) преку врвот Скрково по гребенот до врвот Муза и преку Орлови бари до пл. дом Големо езеро. За овој дел од патеката потребни се 6 часа, од пл. дом Големо езеро до врвот преку Мало езеро уште 2 и пол часа. Патеката е маркирана, а домот Неолица работи само за викенди и празници.

Од с. Нижополе до Големо езеро преку гребенот Дебел рид потребни се 3 и пол часа. Патеката е маркирана. Домот во летните месеци работи секој ден, а во другите месеци само за викенди.

Од пл. дом Копанки за врвот постојат 3 патеки. Едната е преку гребенот – камењарот, а другите две се преку Болница и Широка. Маркацијата ПМ започнува од Копанки односно Бегова чешма – хотел Молика и води по патеката преку Болница. Од Битола до Бегова чешма може да се стаса преку селата Трново и Магарево. Од пл. дим Копанки патеката се спушта надолу по широкиот пат кај Палиснопје и се движи по неа до месноста Цапарски преслап. Од овој преслап патеката повторно влегува во шумата. Кај месноста Под Кулина стена патеката се дели десно, оди преку Широка и лево преку Болница на врвот. Друга насока по која може да се достигне врвот е од с. Брајчино од правец на Преспанското езеро. Направена е нова маркација и со неа се излегува на платото меѓу Големо и Мало езеро, и од таму може да се искачи врвот. Печатот се наоѓа на врвот во зградата на МТВ – репетитор каде има постојано дежурни.

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top