Култура и туризам

Ќе се истражува градот на Агријаните – најлојалните воини на Александар Македонски

agrijanite

agrijanite

Интервју со Виктор Лилчиќ, директор на Управата за заштита на културно наследство

За прв пат во рамките на заштитата на македонското културно наследство ќе биде користена најнова технологија на регистрирање на објектите под површината на земјата што ќе биде направено со новонабавениот георадар, кој во моментов е единствен на целиот Балкан .

Кои се во моментот приоритетите на Управата за заштита на културното наследство и која е улогата и значењето на започнатите капитални проекти?

Лилчиќ: Согледувајќи ја потребата од зголемување на развојот на државата преку активирање на археолошките културни ресурси, Владата пред неколку години започна со директна поддршка на селективно одбрани археолошки локалитети. Приоритетите притоа беа раководени од неколку фактори: археолошки локалитети на фреквентни местоположби, долж актуелни патни магистрали, да се потпомогне развојот на локалните заедници преку културата и археологијата, или пак значајни археолошки локалитети од прва категорија, што значи најголемите некогашни градски, културни, култни и сакрални средишта. Така Управата започна со поддршка на откривањето на најатрактивните локалитети долж Вардарската магистрала. На тој правец реално се наоѓаат околу 15 врвни археолошки локалитети, древни градови и тврдини.

Најавивте повеќе капитални проекти. За кои проекти конкретно се работи и кога може да се очекува нивна реализација?

Лилчиќ: Управата го сврте вниманието на повеќе археолошки локалитети. На Вардарскиот магистрален коридор фокусот го ставаме на доминантниот рановизантиски кастел и средновековен град Чрнче над населбата Црниче, познат како Маркови Кули Водно. Во близина на Стоби, започнува откривањето на ранохристијанската базилика од 5 век н.е., во атарот на село Крушевица. Со овој врвен репрезент на ранохристијанската уметност, започнуваме со реализација на Проектот Ранохристијанските базилики во Република Македонија. Имено, во нашата држава се евидентирани над 300 ранохристијански храмови од 4-6 век н.е., но досега беа третирани помалку од 100. Во кумановскиот крај започнаа истражувањата на градот на Градиште, Младо Нагоричани на брегот на реката Пчиња. Тоа бил најсеверниот раноантички високоцивилизиран град на пајонските Агријани, најлојалните воини-специјалци на Александар Македонски. Во Светиниколско започна истражувањето на најголемиот познат раноантички пајонско-македонски град Билазора, на Градиште, кај селото Кнежје. Започнуваме и со поддршка на проектот Археолошка топографија на старите градови и тврдини во Македонија. Годинава ќе се работи и на Кокино, со доистражување…

Беше најавена и набавка на георадар, уред кој им е неопходен на археолозите при нивните истражувања. Што е направено во оваа насока?

Лилчиќ: Дигиталниот георадар од фирмата Мала (Шведска) е пристигнат во Управата за културно наследство. Деновиве ќе биде јавно промовиран. Се работи за најновиот модел кој во моментот е единствен на целиот балкански простор. Длабината на продирање на електромагнетните бранови оди и до 6,5. За прв пат во рамките на заштитата на македонското културно наследство ќе биде користена најнова технологија на регистрирање на објектите под површината на земјата. На тој начин ние ќе можеме да ги видиме планиметриите на најголемите и најзначајните стари градови и култни објекти со што ќе добиеме можност за планско осмислување на идните активности на сите потребни локалитети.

Каква е соработката на македонската Управа со институциите за културно наследство од балканските и европските земји и во што се состои таа соработка?

Лилчиќ: Планираме соработка со институциите од заштитата на културното наследство од централана, западна Европа и од Балканот. Исто така, во план е користење на европските фондови најмногу во проекти кои имплементираат дигитална технологија во македонската археологија, музеологија и заштита на културното наследство.

Кажете ни нешто повеќе за изложбата во Манхинг Германија во рамките на која Управата ќе ги претстави артефактите од Македонија?

Лилчиќ: Овој високовреден културен хепенинг, како за Европа така и за Република Македонија, се реализира во рамките на Европскиот Проект “Судир на културите”. Главен настан на Проектот претставува изложбата под наслов “Златните лица на македонските кралеви – Македонците и Келтите од охридскиот регион”, во периодот од мај до ноември оваа година. Целта на проектот е да се прикажат културните контакти на архајските кнежевства и оние од класичното и хеленистичкото време на подрачјето на Република Македонија и присуството на Келтите на преминот од класичното во хеленистичко време во Македонија, поточно во древниот град Лихнид.

Извор:Археологика

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top