Култура и туризам

Византиска архитектура

vizantiska-arhitektura-1

Македонската династија во Византија не оставила голем впечаток во областа на архитектурата. Крстот во квадратна форма исто така преовладувал во словенските земји. Црквата Света Софија во Охрид и Катедралата Света Софија во Киев се прост пример за византиската архитектура од тоа време.

vizantiska-arhitektura-1

Византиската архитектура е архитектонски стил кој настанал на територијата на Источното Римско царство (во модерните текстови познато како Византија). Постепениот подем на уметничко и културно ниво настапил по 330 година, кога императорот Константин I Велики ја преместил престолнината на империјата од Рим во Византион, или подоцна попознат како Новиот Рим (или како што подоцна ќе се нарекува Константинопол, односно Истанбул). Империјата, која постоела повеќе од илјада години, драматично влијаела во создавањето и изградбата на средновековната архитектура во Европа. По падот на Константинопол во 1453 година, елементите на византиската архитектура во голема мера се задржале и кај османлиската архитектура.

Раната византиска архитектура претставува продолжение на римската архитектура. Постепеното развивање на самата култура, создавањето на сопствени елементи во архитектурата, со влијание од Блискиот исток, како и користењето на грчкиот крст во црковната архитектура доведува до се` поголемо развивање на византиската архитектура. Главен градежен материјал при изградбата на згради и некои други објекти било тула и камен. Куполите на објектите, посебно на црквите заземале поголема височина, како и украсувањето на прозорците.

Се смета дека првичен белег на тоа што подоцна ќе претставува византиска архитектура датираат уште од времето на Јустинијан I. Најпознатите зачувани градби од овој период се наоѓаат во градовите Равена (во Италија), и Константинопол (Црквата Света Софија). Еден од главните моменти во рановизантиската архитектура е преминот на комплексниот систем на градби од квадратен план во кружна купола или куполи на црквата. Јустинијан ја има честа да се смета за човекот одговорен за поставувањето на првите стандарди на византиската естетика во архитектурата, помеѓу другото и поради тоа што во периодот на неговото владеење било дојдено до научни сознанија кои овозможиле дополнителен квалитет во архитектонското изразување.

Во Равена, која во 402 година била престолнина на западното византиско царство, базиликата Сант Аполинаре Нуово е со осмоаголна форма, црква порачана од страна на императорот Јустиниан I, кој самиот тој никогаш не ја видел. Градбите на Јустинијан I во Константинопол ги вклучуваат куполите на црквите Света Софија и Света Ирина. Во тоа време, Аја Софија ја имала најголемата купола на светот, која се потпира на две т.н. полукуполи и кружни пандатифи. Црквата Мала Света Софија е комбинација од елементите на самата базилика и централизираната зграда.

Овој период ги вклучува и остатоците од Големиот дворец во Константинопол, Константинополските ѕидини, и Цистерна на базиликата. Базиликата Свети Димитар во Солун, Синајскиот манастир на планината Синај, манастирот Џавари во Грузија го стават крајот на рановизантиската архитектура во 7 век.

vizantiska-arhitektura-2Средниот период од византиската историја нема големо значење за архитекрурата. Црквата Света Софија во Солун и разрушената црква во Никеја од 1920-тите се само ретките архитектурни дела во Византија за тоа време. Македонската династија во Византија не оставила голем впечаток во областа на архитектурата. Крстот во квадратна форма исто така преовладувал во словенските земји. Црквата Света Софија во Охрид и Катедралата Света Софија во Киев се прост пример за византиската архитектура од тоа време.

Во Константинопол и Мала Азија, архитектурата во времето на Комнините скоро останала незабележителна, исклучувајќи ја Кападокија и црквата „Свети Пантелејмон“ во Константинопол. Голем дел од архитектурата се пренела по византиските покраини. Палеолошкиот период се одликува со повеќе изградби на цркви во Константинопол, посебно црквата Исус Спасител и манастирот Богородица Памакаристос.

Уште во времето на Константинските градби во Палестина постоеле два главни типа кои биле користени во архитектурата: базилика, претставуван од Светиот Гроб и кружен или централен тип претставена од големите осмоаголни куполи во Антиохија. Таканаречениот централен тип се одликува со многу дебел ѕид. Пример за овој тип е Црквата Свети Ѓорги во Солун и Црквата посветена на Светите Апостоли во Истанбул. Во оваа црква, која датира од 6 век, биле изградени пет куполи, од којшто централната била најголема. По 6 век замрела изградбата на цркви, коишто би можеле да им парираат на оние цркви кои биле изградени во времето на Јустиниан I. Таканареченото централно место или зона, која ја опфаќа и куполата е со квадратна форма, но понекогаш може да се јави и во форма на осмоаголник.

Во крајна сметка, византиската архитектура на западниот свет му го отвори патот кон романеската и готската архитектура. Во источниот свет, таа има големо влијание врз раната исламска архитектура, вклучувајќи ја и Омајадската џамија во Дамаск и Златната купола во Ерусалим.

Најново од: Култура и туризам

Археолошкиот локалитет „Церје“ кај селото Говрлево, Скопско и локалитетот „Кокино“, Кумановско

Церје, Говрлево, мегалитска опсерваторија Кокино, праисториска Македонија, археолошки локалитети во Македонија, древна македонска историја, бронзено време, праисториска археологија, древни македонски печати, културно наследство на Македонија Исклучително знаење за докажување дека постоела ПРАИСТОРИСКА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА имаат печатите од локалитетот ,,Церје” кај с. Говрлево близу до Скопје. Имено, археологот Милош Билбија во 1982 – 1983 година, при […]

Под Скопското Кале пред повеќе од 5.000 години постоела праисториска населба

Под денешното Скопско Кале, на просторот што со векови претставувал значаен стратешки и историски пункт, се кријат траги од животот на луѓето уште од праисторијата. Археолошките истражувања потврдуваат дека овој простор бил населен многу пред изградбата на средновековното и подоцнежното утврдување. Според археолошките наоди, на подрачјето на Скопското Кале постоела праисториска населба, чии почетоци се […]

МАНАСТИР „СВЕТА ПРЕЧИСТА“ – КРНИНСКИ МАНАСТИР, ДУХОВЕН БИСЕР НА КИЧЕВСКО

Манастирот „Света Пречиста“, познат во народот и како Крнински манастир, се наоѓа на падините на планината Врвои, на надморска височина од околу 920 метри, на приближно 12 километри од Кичево. Сместен во прекрасна природна околина, опкружен со планински шуми и чист воздух, манастирот претставува еден од значајните духовни, културни и историски споменици на Кичевскиот крај […]

Неолитска култура на Централниот Балкан и на Егејот

Во Тесалија, под името Сескло или прото-сескло, културата по локалитетот покрај Volos, потоа уште Pirosasos, па Ahilon, Agrissa, Otzaki, Sufli и Tsani култури. Следат културите: Elatia во Фокида, Heronea во Беотија, Nea Makri во Атика, Корин, Спарта и Лерна на Пелопонез, Knos и Kato лерапетра на Крит, Amorgos, Lemnos итн. на егејските острови. Археолошките наоди […]

Асеманово евангелие е средновековен македонски книжевен споменик

На фотографијата се гледаат два столба со глаголски текст и големи црвени иницијали. Страницата е дело на калиграфот Георги Гоце Дуртаноски, кој со својот препис го доближува до денешниот читател изгледот на еден од најстарите зачувани словенски ракописи – Асемановото евангелие. Глаголски ракопис од X–XI век Асемановото евангелие е напишано на старословенски јазик со обла […]

„Св. Преображение“ во Зрзе – од пештерните испосници до средновековниот иконопис

На врвот на бигорната карпа западно од прилепското село Зрзе се издига манастирската црква „Св. Преображение“. Под неа, по падините на карпата, се зачувани остатоци од монашка населба чии почетоци археолозите ги датираат кон крајот на IX век. Кога во XIV век била подигната црквата на горното плато, во пештерите под неа веќе со векови […]

Ангелот од Курбиново и загатката за непознатиот ктитор

Опис од приложената фотографија: Западната фасада на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново, Преспа. На падините над Преспанското Езеро, кај селото Курбиново, стои еднокорабната црква „Свети Ѓорѓи“. Зад нејзината едноставна камена фасада е зачуван еден од највпечатливите фрескоживописи од крајот на XII век. Меѓу насликаните ликови, погледот најдолго се задржува на архангелот Гаврил. Наборите на неговата […]

Манастирот „Св. Рожденство на Пресвета Богородица“ во Согле

На околу три километри од селото Согле, во шумскиот предел на Азот, се наоѓа манастирот „Св. Рождество на Пресвета Богородица“. Комплексот е на територијата на Општина Чашка, на околу 30 километри југозападно од Велес. Од селото до манастирот води земјен пат. Манастир изграден со помош на околните села За почетоците на манастирот има малку пишани […]

To top