Култура и туризам

„Во очекување на Нобеловата награда“ – нов роман на Душко Родев

dusko-rodev

Во издание на „Македонска реч“

dusko-rodevДруштвото за издавачка дејност „Македонска реч“ од Скопје неодамна го објави романот „Во очекување на Нобеловата награда“ од македонскиот писател Душко Родев.

Најновиот роман на Родев се надоврзува на неговите претходни романи „Разговори со Дојрански“ и „Светлата иднина почнува утре, најдоцна задутре“. Ја продолжува приказната на главниот лик Дојрански. И во овој роман се претставува како раскажувач на човекови судбини, на приказни исполнети со иронија, апсурди, етички деформации, неправди, неисполнети надежи и со тага за празнините во животот…

Во поговорот, Благоја Иванов за романот, меѓу другото, пишува:

„Времето во кое се случуваат настаните во книгава е тешкиот и темниот период на судирот на Југославија со земјите на Информбирото. Иако навидум младите ги интересира пред сè нивниот личен живот, во кој е силно присутен копнежот по љубов, во нивната секојдневност навлегуваат и прашањата од актуелната политичка ситуација.

Душко Родев со овој роман и натаму се потврдува како автор кого го интересираат особено изразито етичките прашања. Во случајов, … со лирски интонации кои се менуваат со мачни состојби, со хумор кој поминува во иронија, со залет кон `небото` и болно паѓање прудолу, со илузии кои прскаат како нетрајни сапунови меурчиња – доаѓаме и до нашата современост во која грдите пројави од минатото се покажуваат одново…“

Душко Родев (1932, Скопје), романсиер, раскажувач, драмски писател и сценарист. По образование е филолог – романист, работел како новинар, слободен репортер, дописник, но и како уредник во издаваштво.

Родев е автор кој беше премолчуван и забрануван во времето на социјализмот. Не бил омилен кај власта во комунистичкиот период и некои дела не му биле прифаќани за објавување. Неговиот роман „Разговори со Дојрански“ беше објавен на македонски јазик две години откако беше објавен на српски јазик. Наградуван е на анонимни конкурси за расказ. За романот „Човекот што ги сакаше калинките“ (2010) ја доби наградата „Роман на годината“ на Утрински весник. Тој е раскажувач на човекови судбини, на приказни исполнети со иронија и апсурди.

Негови објавени книги се:

Романите: „Беспатици“ (1963), „Враќање кон црвената земја“ (1969), „Еребици во каменестиот пејзаж“ (1974), „Разговори со Дојрански“ (1983 – на српски, 1985 – на македонски јазик), „Светлата иднина почнува утре, најдоцна задутре“ (1988), „Цветот на дивата роза“ (2005), „Човекот што ги сакаше калинките“ (2010, 2012 – Роман на годината за 2010), „Во очекување на Нобеловата награда“ (2014).

Книгите раскази: „Зелена боја по дождот“ (1977), „На снегот, со Олја“ (1981), „Косови, зиме“ (1998),

Драмите: „Здраво седма сило“ и „Првиот ешалон“ (1991).

Сценарист на ТВ-филмот „Дивеч за отстрел“ (1992).

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top