Култура и туризам

Духовни светилишта: „Света Пречиста Богородица“ – Кичевско – Центар на духовноста

bog-precista1

bog-precista1

Секоја година на 21 септември по новиот  календар, (  7 септември по стар календар), манастирот   “Св.Пречиста Богородица” – Кичевско, меѓу народот позната како Мала Богородица  масовно е посетена  од верниците, не само од кичевскиот регион, туку од целата држава и пошироко. На овој празник  доаѓаат да го одбележат раѓањето на Мајката Божја и патрониот празник на манастирот. Со столетија, народот не престанал да  доаѓа во овој прекрасен манастир, да се помолат  на Бога за здравје, бериќет и да минат пријатни мигови во неговата прекрасна околина.

За да се пристигне во овој манастирски комплекс, треба да се минат десеттина километри југоисточно од Кичево. Ако се вози по западната магистрала Кичево – Охрид, во непосредна близина на селото Другово, на првата раскрсница треба да се сврти лево и  возењето се продолжува во насоката  за Битола. Откако ќе се минат 2-3 км, има патоказ кој потсетува дека треба да се заврти лево и патеката води кон манастирот.  Патот води низ серпентини,  од двете страни се наоѓа  дабова шума која го прекрива патот и се минува низ тунел создаден од лисја. Пред да се влезе во манстирот, од пред неколку години, изградена е огромна дрвена манастирска порта.

Манастирот Пречиста изграден е во 1316 година,  на планината Црцан, на надморска височина од 920 метри.

Според легендата, која се пренесува од колено на колено,, манастирот бил изграден на местото, каде од урнатиот манастир “св.Ѓорѓија”од кичевското село Кнежино, долетела литинската икона на која на едната страна бил ликот на Мајката Божја, а на другата ликот на нашиот Спасител, Исус Христос. Во летописот на манастирот стои дека во 1558 година, османлиите го запалиле ова дрвено македонско духовно светилиште и целосно изгорел.Но, Христијанското население на овој крај, не стоел со скрстени раце и во тие тешки политички и економски времиња, смогнале сили и на темелите на изгорениот манастир, во 1564 година успеале да го обноват манастирот и да продолжи духовноста. Но, по кратко време повторно бил запален и новоизградениот манастир. Во 1848 година со доброволни прилози и работа, повторноверниците повторно успеалеа да го изградат  храмот кој е посветен на Рождеството  на Мајката Божја и опстојува до денешни дни.

Живописувањето на манастирската црква го извршиле истакнати фреско сликари од повеќе региони на етничка Македонија. Познатиот македонски фреско-сликар Дичо Зограф од мијачкото село Тресонче ги насликал златните иконостасн и икони и свој белег ставил на резбаниот владички трон. Најголемиот број од иконите ги насликал во периодот меѓу 1848 – 1865 година. Неговото дело го продолжил неговиот наследник Аврам Дичов, кој ги завршил фрескосживописот на куполата и наосот. Иконостасот  го изработил Дојчин Зулфа од с. Лазарополе. За одбележување е и тоа што во манастирот се наоѓаат и врдни книги , како што се Четвороевангелие од 14 век и Псалтирот од 15 век.

Манастирот  “св.Пречиста Богородица” , кој е познат и како Крински манастир, што ги добил по селото Крин, кое се наоѓало во негова непосредна близина, бил центар на духовноста во западниот дел на Македонија. Во него престојувале и духовно се изградувале македонските преродбеници Јоаким Крчовски, Кирил Пејчиновиќ, Партеније Зографски и други.

На влезот на манастирската црква е поставена мермерна плоч, како спомен и потсетување на посетителите дека во манастирот на ден Благовестие во 1924 година бил замонашен г.г. Доситеј, првиот поглавар на возобновената  Охридска архиепископија олицотворена  во лицето на Македонската православна црква/

Во манастирската црква  има извор на света – лековита вода која е посетувана  од голем број граѓани, без разлика на нивнаа верска припадност, каде бараат спас за својата болест и молење за да им се исполнат желбите.Голем б рој на лица  од лековитата водане само што им се исполниле желбите, туку и се излекувале од болестите.

Оваа црква е поделена на два дела.Едниот е христијански храм, а вториот е муслимански сакрален простор, каде припадниците на исламската вероисповед ги реализираат своите религиозни потреби.

Во сопственост  на манастирот се наоѓаат големи површини на ливади, овоштарник, има добиток – овци, кози, крави и сл. Жителите од околните селски населби, како и од Кичево, редовно доаѓаат и со доброволна работа ги извршуваат работите: косење и собирање на сеното, на овошјето и на други работи кои се неопходни за опстојување на манастирската економија.

ТРАДИЦИИ

На денот на Рождеството  на Пресвета Богородица,, позната како Мала Богоровица  (21 септември), секоја година се одржуваат  големи црковни свеченоси, со што се  одбележува парониот празник на манастирот. При тоа, се врши и примопредавање на кумството. По некое непишано правило, кумството се  презема од семејство од Кичевско.Кумот  ќе ја извршува функцијата се  до наредната година. За овој период кумот , ги исполнува обврските кои ги носи ова почесно звање.

Кире Кипроски

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top