Култура и туризам

Усните преданија и народното творештво

Radiocka nosija detal3

ФОЛКЛОРНИТЕ ОБИЧАИ, УСНИТЕ ПРЕДАНИЈА И НАРОДНОТО ТВОРЕШТВО ПРИДОНЕЛЕ ЗА ЗАЧУВУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

Radiocka nosija detal3Историјата за Македонската сага е долга колку и името Македонија. Низ вековите таа етнички била угнетувана.

Традицијата била таа која како народ не одржувала и кој токму преку нејзе сме се осознавале. Можеби македонците во голем процент не биле формално образовани но, во нив македонскиот код  бил постојано активен и пренесувам од колено на колено за потеклото и својот идентитет.

Затоа можеме да потенцираме дека за Македонија е значајно усното творештво. Собирањето народни умотворби, а посебно усните преданија биле битен елемент кој сериозно се спротивставувал на изучувањето кое било прокламирано од страна на пропагандното образование.

Особено значајно во XIX век им се спротиставувало на власта на царигратската патријаршија и на употребата на грчкиот јазик во училиштата и црквите.

Всушност овие дејствија го будат националното движење во овој период.

Усната традиција прави сублимат на многу настани поврзани од античкиот период односно, тргнувајќи од митолошката претстава за Филип II и Александар III преку тоа како овој период го осознаваат словените.

Традицијата ни ги нуди елементите каде што јасно е изразено будењето на македонската нацонална мисла.

Поп Димитрија од кривопаланечкиот  период,  во 1848 запишува: за моето назначување, се заложи најмногу господин Михаиљ Македонски, затоа што сум роден Македонец и службата ја терам на Македонски. Од бога било пишано моето отчество Македонија да страда од Грците, па тие и денеска не им даваат мир, иако сите знаат дека Македонија била постара држава од нивното Кралство.

Постојат многу сведоштва од кои може да се забележи дека традицијата поврзана со македонското античко потекло не згаснала ниту во периодите кога биле најтешки за македонскиот народ.

Античките симболи се забележуваат и во македонските востанија, како на пример цвеното знаме укажува на античкомакедонски обичај како и огнениот и некрунисан лав.

На крај може да се заклучи дека Фолклорните обичаи, усните преданија и народното творештво се најверодостоен документ кој е пренесуван и одржуван низ вековите. Орото тешкото е сведок за голготата на Макдонците, реалистичен фолклорен приказ кој го отсликува животниот пат на Македонците низ времето. Одржувањето на традицијата е одржување на националното сведоштво за иднината.

Ние имаме богата историска традиција, свои обичаи, култура и јазик. Кои се наши. Кои се негуваат низ вековите. Нив ЕУ неможе да ги условува ниту НАТО да им стави вето. Тоа е нашата македонска традиција  која нас ни раскажува за минатото, а на нашите деца ќе им говори во иднина.

Весна Маневска

Најново од: Култура и туризам

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Македонскиот рубин – камен што го носи името на Македонија

Македонскиот рубин не е само скапоцен камен. Тој е природно богатство создавано во длабочините на македонската земја, минералошка реткост поврзана со прилепскиот крај и скапоценост што денес го носи името на Македонија во светот. Во белите мермери во околината на Прилеп природата оставила нешто навистина необично – кристали на корунд со розова, малинова и црвеникава […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

Промоција на „Раскинување на договорот“ во „Матица македонска“ – Сотирис Минас, Гркот кој ја побара вистината и ја засака Македонија

Во присуство на бројна публика, на 19 септември во книжарницата „Матица македонска“ во Скопје беше промовирана двојазичната поетска збирка „Раскинување на договорот“ на грчкиот поет и преведувач Сотирис Минас – автор кој нема македонско потекло, но сам го научил македонскиот јазик и преку своето творештво отворено проговори за Македонија, македонскиот јазик, идентитетот и правото на […]

Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор

Дали на Пеленица над Драчево навистина постоел манастир со необичното име „Свети Ерусалим“? Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор. Документите го потврдуваат името „Свети Ерусалим“, додека археолошките наоди сведочат дека Пеленица била значајно христијанско место уште во доцната антика. На само неколку километри над […]

To top