Култура и туризам

За писменоста, јазикот и културата на древните Македонци

drevni-makedonci

drevni-makedonciЛокалитетите близу до селото Осинчани, на околу 13,0 км воздушна линија јужно од центарот на Скопје, изобилуваат со исклучително специфична материјална култура, која сведочи за долг континуитет на живеење на овие МАКЕДОНСКИ ПРОСТОРИ. На локалитетот “Дабје” е регистрирана веројатно надгробна плоча (1,20 х 0,60х 0,10) со барелјефна композиција во вид на стилизирана еленска глава со нагласени очи и нос (Сл. 1) што по својот општ ликовен третман асоцира на мотивите од скулптурите на лепенсковирската уметност. На самиот врв на планината Црна Лома или Илина Гора, веднаш над селото Осинчани, се зачувани мегалитски структури во вид на ДОЛМЕНИ,кои формираат светилиште, т.е. првобитен организиран затворен простор, заграден од трите страни со карпи и покриен со поголема масивна карпа. Кон светилиштето води “патека” обложена со поголеми необработени камени блокови. drevni-makedonci-2Во непосредна близина на светилиштето се регистрирани повеќе натписи на карпи и камења со асоцирање на симболичка претстава на соѕвездијата “Скорпија”, “Вага”, “Змееносец”, “Овен”, “Риба”, “Крст” итн., а на поголема карпа со димензии 3,80 х 2,85 м има и изгравиран круг со дијаметар  1,35 м и екцентрично издлабена дупка со дијаметар околу 8 см во површината на кругот кои фактички заеднички формираат ПЛАНЕТАРЕН ЗНАК НА СОНЦЕТО. На јужната страна на Црна Лома или Илина Гора, на локалитетот “Присој”,се регистрирани уште две светилишта во вид на ДОЛМЕНИ, од кои едното со својата просторна организација го симболизира соѕвездието “Стрелец” и има елементи на нагласена КОСМОГРАФИЈА, т.е. просторна организација во вид на КОНЦЕНТРИЧНИ КРУГОВИ со ЦЕНТРАЛЕН КРУГ со дијаметар околу 3,50 м Во близина на СРЕДНОТО СВЕТИЛИШТЕ постои натрупан крш од црни карпи поради што и планината го добила името ЦРНА ЛОМА. Во непосредна близина на трите  светилишта (Горно, Средно и Долно) се регистрирани најмалку 27 надгробни камења и карпи со СОЛАРНА, АСТРОЛОШКА или КОСМОГРАФСКА СИМБОЛИКА и со НАТПИСИ напишани со ПИСМЕНИ ЗНАЦИ на праисториско МАКЕДОНСКО ФОНЕТСКО ПИСМО и на ДРЕВЕН МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК. Нивната содржина е разновидна, ПИСМОТО е релативно ДИСЦИПЛИНИРАНО, а ТЕКСТОВИТЕ се напишани главно ОДДЕСНО НАЛЕВО, ОДГОРЕ НАДОЛУ или КОМБИНИРАНО. Имајќи предвид дека ДОЛМЕНИТЕ во ЗАПАДНА ЕВРОПА се подигале меѓу III и II илјадолетие п. н. е., а првите МЕГАЛИТСКИ СПОМЕНИЦИ во Бугарија, т.е. оние во планината САКАР и Источните Родопи, бугарските научници ги поврзуваат со појавувањето на ТРАКИЈЦИТЕ (1.900 – 900 г. п. н. е.), та знаејќи дека таканаречената мезолитска и ранонеолитска култура на Лепенски Вир се датира со 7.000 – 5.500 г. п. н. е., тогаш добиваме една можна апсолутна хронологија за НАТПИСИТЕ од ОСИНЧАНИ од 7.000 до 1.000 г. п. н. е. Секое подетално датирање на натписите од Осинчани и на други елементи од материјалната култура ќе треба да резултира од соодветни научноиспитувачки работи, а тоа одделно се однесува за индикациите за постоење на предкерамички населби. Меѓутоа, со оглед на фактот што на локалитетот “Церје” близу до соседното село Говрлево се пронајдени НАТПИСИ и КОСМОГРАФИЈА НА КЕРАМИЧКИ ПЕЧАТ од 6.000 г. п. н. е. и на БРОНЗЕН ПЕЧАТ од 1.500 г. п. н. е. , тогаш се наметнува сознанието дека еден дел од натписите и космографијата од Осинчани потекнуваат од крајот на мезолитот и раниот неолит (7.000 – 6.000 г. п. н. е.) и тоа оние од помонументалните карпи и одделни споменици, додека надгробните споменици и одделните летописи каде што се споменуваат ТРАКИЈЦИТЕ, вклучувајќи и некои од МЕГАЛИТСКИТЕ СТРУКТУРИ, веројатно потекнуваат од 1.900 до 900 г. п. н. е., доколку неопходните испитувања со С 14 не покажат некои поинакви резултати.

Меѓу постарите натписи од Осинчани спаѓа и ПРЕДВЕДСКИОТ НАДГРОБЕН СПОМЕНИК (Сл. 4) изведен од камен со неправилна форма и приближен габарит 2,0 х 1,20 м, со одделно денивелирани површини и јасна КОСМОГОНСКА, КОСМОНОМСКА и МИТОЛОШКА СЕМАНТИКА со ПРЕДВЕТСКА ПРЕТСТАВА на тројството на нивоата на ВЕДСКИОТ ПАНТЕОН (Небески, Земски и Подземни богови), каде што на одделно оформена партерна композиција и добро изделкана коса површина е издлабен следниов паисториски МАКЕДОНСКИ ТЕКСТ:

drevni-makedonci-3

кој, декодиран оддесно налево и соодветно транскрибиран со писмени знаци на современата македонска азбука, гласи “КРЕШТ СЕ СИ У ЛТ СЛ С ИЉУ”, а во превод на современ македонски јазик ќе рече “КРЕСКАЈ СЕ СИ ВО ЛЕТ САЛ СО ИЉУ”, односно “КРЕСКАЈ СЕ СИ ВО ЛЕТ САМО СО СОНЦЕТО” што секако ги има и следниве можни конотации: “КРЕСКАЈ СЕ! СИ ВО ЛЕТ САМО СО СОНЦЕТО” и “КРЕСКАЈ СЕ, СИ ВОЛЕТ САМО СО СОНЦЕТО”!.

Како аргументи во прилог на нашето тврдење дека постоела праисториска популација на Балканот и Подунавските земји, која денес може да се идентификува со современиот поим “ПРАСЛОВЕНСКА”, треба да се земат предвид и таканаречените ПРАИСТОРИСКИ ПЕЧАТИ. Досега од страна на унгарскиот академик Јанос Макај се прибрани, систематизирани и објавени 311 праисториски КЕРАМИЧКИ И ГЛИНЕНИ ПЕЧАТИ од Алпите до Урал и од Унгарија доПелопонез на кои главно е регистрирана СИМБОЛИКА СО ВЕДСКА МИТОЛОГИЈА и која одговара на КУЛТУРАТА на КУЛТОТ НА СОНЦЕТО и КОСМОСОТ, на некои печати има лигатури на “АУМ” или натписи со знаци на таканаречено ТАЈНО МАКЕДОСКО ПИСМО, а некои КЕРАМИЧКИ ПЕЧАТИ имаат ПРАИСТОРИСКИ ТЕКСТОВИ напишани со ДРЕВНА МАКЕДОНСКА АЗБУКА и на ДРЕВЕН МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК.

ВАСИЛ ИЉОВ
Археолошки локалитети блиску до селото Осинчани-Скопје

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top