Култура и туризам

Лешочкиот Фолк Фест 2014 подготвен да започне

Lesocki festival

Lesocki festival

Музичката традиција продолжува.

Реномираниот фестивал на новосоздадена македонска народна песна Лешочкиот Фолк Фест и оваа година со ново издание за љубителите на македонскиот фолк мелос.

На 27 август, среда, со почеток од 20.30 часот, многуилјадната публика во манастирскиот комплекс Св. Атанасиј и Пресвета Богородица во Лешок, местото каде секоја година се одржува фестивалот, ќе чуе 22 нови рефрени создадени од најеминентните македонски композитори, текстописци и аранжери и испеани од најзвучните фолк имиња на естрадната сцена.

Сузана Спасовска придружувана од Зоран Џорлев со песна ќе го овековечи „Непроштено„ додека доајенот на македонската песна Виолета Томовска ќе го донесе „Светот на младите„. Наум Петрески ќе ја опее „Бела Анѓа“, а Мишко Талески во препознатливиот родољубив дух ќе пее за апостолите во темата „Загрме од планините“. Нино Величковски ќе побара „Прошка“ Ристо Краповски ќе запее „Дај Боже да остариме“, а темпераментниот Јордан Митев ќе порача „Дајте да се пие“.

Меѓу годинашните учесници се и Круме Спасовски, Спасен Силјаноски, Душко Георгиевски, Ванчо Тарабунов, Билјана и Орхидеја Бенд, Љупчо Ѓоргиев, Мирко Вретоски, Микле Симовски, Методи Богданов, Бобан Велјаноски, Вики и Прогресив Бенд, дуетот Марија Петковска и Александар Цветковски, Игор Бежановски, Мирослав Мирчески – Мики и групата Виртус.

Постхумно признание годинава ќе му биде доделено на Војо Стојаноски, кој неколкупати со своето учество ја збогати фестивалската сцена.

Лешочкиот Фолк Фест континуирано има поддршка од Македонската православна црква – Охридска Архиепископија (Тетовско-гостиварска епархија) и Министерството за култура на Република Македонија. Фестивалот ќе биде снимен од Алфа ТВ и одложно емитуван на нејзината програма, како и од австралиската ИН телевизија.

Директори на фестивалот се Сузана Спасовска и Борче Брзанов.

Истовремено, Ве покануваме да присуствувате на Лешочкиот Фолк Фест 2014 и заедно да уживаме во новите македонски новосоздадени песни.

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top