Култура и туризам

Евангелие со потпис на богомил – единствено во светот

evangelie-1

evangelie-1„Го изложивме најстариот ракопис, фрагмент од 13 век на пергамент, како и она што денес е најретко видено во светот, а тоа е богомилското евангелие. Претставени се и други ретки ракописи, како едно единствено илуминирано со минијатури. Тоа е Бенчевското евангелие со минијатури на евангелистите“, вели д-р Михајло Георгиевски, специјалист за средновековна христијанска литература

Словенските ракописи од Македонија од 13 до 19 век, кои деновиве се изложени и во Националната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје, а беа претставени и во ватиканските музеи и во Белгија, со својата старост, но и содржина и уникатност привлекуваат големо внимание и кај домашната јавност, но и кај странците. Според д-р Михајло Георгиевски, специјалист за средновековна христијанска литература, кој направи избор на изложените ракописи, од кои најголем дел се во сопственост на НУБ, токму нивната старост, содржина, илуминација и сочуваност беа критериум за нивно издвојување од останатите со кои располага Македонија.

„Го изложивме најстариот ракопис, фрагмент од 13 век на пергамент, како и она што денес е најретко видено во светот, а тоа е богомилското евангелие од крајот на 13 и почеток на 14 век. Овој ракопис е единствена книга во светот каде што писателот се потпишал како богомил. Тој кажува дека изборот на патријарсите се врши со поткуп, а тоа покажува дека припаѓал на богомилското движење во Македонија и за тоа оставил единствен документ во светот. Претставени се и други ретки ракописи, како едно единствено во Македонија илуминирано со минијатури. Тоа е Бенчевското евангелие со минијатури на евангелистите. Тие минијатури се врвни уметнички остварувања како Рембрант, што покажува дека уметноста не само во пишувањето, туку и во илуминирањето е на високо ниво“, истакнува Георгиевски. Тој посочува дека сите тие ракописи се добро конзервирани и заштитени и претставуваат богатство не само на Македонија, туку и на светот.

evangelie-2Тоа е цивилизациско остварување и со нив се гордееме како со врвни книжевни дела. Интерес покажаа сите генерации и во Брисел и во Ватикан, бидејќи не знаеја дека во Македонија, која е оспорувана, има илјадагодишна пишана традиција со врвни дела. Претставена е и една книга напишана од прилепски учител кој кажува: „Јас од град Прилеп, Македонија, 1824 година… и тоа во време кога се оспорува нашиот идентитет и култура. Тоа се документи за нашето постоење, опстојување и име“, додава д-р Георгиевски. Тој посочува дека ракописите се претежно со теолошка содржина, освен еден лекарственик кој покажува како луѓето се лечеле во средниот век и еден писмовник за тоа како се пишувале писма. Останатите се евангелија, псалтири минеји, литургиски зборници што ја покажува високата писменост и култура во Македонија во средниот век. (Д.Т.)

Дигитализација на книжевното добро
„Дел од збирките во нашата институција се прогласени за национално добро кое треба, меѓу другото, да биде и дигитализирано. Дел од овие старословенски ракописи, како и дел од ориенталната збирка, ретките книги… веќе се дигитализирани и поставени на веб-страницата на НУБ, но нивната бројка засега се` уште е мала. Токму заради нивната чувствителност ја почнавме нивната дигитализација, за да ги зачуваме оригиналите, а на јавноста да и` овозможиме пристап до дигиталните форми. Сето тоа го правиме според меѓународните стандарди кои ги имаме усвоено и кои ги применуваме, па нашата јавност може да очекува во скоро време да бидат достапни во дигитална форма“, вели Жаклина Ѓалевска, раководител на Секторот за дигитализација во НУБ.

Чување во услови според светски стандарди
Од НУБ потенцираат дека ракописите се чуваат во услови според сите светски стандарди.
„Првата фаза од заштитата е непосредната заштита, поточно конзервација и реставрација. Во нашата институција од 1970 година постои лабораторија која работи на заштита на овие материјали, а се заштитуваат ракописи на хартија и на пергамент од целата држава, од сите институции кои поседуваат вакво книжно наследство. Тие во НУБ се чуваат во посебни депоа, со степен на безбедност според сите стандарди, а и при нивното изложување имаме запазено амбиентални услови, температура, влажност и светлина кои се неопходни за ваков вид материјали. Истиот случај е и во депоата каде што се чуваат“, вели м-р Зорица Јаковлевска – Спировска, раководител на Одделот за заштита.

media.mk

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top