Култура и туризам

Легенда за името на Белица – Александар Македонски и Бела Ица

bela ica i aleksandar makedonski

bela ica i aleksandar makedonski

Момчиња храбри, мудри и умни доаѓаа дури и од најоддалечените места на Македонија, со надеж да се сретнат со Бела Ица, да ја посакаат и да ја земат за свој животен сопатник. Но за жал како доаѓаа, така се враќаа со тага и бол по убавицата – самовила. Некои ја имале таа среќа барем да ја видат оддалеку и со тоа да бидат задоволни и среќни. И со длабок занес да зборуваат за таа магична средба.

Бела Ица не беше прикажана само со својата убавина, туку и со нејзината храброст, мудрост и снаодливост. Ретко излегуваше од нивниот имот, а уште поретко се мешаше сред народот. Имаше чудесни желби и копнежи, поинакви од другите, сакаше да шета само по планината, да ги совладува височините и карпите, да трча по падините. Најголема желба имала да јава на нивниот бел коњ. Кога ќе загосподареше ваков копнеж во нејзината душа, се облекуваше во машки алишта, носеше сабја и како комита на белиот коњ јуришаше по планината. И птиците пееја за нејзината убавина, бистрина и храброст.

Еден убав сончев ден Бела Ица се облече во сопствената најубава облека, долго време ја дотеруваше нејзината кадрава, долга коса, која се спушташе по нејзината витка снага и беше вистинска богиња – убавица. Понесена со чудесен занес со бардињата в раце се спушти по каменливиот рид кај изворот. Само што го наполни првото барде, кај изворот пристигна коњаница од царски луѓе. Бела Ица најпрво се збуни, но набрзо се смири и го наполни и другото барде. Царските луѓе изморени и испотени седнаа по карпите околу неа. Кога се исправи ги стаписа со нејзината убавина. Веднаш го препозна нивниот водач кој од другите се разликуваше по облеката и убавината. Сосема смирено како газела му пријде со сребрен насмев по нејзиното румено лице: Вие сте уморени и жедни. Напијте се непознат делијо! Сите онемеа и збунето гледаа кон планинската убавица.

Ви благодарам храбра и мудра девојко! Јас сум вашиот цар! Александар Македонски! дополни возбудената Бела Ица. Да ви се многу години честити цару!

Да си ми жива божице на убавината. Ти си дарувана за мојот царски двор, да бидеш моја или да избереш еден од моите дворјани. Ти не си за да живееш во овие планини.

– Јас сум среќна што сум родена во овие предели. И вечно би останала овде, но ако е ваша царска желба да живеам во вашиот двор, јас би се покорила на вашата заповед, честити цару! Се поклони и му ја бакна десната рака. – Вашата желба треба да ја слушне татко ми. Тој никогаш не е против моите желби.

– Во право си мудрице-девојко убавице. Ќе дојдам дома со моите најблиски. Но за тоа треба да помине малку време, јас сум тргнат на далечен пат. А кога ќе се вратам, ќе ја позлатам твојата рака, ќе те земам во дворот за мене или за друг дворјанин. Сакам да си секогаш во моја близина.

– Како ќе посакате честити цару, нека биде по ваша милост, јас сум млада, имам време за чекање.

– Моите зборови се закон за мене и не ги повлекувам. Тоа што го ветив ќе го исполнам. По овие зборови, царот Александар Македонски се поздрави со Бела Ица и со својата дружина јурнаа по патот.

Бела Ица ги зеде бардињата, полета по ридот, се искачи на карпите од каде долго гледаше во царските луѓе, кои брзаа со своите коњи по патот кој се извиваше крај реката.

За оваа средба Бела Ица и кажа само на мајка и и на никој друг. Легнуваше и стануваше со спомените од таа средба, веруваше на царските зборови, затоа одби стотини младинци кои ја бараа за невеста. И Бела Ица стрпливо чекаше. Настанот постепено се бришеше од нејзиното лице, имаше лошо претчувство и една вечер во длабоката ноќ почука некој странец на вратите. Тоа беше царски човек кој и даде злато на Бела ица. И го соопшти најтрагичното дека царот Александар македонски починал во далечините, но испратил порака за Бела ица, пари и понуда да оди во царскиот двор. Таа се ожалости, не сакаше ни едно, ни друго. Посака само да остане во родниот крај. Царскиот човек и ги остави парите и замина.

Следуваа долги и непреспани ноќи за Бела Ица. Еден ден одлучи со парите на местото од каде што го гледаше саканиот цар да подигне црква на карпите и височината од каде се открива патот и црквата да ја посвети на Александар Македонски. Тоа и го сторила. Од останатите пари Бела Ица им подигна куќи на тие што ја граделе црквата. Така почнало да се оснива селото. Селаните во нејзина чест по нејзината смрт ова село го именувале со нејзиното име Бела Ица, а подоцна од тоа Белица.

Црквата Александрија многу настрадала за време на турската наезда, но повторно била обновена, но за жал од разбојници пак разрушена и ограбена. И денес постои на истото место црквиче кое го носи името Александрија и секоја година во него се слави славата Александрија на 26 мај. Оваа слава е летна слава за целото село.

Ова предание и денес беличани го чуваат како скап завет и го пренесуваат од колено на колено.

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top